Автор Тема: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...  (Прочитано 769167 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1784
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5085 на: 10 Октомври 2025, 17:26:58 pm »
Кај видовте 4.9% камата за корола? Колку што пишува, 4.9% важи само за рав4

Не знам, јас се водев спрема тоа што пишуваше во постов  ;D 7% и не е некоја баш добра понуда, на потрошувачки кредит ќе добиеш бар 6% ако не и помалку (НЛБ гледам даваат 6%, Халк од 5.4 до 5.8).

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 336
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5086 на: 11 Октомври 2025, 05:23:42 am »
Мислам дека кола шом излези од салон одма губи 10-15% вредност, така да на банка им се плаќа почетна цена со учеството.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1886
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5087 на: 11 Октомври 2025, 07:43:29 am »
Мислам дека кола шом излези од салон одма губи 10-15% вредност, така да на банка им се плаќа почетна цена со учеството.

Освен ако не е купена периодот 2021 до 2023, тие се поскапи од нови заради инфлацијата и немањето чипови.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5088 на: 15 Октомври 2025, 10:42:15 am »
Имам на лагер слободна Оctavia Selection 1.5 TSI DSG e-TEC, ако некој има заинтересирано за вакво возило би можел да му пратам понуда.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5089 на: 15 Октомври 2025, 23:32:59 pm »
Имам на лагер слободна Оctavia Selection 1.5 TSI DSG e-TEC, ако некој има заинтересирано за вакво возило би можел да му пратам понуда.
Доколку сеуште е достапна те молам прати ми понуда.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
  • Слобода или смрт
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5090 на: 16 Октомври 2025, 21:32:02 pm »
Ќе му се ценкаш во денари за попуст, да не можат да те заебат.  :D
Нема што да се ценкаш, како можеш да рачунаш нешто што нема никаква допирна точка?! На која основа сакаш во денари, од кај го вадиш 62? Зошто не и по 55 тогаш, нели, па да се најдеме на пола пат? Ако идеме така, за 20 години никад евро не било 62. Кога се купува или продаваш по среден курс на народна , се купува на тој ден, утврден среден курс на евро во денари по Народна банка. Крај, нема што да се измислува топла вода.

Зошто да ми земеш 150 евра плус? Ама тоа е на возило од 25 илјади евра, рачунај на 50, дупло така. Значи, што е мое – мое, што е твое – твое, нема драми. Како така 62, кога утре можеш да бараш 65 да менува? :DЈас кога продавав продавам по курс кој е денешен а не ми текнало 62 глупости не давам пари за глупост и тоа е тоа или пак кажи му кога продаваш стан или авто пример на купец денеска по 62 ке го рачунаме како така? на која основа рачунаш нели евро е тоа  на тој ден крај бато него кој е глуп ке му ги зимат и тие плус пари .Ситнице су битне кроз живот бато... отварајте очи рачунајте на ден кој и колку е тогаш евро/денар


Е да се манете со тоа абе даваш 25илајди евра сеа ајде нек си јебе мајка,НЕ давам поштено пари не најдени на улица и се ке биде како што треба како што е.Мое не давам твое не го сакам ако пробаш да ме правиш ретард нема ништо да купам крај на приказна.


Добар ден, добар ден, колку пари е возилото? Возилото е 25.000 евра. Добро, ми одговара цената. Мора возилото да го платите во денари. Ajде да видиме колку е денешен курс е 61,7, значи 25.000 × 61,7 по курсот на евро/денарот, толку треба да ви префрлам на сметка. Сè е во ред, сè е во ред, пријатно.

Парите ги имате. Ако ти каже 62, ќе рачунаме зошто? На која основа рачунаш? Па не е 62! Дај ми еден релевантен документ. Евро денеска го купувам по курсот, тоа е курсот. Или почекајте да биде 62 па продадете го тогаш возилото.Толку нема драма!Пиено платено

https://www.facebook.com/share/r/16FHqjquur/

Отсутен VeryPoorLooser

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5091 на: 17 Октомври 2025, 14:43:32 pm »
Која е логиката на Дациа Македонија да продаваат Сандеро за 17000Еур, а во Германија е 12500, да продаваат Сандеро Степвеј 19000Еур, а во Германија и Србија е 15000Еур и Дациа Дастер 22000Еур, а во Германија и Србија е 18000Еур?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1784
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5092 на: 17 Октомври 2025, 15:08:11 pm »
Која е логиката на Дациа Македонија да продаваат Сандеро за 17000Еур, а во Германија е 12500, да продаваат Сандеро Степвеј 19000Еур, а во Германија и Србија е 15000Еур и Дациа Дастер 22000Еур, а во Германија и Србија е 18000Еур?

Правен е муабетов на темава неколку пати.

Царина + данок на моторни возила + данок на додадена вредност што заедно изнесува прилично повеќе отколку во Германија и во Србија. Земи ја цената во Германија (12500), извади ги 19те % ДДВ, нова цена 10500, додај 500-800 евра транспорт на камион до Мк на тоа и на новата цена пресметај увозни давачки, ќе те фати 15-16000. Остатокот е трошок за услугата што ти ја наплаќа дилерот + профитна маржа за локалниот дилер, од која дел можда можеш да се исценкаш за попуст.

