Автор Тема: 2020 BMW F87 M2 Competition  (Прочитано 20554 пати)

Отсутен Nino-

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 458
  • Ultimate driving experience
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #210 на: 03 Октомври 2024, 21:52:17 pm »
Денес ми текна дека ова е првпат да ја видам убаво светната.

Веќе направивме 1400км во моја сопственост - во четврток ќе оди на заслужен детален третман во Премиум Моторс и на заштита во CarConnect.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Секоја чест за изборот, многу безгрижни километри  ;D

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #211 на: 07 Октомври 2024, 15:29:57 pm »
Резервирани Continental WinterContact 8 S во Мотоцентар, 255/35 19 напред, 275/35 19 позади. По 10мм пошироки и напред и назад од фабричките ама тоа е, нема ниедна зимска гума во фабричките димензии. Зимски гуми секако најчесто имаат помала контактна површина од еквивалентно широки летни така да не се секирам за тоа. Монтирање после 20ти, зависи кога/дали ќе има потреба. Ги имаат на залиха.

Цена на предните 18000 по гума, на задните 26000 по гума. Тотал 88000МКД ( :-X ). Ако ништо друго има 10% cashback на клуб картичката па оваа и пролетната монтажа + балансирање ќе ми бидат покриени.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #212 на: 11 Октомври 2024, 15:19:08 pm »
Предниот браник беше во малку жалосна состојба, имаше околу 50ина точки од удар од камчиња, кои покрај тоа што не изгледаа убаво на многу места ја имаа и изместено бојата - претпоставувам како нуспојава од Аутобан :) Немаше смисла да се лепи PPF преку тоа, па ја оставив на префарбување на предниот браник во Gusla Refinish.

Резултатот за мене е 10/10, ни на сонце ни под сенка ни со flash не можам да приметам двоење.








Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #213 на: 13 Октомври 2024, 12:27:02 pm »
Koi/kade se ovie Gusla?
Kolku naplakaat za branik.

Iam i jas preden branik za farbanje (mali grbki) ama ne se resavav od strav kako ke ispadne.

Sto ke lepis sega na branik?

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #214 на: 13 Октомври 2024, 12:28:41 pm »
Резервирани Continental WinterContact 8 S во Мотоцентар, 255/35 19 напред, 275/35 19 позади. По 10мм пошироки и напред и назад од фабричките ама тоа е, нема ниедна зимска гума во фабричките димензии. Зимски гуми секако најчесто имаат помала контактна површина од еквивалентно широки летни така да не се секирам за тоа. Монтирање после 20ти, зависи кога/дали ќе има потреба. Ги имаат на залиха.

Цена на предните 18000 по гума, на задните 26000 по гума. Тотал 88000МКД ( :-X ). Ако ништо друго има 10% cashback на клуб картичката па оваа и пролетната монтажа + балансирање ќе ми бидат покриени.
Bravo, ne e poentata samo da se kupi skapa kola i posle da montiraskinezarija plastikaneri, kako sto e slucaj vo 90% od slucaevi.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #215 на: 13 Октомври 2024, 13:16:45 pm »
Малку повисока ќе биди со овие гуми.

А во стоп&го има Бриџстоун зимски и испаѓа околу 250е поефтино за сет.

На Ананас имаш во фабричката димензија Гудјиар некаде 80к идат.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #216 на: 13 Октомври 2024, 16:37:47 pm »
Малку повисока ќе биди со овие гуми.

А во стоп&го има Бриџстоун зимски и испаѓа околу 250е поефтино за сет.

На Ананас имаш во фабричката димензија Гудјиар некаде 80к идат.

3.5мм повисока по страна, скрос занемарливо. Многу луѓе возат и летни во оваа димензија баш ради достапност.

А друг бренд освен Конти и Мишелин - не земам. :)

Присутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #217 на: 13 Октомври 2024, 17:03:02 pm »
Малку повисока ќе биди со овие гуми.

А во стоп&го има Бриџстоун зимски и испаѓа околу 250е поефтино за сет.

