Ај добро, можеда ти повеќе знаеш како било порано. Што да ти кажам....
Да дообјаснам, пошто имам 5 минути слободно време.
Просечните плати, корегирани за инфлационата стапка во периодот што сакаш да го прикажеш, не го пратат истиот тек како вредноста на валутите, во поголем дел од европските земји, поготово во земјата во која што живеам јас. Така да мојата дневница не купува исто што купувала пред 20 години (а мојот работен стаж е тука некаде, 20-тина +- некоја година). Пред 20 години со мојата плата полесно се купуваше нов хеч, отколку сега.
Ти може да редиш графици на инфлација, ама здравје, ќе натепаш барем пола од моето искуство, па ќе видиш дека инфлационата стапка на валутите е само еден микронски показател за вредностите во различни времиња.
Статистиката за среќа не познава субјективни искуства туку се темели на факти. Тоа што ти лично пред 20 години си можел полесно да купиш хеч е еден пример додека фактите го кажуваат спротивното, односно дека за помалце пари денеска се добива повеќе технологија. Некој што е во ИТ си зима и 2.000 евра во Скопје па супер му е нели? Да не заборавиме на фактот дека бројот на автомобили сега и пред 20 години е драматично различен дури и во држава како Македонија така да повторно твоето искуство со ништо неможе да се поткрепи, односно останува само еден мал пример. Куповната моќ е далеку поголема сега од порано.
Татко ми е (бивши) професор по математика, на економски факултет. Предавал Математика II за економисти пред доста години, има дел од својата едукација поминато и во Америка. Приличноно здраворазумен човек и во негови касни години. Он одамна ми има кажано „статистика ти е најлажлив дел од математиката“. Уствари, неговите зборови кажуваат дека статистиката служи за прикажување на податоците- секако точни - онака како што сакаме да ги видат другите луѓе.
Нејсе. Лонг стори шорт: Со статистика може да прикажеме што сакаме - како сакаме. GDP растот во мојата земја е далеку зад европските просеци, а секако и мојата (просечна) куповна моќ е во согласност со тој тренд. Ако погледнеш статистики, кога се повикуваш на нив, ќе видиш дека и GDP per capita во Бугарија и Романија (и некои други земји од EU), како и останатите европски земји кои не се во EU, не можат да го прататат инфлацискиот тренд на вредноста на евро валутата.
Преведено во прости зборови, мојата плата вредела доста повеќе пред 20 години отколку сега. Во уште попрости зборови, да се навратиме на темата: Автоматска клима е поскапа од мануелна клима, а не е дека врши повеќе работа, и јас не можам да ја платам. Затоа не гледам причина, да ми нудат исклучиво автоматска клима, наместо мануелна која можеби би можел да си ја дозволам.