Автор Тема: Возење кај нас со странска возачка?  (Прочитано 521 пати)

Отсутен qwr0

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Возење кај нас со странска возачка?
« на: 25 Јули 2024, 13:34:11 pm »
Дали е дозволено да се вози кај нас македонски државјанин да вози со странска (ЕУ) возачка повеќе од 6 месеци во годината?

Ако не е дозволено, дали има некое решение?

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 464
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен qwr0

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Возење кај нас со странска возачка?
« Одговори #2 на: 25 Јули 2024, 13:45:29 pm »
https://mvr.gov.mk/upravni-rab/17

Проблемот е што веќе имам македонска возачка што треба да ја заменам со странска. Незнам дали тоа ќе биде проблем во иднина за возење кај нас...

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1060
Одг: Возење кај нас со странска возачка?
« Одговори #3 на: 25 Јули 2024, 14:51:41 pm »
Јас и сопругата возиме со странски возачки и мкд пасош, мислам дека официјално не може да поседуваш две возачки освен ако не поседуваш двојно државјанство. Временски дали е ограничено ќе треба да прашаш во Мвр.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3334
Одг: Возење кај нас со странска возачка?
« Одговори #4 на: 26 Јули 2024, 08:05:52 am »
За возачка мислам дека не може да те ограничи колку време.
Две возачки може да имаш само ако си полагал 2 пати во 2 различни земји, во спротивно кога ја менуваш возачката за странска, истата ти ја одземаат и ја праќаат во нашето МВР.

Отсутен FrozeN666

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 66
Одг: Возење кај нас со странска возачка?
« Одговори #5 на: 27 Јули 2024, 18:08:40 pm »
Терај со странска јас веќе 2 години возам. Ако влегуваш и излегуваш од земјата не прават проблем. Таман работа сите земји ако ти ја земаат возачката кај отиде.
Некои луѓе ради работа мораат да патуваат често во различни држави.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13706
Одг: Возење кај нас со странска возачка?
« Одговори #6 на: 29 Јули 2024, 20:06:00 pm »
Другар ми лани праша за ова. Живее Австралија (нема државјанство) ама има возачка.

Тукашната возачка му ја одзедоа, ОТКАКО се врати (long story) и праша дали може да си вози со австралиската.

Од МВР му рекоа нема проблем, може. Три месеци овде си возеше со австралиската дур македонската му беше одземена.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2639
  • Слобода или смрт
Одг: Возење кај нас со странска возачка?
« Одговори #7 на: 30 Јули 2024, 09:37:09 am »
Јас возам со странска со години. Сеуште ми е криво што наместо да положам одново за 700 лева во бугарија направив смена на македонската со што ми ја одземаа. Вака за ситни пари ќе имав две ама некако не ми се занимаваше да го истерам тој процес но реално се заебав.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4148
Одг: Возење кај нас со странска возачка?
« Одговори #8 на: 30 Јули 2024, 11:20:28 am »
Мислам дека во повеќето земји е слично, со странска возачка дозвола можеш да возиш највеќе 6 месеци од моментот кога си се пријавил на адреса. После тоа треба да ја замениш за возачка од земјата во која престојуваш. Барем така е во Германија, а верувам дека е така и во Македонија, ама не сум го читал законот па да бидам сигурен. Таму сигурно пишува.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3334
Одг: Возење кај нас со странска возачка?
« Одговори #9 на: 30 Јули 2024, 12:08:35 pm »
А што ако му приложам странска лична карта, пошто нели ќе побара за да види дали поминале 6 месеци од пријава на адреса?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4148
Одг: Возење кај нас со странска возачка?
« Одговори #10 на: 30 Јули 2024, 12:47:00 pm »
Веројатно ќе ти побара пасош како евиденција кога си влегол во МК на пример.

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 192
Одг: Возење кај нас со странска возачка?
« Одговори #11 на: 30 Јули 2024, 13:14:54 pm »
Немаш проблем да возиш со странска.
На запад е максимум 6 месеца со Мк или држава надвор од еу, додека со бугарска немаш проблем


Sent from my iPhone using Tapatalk