Автор Тема: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra  (Прочитано 1391 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« на: 19 Август 2024, 18:49:28 pm »






https://www.carclub.mk/2024/08/19/test-volvo-ex30-twin-motor-performance-awd-ultra-najbrzoto-volvo-vo-istorijata/

Одлично изгледа, смешно брзо, малку компромис е направен во однос на простор на задна клупа. Многу Tesla-инспирирана кабина со (за мене барем) прекумерна дигитализација. Чудна одлука за бренд како Volvo.

Иначе, релативно коректна цена (почнува од 35к), па дури и ова топтан опременово е некако... Прифатливо, со оглед на перформансите.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #1 на: 19 Август 2024, 19:49:25 pm »
Прсканово внатре страшно потсеќа на подот од градски автобус. Мене лично не ми се допаѓа.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #2 на: 19 Август 2024, 20:33:04 pm »
Што е овој мамммуу?? ко у сканија камион тоа држачот за телф/таблет напред орентација барам шоферите да се вклучат во дискусијата со коментар и да ме демантираат , ова нема никаков лик внатрешен бог да чува и три тачка.. катастрофа

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #3 на: 19 Август 2024, 20:43:44 pm »
Баш е кул внатре

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #4 на: 19 Август 2024, 20:50:08 pm »
Многу интересна градска кола е ова. Јас би одес строго на платнени седишта, поготово во долниот дел на седиштето. Другото се е одлично.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #5 на: 19 Август 2024, 20:52:03 pm »
Од надвор е ко rubik cube, внатре како во камион со таа издадената прскана шал табла и само еден таблет.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #6 на: 19 Август 2024, 21:59:25 pm »
Таблетот моли за крадење...

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #7 на: 20 Август 2024, 08:30:02 am »
Внатрешноста ме потсеќа на микс од автобус на Јсп и јавно веце. Од козметика за одржавање џогер и црево ти требаат само.
Една Дачиа спринг шо е ултра лоу буџет ел.ауто е светлосни години полична внатре.



Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #8 на: 20 Август 2024, 08:38:11 am »
Материјалите во кабината и завршната обработка се на прилично високо ниво, како што и би очекувал од премиум бренд. Е сега, дизајнот нема да биде по сечиј вкус. Интересно, скоро универзално - на постарите не им се допаѓа, на помладите па ептен им се допаѓа. Плус, инфотејнментот е целосно изграден врз Android, а тоа дозволува native инсталација на разно-разни апликации, итн. Како на пример, Waze за камери. ;)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #9 на: 20 Август 2024, 09:05:27 am »
Пријателе што е на високо ниво во внатрешната кабина што им освен волан и таблет друго ништо што треба да е на високо има ли барем клима каде да се пушти нема стар млад ова на ништо не личи нема ништо освен волан и таблет по 3 пат зумирам исто гледам

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #10 на: 20 Август 2024, 09:38:35 am »
Материјалите во кабината и завршната обработка се на прилично високо ниво, како што и би очекувал од премиум бренд. Е сега, дизајнот нема да биде по сечиј вкус. Интересно, скоро универзално - на постарите не им се допаѓа, на помладите па ептен им се допаѓа. Плус, инфотејнментот е целосно изграден врз Android, а тоа дозволува native инсталација на разно-разни апликации, итн. Како на пример, Waze за камери. ;)

Не знам кај припаѓам јас (во постарите или помладите), ама ЕХ30 е прилично кул во секој поглед. Единствено просторот на задна клупа е тапа иначе фул пекџ ми е за цената особено.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #11 на: 20 Август 2024, 09:42:07 am »
Со сета почит за работата твоја мора да фалиш за да возиш, ама ова е едноставно срање во боја. Шо е премиум во возилото , премиум се пластиките насекаде во кола од 50000 евра? Премиум е минималистичкиот пристап на немање табла пред видното поле, немање како да ги подесиш ретровизорите оти и за тоа треба да  чачкаш низ мениата ?
Впрочем за шо и да ти треба треба единствена опција е да да чачкаш низ таблет и цело време погледот да ти е одвлечен од патот, дури и за најбаналните работи како Колку км возиш моментално.. Батали филмови за Waze или дека пиратскиот Spotify ќе ми работи в кола кога еден куфер круцијални работи за едно возило фалат напред.
Не, то е сето штедња на пари, со маркетинг продаена како минималистички пристап филм. Такви глупости би очекувал од Дачиа на пример, кај шо гледдаат да се уштеди некој денар за да е поефтин крајниот прозивод.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #12 на: 20 Август 2024, 09:59:24 am »
Не мора да се согласиме. :)

Во секој случај, ги наведувам сите аспекти кои сметам дека не се добри, исто како што ги наведувам и добрите. А за жал, 50.000 веќе не се многу пари за кола. Една Шкода Октавија 2.0 ТДИ стига до 44-45к. Електричниот Меган беше скоро 60к. :D

Не знам кај припаѓам јас (во постарите или помладите), ама ЕХ30 е прилично кул во секој поглед. Единствено просторот на задна клупа е тапа иначе фул пекџ ми е за цената особено.

Ти си младолик старец. :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #13 на: 20 Август 2024, 11:03:22 am »
Самата Тесла по продажба докажува дека народот внатре сака само волан и екран. А Волво сака да продава и така...   :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: CARclub Тест: Volvo EX30 Twin Motor Performance AWD Ultra
« Одговори #14 на: 20 Август 2024, 11:24:06 am »
Тесла барем оди сама, ова треба да го управуваш ти и во исто време да ги држиш очите на таблет за секоја можна функција. Пример за фиоката да ја отвориш нема рачка како на секоја можна кола во светот туку треба да чачкаш низ мениата на таблетот.. Д фак.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html