За возачка мислам дека не може да те ограничи колку време.
Две возачки може да имаш само ако си полагал 2 пати во 2 различни земји, во спротивно кога ја менуваш возачката за странска, истата ти ја одземаат и ја праќаат во нашето МВР.
Иако знам дека може е ризично ова но, дали ако ја пријавам како изгубена ќе може да си ја вратам македонската нзад? 🙈 Идејата е да положам за А тука во МК наместо во странство и тука би возел само со А.
Иначе живеам во странство и секако нели ја одзимаат македонската при промена.
Фала
Не знам како е за другите земји, ама ако си во Германија и си пријавен на адреса таму, тогаш џабе ќе полагаш во Македонија, нема да ти ја признаат таа категорија. Во тој случај мора да полагаш во Германија.
Ако веќе си ја заменил твојата мк возачка за германска, твојата мк возачка е вратена во мк и е невалидна. Ако добро те разбирам, сакаш да ја пријавиш германската возачка за изгубена? Во тој случај ќе ти издадат нова германска. Зборам за германска, верувам дека е исто или слично во сите ЕУ земји.
Како што знам (за Германија), ако сакаш да полагаш за некоја категорија во Македонија, тогаш треба да се одјавиш од адресата во странство, па да полагаш за категорија во МК. Треба да пројдат минимум 6 месеци како си одјавен, за кога ќе се пријавиш пак во странство, да ти ја признаат категоријата полагана во МК.