Автор Тема: 2020 BMW F87 M2 Competition  (Прочитано 20580 пати)

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #225 на: 14 Октомври 2024, 09:55:22 am »
Малку повисока ќе биди со овие гуми.

А во стоп&го има Бриџстоун зимски и испаѓа околу 250е поефтино за сет.

На Ананас имаш во фабричката димензија Гудјиар некаде 80к идат.

3.5мм повисока по страна, скрос занемарливо. Многу луѓе возат и летни во оваа димензија баш ради достапност.

А друг бренд освен Конти и Мишелин - не земам. :)
Дали тие 3.5мм или колку и да се различни димензиите е во дозволените граници.
Пример кај мене фабрички е 225 45 18,а јас имам сет бандаши со 225 40 18.
Заради 4 матик-от иако е мала разлика ќе мора да ги продавам па да менувам други.
Затоа провери си убаво.

Кај мене е заден погон, нема технички некој сет на дозволени граници за диференцијалот сѐ додека не фаќаат гумите внатре :) инаку за 4матик може да е различно, ама за xDrive-от на 3ката не беше битно самата висина, туку дијаметарот на сите 4 гуми да е ист. Колку што читам, истото важи и за 4матик, така да ако сите 4 гуми ти се исти димензии не би требало да ти прави проблем.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #226 на: 21 Октомври 2024, 14:16:34 pm »


Денес земена од CarConnect, нанесено PPF на цела кола, + екран и шалтабла внатре. Дополнително, во Премиум Моторс беа извршени следните зафати:

1. Полирање на цела боја пред нанесување ППФ
2. Чистење на моторен простор
3. Хемиско перење на ентериер и керамичка заштита на кожа
4. Перење и керамичка заштита на бандажи

Сега е целосно спремна за возење, а и времево неделава ветува ептен  :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #227 на: 21 Октомври 2024, 14:19:24 pm »
Колку те чинеше PPF?
Како се зафркнав јас што не си ставив, денес/утре и ѕуцки е целата напред веќе...

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #228 на: 21 Октомври 2024, 18:34:09 pm »
Како аплицираа на шалтабла? Зарем не е микс кожа+пластика самата табла?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #229 на: 21 Октомври 2024, 18:38:31 pm »
И мене ме интересира колку чини фолијата, очаен е лакот на кија.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #230 на: 22 Октомври 2024, 09:55:11 am »
Колку те чинеше PPF?
Како се зафркнав јас што не си ставив, денес/утре и ѕуцки е целата напред веќе...

Мене ми побара 500 евра за хауба во 2020 година и ќе траела од 5-7 години, после пак нова. Сега можда е уште поскапо.

Реков ќе ја префарбам за тие пари.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #231 на: 22 Октомври 2024, 11:29:42 am »
Колку те чинеше PPF?
Како се зафркнав јас што не си ставив, денес/утре и ѕуцки е целата напред веќе...

Мене ми побара 500 евра за хауба во 2020 година и ќе траела од 5-7 години, после пак нова. Сега можда е уште поскапо.

Реков ќе ја префарбам за тие пари.

И тоа 4 пати ќе ја префарбам...

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #232 на: 22 Октомври 2024, 11:46:36 am »
Бо..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #233 на: 22 Октомври 2024, 11:47:04 am »
И мене ме интересира колку чини фолијата, очаен е лакот на кија.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Колку те чинеше PPF?
Како се зафркнав јас што не си ставив, денес/утре и ѕуцки е целата напред веќе...

Цената беше 3100 евра за цело возило, ама тоа варира од возило до возило пошто по м2 се наплаќа. Многу ќе речат “Па поефтино е префарбување“, ама да се замарам јас со фарбање, особено како што маваат камења во задните крила, не можам. :) Па двоело, па за да е добро сработено и да не двои секако треба да дадам сериозни пари. Вака, раат главата, не му ја мислам дали некој ќе одлучи да ја тресне вратата од мојата.

Како аплицираа на шалтабла? Зарем не е микс кожа+пластика самата табла?