Да се исплатеше нешто многу, сите ќе одеа во Германија, ќе си нарачаа таму ново возило и ќе си го донесеа тука. Ама разликата на крај е минимална, а може и поскапо ќе биде зошто треба да леташ до таму, да спиеш таму, да организираш транспорт за колата за назад итн итн

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11073
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5093 на: 17 Октомври 2025, 15:13:18 pm »
Која е логиката на Дациа Македонија да продаваат Сандеро за 17000Еур, а во Германија е 12500, да продаваат Сандеро Степвеј 19000Еур, а во Германија и Србија е 15000Еур и Дациа Дастер 22000Еур, а во Германија и Србија е 18000Еур?

логика нема да најдеш, може со математика да пробаш

прво во странство не ги заокружувај пониските, а кај нас повисоките цени
* тоа Сандеро од 65кс не се нуди кај нас, Дастер со плин во странство почнува од 18.990 (не 18), а кај нас е 21.500 (не 22) итн.

второ, давачките во секоја земја се различни
- Царина 5 % од вредноста на возилото (фактура + транспорт + осигурување). Ако возилото е увезено од ЕУ, Турција или земји со трговски договор, царината е 0 %.

- ДДВ (Данок на додадена вредност) 18 %. Се пресметува на вкупната вредност (возило + царина + транспорт + осигурување).

- Данок на моторни возила (DMV). Го пресметува Царинската управа. Зависи од:
     * Вредноста на возилото (ad valorem дел)
     * Емисијата на CO₂ (специфична компонента)
        customs.gov.mk

- Хомологација (техничка усогласеност)

- Трошоци за транспорт и осигурување до граница.

трето, мал пазар сме и не може да се споредуваме со земји кои продаваат неколкукратно повеќе возила од нас

ова грубо, без да го тенчиме многу :)


Отсутен VeryPoorLooser

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5094 на: 17 Октомври 2025, 15:19:03 pm »

Правен е муабетов на темава неколку пати.

Царина + данок на моторни возила + данок на додадена вредност што заедно изнесува прилично повеќе отколку во Германија и во Србија. Земи ја цената во Германија (12500), извади ги 19те % ДДВ, нова цена 10500, додај 500-800 евра транспорт на камион до Мк на тоа и на новата цена пресметај увозни давачки, ќе те фати 15-16000. Остатокот е трошок за услугата што ти ја наплаќа дилерот + профитна маржа за локалниот дилер, од која дел можда можеш да се исценкаш за попуст.

Да се исплатеше нешто многу, сите ќе одеа во Германија, ќе си нарачаа таму ново возило и ќе си го донесеа тука. Ама разликата на крај е минимална, а може и поскапо ќе биде зошто треба да леташ до таму, да спиеш таму, да организираш транспорт за колата за назад итн итн

Само Дачија и Рено  имаат ваква аномалија. Кај сите други цената е плус/минус 500Евра за тие што ги проверував. Или имаме многу повеќе пари од Германците или Рено не мисли за глупи.
« Последно менување: 17 Октомври 2025, 16:29:53 pm zeroSignal »

Отсутен VeryPoorLooser

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5095 на: 17 Октомври 2025, 15:35:01 pm »

прво во странство не ги заокружувај пониските, а кај нас повисоките цени
* тоа Сандеро од 65кс не се нуди кај нас, Дастер со плин во странство почнува од 18.990 (не 18), а кај нас е 21.500 (не 22) итн.

Не приметив дека Сандерото во Германија е 65КС, како и да е, 5000Евра разлика во цена е премногу. Разлика на цената на Дастер во Македонија и Србија е 2000-3000 како и да ги заокружам цените, и се работи за истите модели. Сандеро во ЕУ е најпродаван автомобил, кај нас за слична цена на Сандеро може да купиш Тојота Корола. Е па некако не иде да се решиш за Сандеро.
« Последно менување: 17 Октомври 2025, 16:30:00 pm zeroSignal »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4061
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5096 на: 17 Октомври 2025, 15:52:21 pm »
Dacia имаат многу високи цени кај нас. Бигстер им е ценовно скоро ист со многу други модели ако се опреми добро, а и автоматски менувач има само во хибридна изведба. Можеби намерно за да се купи малку поскапо Рено.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14779
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5097 на: 17 Октомври 2025, 16:20:10 pm »
Јас знам пример на едни блиски, отидоа да купат Bigster на крај се изценкаа и купија Renault Austral за цена на Бигстер. Не знам како што, зошто ама ете сеа возат Austral :D

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 353
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5098 на: 17 Октомври 2025, 19:36:29 pm »
Нели е подобро да сменат, поголема царина за половни возила а помала за нови, да го стимулират купувањето на нови возила.
« Последно менување: 17 Октомври 2025, 21:45:59 pm Tiro »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30100
    • CARclub.mk
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #5099 на: 17 Октомври 2025, 20:06:45 pm »
Апсолутно е подобро.