па немаше да ме прашуваш зошто сум купил ГТЦ наместо Астрава класик.
Ме насмеа жими мајка
...демек твојата астра а нешто специјална има double wishbone? Обична кола со мултилинк позади, можеби имаш фабрички спирали да биде спуштена. Стабилитазорите да не се различни, гумите/буферите? Не си влагај во филм дека возиш нешто специјално. Исто како голф во р-лајн што доаѓа со спуштено подвозје така и твојот автомобил. Интересно, убаво да, но ништо посебно за да човек да влага во филмови.
Да, Влатче...навистина се разликува и е попосебна од петовратната Астра, а особено од седанот, иако донекаде делат ист мотор и менувач како и сите други брендови.
За почеток..
1. Надворешно заедничко им се само кваките на вратите, се друго е различно. Се.
2. Изработена на различна платформа и има поголемо растојание меѓу тркалата и во должина и во ширина во однос на петовратната. Во ширина, поширока е и од Пасат.
3. Има стандардно многу поголеми и пошироки димензии на гуми (18 инчи со 235/50 гуми, а пасуваат и 20 инчни 245/35) кои практично е невозможно да упасираат на петовратната, а следствено на тоа од старт и поголеми димензии на дискови и кочници.
4.Има повисоко основно ниво на опрема од петовратната и "понашминкан ентериер" и малку поубави материјали за пипкање и гребпкање ( твојот фетиш).
5.Назад има Ватс линк, но предната суспензија е комплетно превземена од Инсигнија ОПЦ, дури и во основниот модел што, комбинирано со купе шасијата, меѓуискиното растојание ширината и должината придонесува до подобро управување во однос на петовратната и нула торк стир.
Ова се само дел од причините зошто и почетната цена, дури и во основно ниво и беше многу поскапа од петовратната Астра, односно почнуваше од 21.000 евра во 2012 та.
Еве, вака, културно да те подучам малку за она што очигледно не си запознаен.
Поздрафче.