Мислам дека темава е соодветно место и ги тангира оние кои се со намера да купат ново возило , па да прашам

Дали има некој конкретна информација колку ќе изнесува данокот на возила кој е планиран да стапи на сила од Ноември 2019 година ?
Го читав предлог законот , и освен објаснување која ќе биде основицата за оданочување и по кој критериум ќе се оданочува , нема никакви конкретни бројки во смисол колку проценти ќе изнесува истиот .
Ова ме интересира затоа што деновиве сум по салоните за коли и барам ново возило , но во неколку од нив ми рекоа дека не можат да ја гарантираат цената која што е моментално , затоа што најверојатно ќе се поскапат возилата со стапување во сила на овој закон . Нормално ова не важи за возила од лагер туку за возила кои сега би се нарачале и би ристигнале после 01.11.2019 .
Исто така , со стапување во сила на овој закон , се укинуваат акцизите кои се плаќаа при увоз на возилата , па баш ме интересира колку тоа ќе биде овој данок повисок во однос на акицизите , штом импортерите очекуваат поскапување на возилата.
Мое мислење , вака на прва , е дека ова е луда работа , и тотално дестимулирачка мерка за купување на нови возила

Поздрав