Не одозгора, конкретно мислев на самиот кластер/брзиномер.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2082
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #234 на: 22 Октомври 2024, 13:40:07 pm »
wtf вацгоинг он?  :-[ :-[

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #235 на: 22 Октомври 2024, 14:19:17 pm »
Мене ми побараа 810 еур за браници и прагови на Форд Пума.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #236 на: 22 Октомври 2024, 15:22:35 pm »
И мене ме интересира колку чини фолијата, очаен е лакот на кија.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Колку те чинеше PPF?
Како се зафркнав јас што не си ставив, денес/утре и ѕуцки е целата напред веќе...

Цената беше 3100 евра за цело возило, ама тоа варира од возило до возило пошто по м2 се наплаќа. Многу ќе речат “Па поефтино е префарбување“, ама да се замарам јас со фарбање, особено како што маваат камења во задните крила, не можам. :) Па двоело, па за да е добро сработено и да не двои секако треба да дадам сериозни пари. Вака, раат главата, не му ја мислам дали некој ќе одлучи да ја тресне вратата од мојата.

Како аплицираа на шалтабла? Зарем не е микс кожа+пластика самата табла?

Не одозгора, конкретно мислев на самиот кластер/брзиномер.

Јас си порачав фолии за внатре од АлиЕкспрес. Супер си служат ете ги 4 години.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #237 на: 26 Октомври 2024, 19:17:27 pm »
Денес конечно си го зедов OBD адаптерот од новиот газда на 335ката. Покрај што ми беше битно да исклучам фејк звукот низ звучници и глупите burbles во Sport+, направив проверка дали компјутерот ми е FEMTO заклучен, и на моја среќа испадна дека не е.

За контекст, сите БМВ компјутери произведени од 06.2020 па натаму се FEMTO заклучени, за да се ремапира треба да се извади компјутерот и да се прати во FEMTO во Финска и целиот процес на отклучување кошта околу 2000 евра + шипинг на компјутерот напред/назад.

М2кава, иако прва регистрација 07.2020, користи компјутер произведен 02.2020, што значи дека не треба да се отклучува.

Што значи дека, после следна промена на уље кај што ќе се смени и запчаникот за ланец на радилица, колата ќе си добие соодветна мапа на мотор од М2 CS/M4 Comp, што ќе ги отклучи сите 450 коњчиња од фабрика. :)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2082
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #238 на: 26 Октомври 2024, 19:27:10 pm »
Вежите се полечемо 🚀 лудило дете 🔥

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #239 на: 01 Ноември 2024, 17:09:02 pm »
2500 километри во моја сопственост. Требаше да бидат повеќе ама испаднаа некои непредвидени авионски патувања во меѓувреме па мораше да поседи во гаража. Главно на отворено, ама и секоја потреба за возење низ град е со неа.

Колава ми ги надминува сите очекувања. Не дека е моја, ама мислам дека е најдобрата кола што сум ја возел. :) Ко што пишав и претходно низ град се вози супер, тврда но релативно удобна, има торк колку сакаш па можеш и во 6та на 50км/ч да ја ставиш. Моторот во Efficient не се ни слуша дека работи. Активирав пред 3 дена КарПлеј во ReDrive, сега мислам дека има сѐ што ѝ треба од creature comforts за да биде одличен дејли.

Неделата накај Кавадарци ми беше првата прилика прописно да ја згазам. Досега цело време ме фаќаа дождови, магли, гужви кога и да излезам на отворено. Сега се погоди сончево, немаше никој по пат, и @fuzzjaw не му беше страв да се вози брзо.  ;D Диференцијалот во MDM мод многу ја менува. Толку стабилност на 220км/ч во кривина досега немам осетено. За разлика од 335ката што сериозно се нишаше и се чувствуваше како задниот дел „доцни“ зад инпутите на волан, тука е сѐ директно. Фидбекот на волан е малку туп ама надокнадува со ненормалниот фидбек од патот низ цела шасија.

Буквално се радувам на секое возење на колава ко мало дете, низ град кај и да одам вртам екстра кругови само за да ја повозам повеќе. Неделава бев на одмор и се надевав на многу возење, ама ме утепа алергија и седев дома поголем дел од времето. Викендов ќе надокнадувам. :)

Здравје да ѝ го средам единствениот проблем со запчаникот, да ставам мапи за диф/мотор/волан од M2 CS, и напролет ќе се носи на Серес.