На Ананас имаш во фабричката димензија Гудјиар некаде 80к идат.
Ми нема логика човек да штеди 250еур на гуми (не дека се малку 250еур) што всушност се околу 0,5% од вредноста на колата. Купена е за уживање во возењето, а со тоа заслужува да е најдобро залепена за патот и за држење во кривини и за оној половина или цел метар подобро кочење од 100-0 во споредба со поевтините.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #218 на: 13 Октомври 2024, 17:20:06 pm »
Да пишев Петлас ок, ама Гудјиар и Бриџстоун се на исто ниво како Континентал и Мишелин.

Од Порше: In collaboration with Michelin, Pirelli, Continental, Bridgestone and several other top tire brands, Porsche has developed a tire that will surpass all of your performance expectations because they were designed with you and your Porsche in mind.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #219 на: 13 Октомври 2024, 18:37:27 pm »
Да пишев Петлас ок, ама Гудјиар и Бриџстоун се на исто ниво како Континентал и Мишелин.

Од Порше: In collaboration with Michelin, Pirelli, Continental, Bridgestone and several other top tire brands, Porsche has developed a tire that will surpass all of your performance expectations because they were designed with you and your Porsche in mind.

Не би рекол дека Goodyear и Bridgestone се на исто ниво со Конти и Мишелин во пракса бар, особено за UHP гуми.

Присутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #220 на: 13 Октомври 2024, 18:50:04 pm »
Ali Pirelli se...

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #221 на: 13 Октомври 2024, 22:55:02 pm »
Да пишев Петлас ок, ама Гудјиар и Бриџстоун се на исто ниво како Континентал и Мишелин.

Од Порше: In collaboration with Michelin, Pirelli, Continental, Bridgestone and several other top tire brands, Porsche has developed a tire that will surpass all of your performance expectations because they were designed with you and your Porsche in mind.

Не би рекол дека Goodyear и Bridgestone се на исто ниво со Конти и Мишелин во пракса бар, особено за UHP гуми.

А за Пирели што би рекол?

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #222 на: 13 Октомври 2024, 23:28:19 pm »
Да пишев Петлас ок, ама Гудјиар и Бриџстоун се на исто ниво како Континентал и Мишелин.

Од Порше: In collaboration with Michelin, Pirelli, Continental, Bridgestone and several other top tire brands, Porsche has developed a tire that will surpass all of your performance expectations because they were designed with you and your Porsche in mind.

Не би рекол дека Goodyear и Bridgestone се на исто ниво со Конти и Мишелин во пракса бар, особено за UHP гуми.

А за Пирели што би рекол?

Не сум имал доволно искуство со Пирели за да кажам било што. Мислам дека @fuzzjaw возеше зимски SottoZero.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #223 на: 13 Октомври 2024, 23:46:58 pm »

Не сум имал доволно искуство со Пирели за да кажам било што. Мислам дека @fuzzjaw возеше зимски SottoZero.

Да, јас возам Sottozero 3 зимски. Презадоволен сум од гумите, снег, мраз, суво, влажно, сум немал проблем во ниту една ситуација. Скроз би ги препорачал, иако ќе кажам дека немам искуство со Continental и Michelin па не би можел да споредам. 

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #224 на: 14 Октомври 2024, 02:38:13 am »
Малку повисока ќе биди со овие гуми.

А во стоп&го има Бриџстоун зимски и испаѓа околу 250е поефтино за сет.

На Ананас имаш во фабричката димензија Гудјиар некаде 80к идат.

3.5мм повисока по страна, скрос занемарливо. Многу луѓе возат и летни во оваа димензија баш ради достапност.

А друг бренд освен Конти и Мишелин - не земам. :)
Дали тие 3.5мм или колку и да се различни димензиите е во дозволените граници.
Пример кај мене фабрички е 225 45 18,а јас имам сет бандаши со 225 40 18.
Заради 4 матик-от иако е мала разлика ќе мора да ги продавам па да менувам други.
Затоа провери си убаво.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D