Автор Тема: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP  (Прочитано 2762 пати)

Отсутен Novice

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« на: 23 Јули 2024, 10:29:06 am »
Здраво на сите,

Со години разгледувам по форумов, па дојде време време и јас да побарам некој совет. После 15тина години возење секакви половни возила, конечно имам шанса да купам ново.

Крајната дилема е меѓу возилата во насловот. На кратко, мораше да биде SUV заради тоа што ми треба поголемо и повисоко возило. Двата модела се бензинци, автоматик, и добив понуди по скоро идентична цена.

Не сум некој познавач во смисла мотори итн. па  чекам коментари и препораки за тоа која опција е подобра - купувам кола што сакам да ја возам наредни 10 години. Еве плус детали за понудиве

KAROQ 1.5 tsi 150HP - automatic 7 dsg transmission - 4 години гаранција или 90,000 км.

TUCSON 1.6 t-gdi 160HP - А7 automatic transmission- 5 години гаранција плус 2 на мотор и мењач. Доаѓа со повеќе опрема од карокот како: задна камера за паркинг, навигација, поголем infotainment систем.. ништо без што неможам да живеам ама сепак повеќе опрема.

На изглед, повеќе ми се допаѓа тусонот, и внатре и надвор. Единствено што ме мисли е тоа дали моторот t-gdi е што викаат "reliable" издржлив и без многу дефекти. Нема да имам втора кола и морам да направам добар избор (се е по комплицирано со деца :) ). Читам сешто по интернет, особено од хјундаи сопственици низ светов за секакви проблеми со моторите и кај нови возила. Уште една работа што ме загрижува е повисока потрошувачка кај ова возило во споредна со карокот.

Тежок избор, па мислев да споделам и да слушнам мислења.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #1 на: 23 Јули 2024, 11:22:46 am »
Ова со 160 коња е новиот тусон 2024 модел ? Стигнаа кај нас или се во преднарачка ? Другар го има и убава кола за парите, моторот тегне убаво. Незнам зошто го намалија на 160.

Јас реално би одел со Тусонот, затоа што има повеќе опрема за истите пари и некако ми изгледа многу подобро. А ако ти е битна потрошувачка да видиш дизел со шкодиве, овие у Хјундаи многу им се слаби дизелите.

И што има да се замараш за ново возило кое има гаранција 7 години ?

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 691
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #2 на: 23 Јули 2024, 11:31:21 am »
Tucson ++

Sent from my SM-S916B using Tapatalk

Отсутен Novice

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #3 на: 23 Јули 2024, 11:33:05 am »
Ова со 160 коња е новиот тусон 2024 модел ? Стигнаа кај нас или се во преднарачка ? Другар го има и убава кола за парите, моторот тегне убаво. Незнам зошто го намалија на 160.

Јас реално би одел со Тусонот, затоа што има повеќе опрема за истите пари и некако ми изгледа многу подобро. А ако ти е битна потрошувачка да видиш дизел со шкодиве, овие у Хјундаи многу им се слаби дизелите.

И што има да се замараш за ново возило кое има гаранција 7 години ?

Да новиот "facelift", има некои промени најмногу во предницата мислам и лично ми се свиѓа повеќе од претходниот дизајн. Имаат од новиов модел ама мануелец, јас би нарачал автоматик и стигале за 2 месеци негде.

Околу потрошувачката, како што гледам по форуми, тусонов иде накај 7-10 л, карокот и од 5-7-8 л. Со оглед на тоа што вазам некои 15к км годишно, разликата би била околу 500еур годишно. Дали се исплати, и дали разликата во потрошувачка реално е толкава - којзнае :)

За гаранцијата си во право, сепак сакав да видам искуства и мислења за тоа дали хјундаи или шкода кај нас се по-погодени, без некои сериски дефекти итн..

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #4 на: 23 Јули 2024, 11:40:20 am »
Потрошувачката и кај двете возила нема да биде под 10 литри. Не очекувај пониско од тоа.
Новиот Туксон има подобра кабина и добар кокпит со дисплеи и слично. Интерфејсот е доста „глуп„ и за некои работи мораш да бодеш по менијата. Потивок е од Карокот.
Карокот е поконзервативан, поголем е Гепекот и подобро подвозје има. Мултимедијата и целиот систем на Карокот е тешко срање, како и кај сите ВАГ возила во последните 4-5 години.

Земи ги жената и децата, повози ги двете возила во ист ден како тест, и тоа што ќе им се бендиса на нив купи го. Тебе секако не ти прави разлика, штом прашуваш на форум. Барем нив да им се допаѓа изборот.

И двете ги имам возено, и двете се ок, со одредени компромиси.

Гледај да избереш автоматик.

Отсутен Novice

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #5 на: 23 Јули 2024, 12:17:22 pm »

Фала на мислењето!

За жал, немаат возила за тест ни едните ни другите.. се имам возено и во карок и во тусон - ок се. Како возач, возам доста конзервативно (досадно), па не верувам дека ќе имам некои преференции за едната или другата кола. Возев Kia Sportage со истиот мотор како Хјундаито -  вози супер :)

Најголема грижа тука ми е да одберам "марка" која ќе ме служи добро, сеедно што имаат гаранција - нејќам да се тегнам по сервиси...

Отсутен Astra 08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 179
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #6 на: 23 Јули 2024, 12:42:43 pm »
Потрошувачката и кај двете возила нема да биде под 10 литри. Не очекувај пониско од тоа.
Новиот Туксон има подобра кабина и добар кокпит со дисплеи и слично. Интерфејсот е доста „глуп„ и за некои работи мораш да бодеш по менијата. Потивок е од Карокот.
Карокот е поконзервативан, поголем е Гепекот и подобро подвозје има. Мултимедијата и целиот систем на Карокот е тешко срање, како и кај сите ВАГ возила во последните 4-5 години.

Земи ги жената и децата, повози ги двете возила во ист ден како тест, и тоа што ќе им се бендиса на нив купи го. Тебе секако не ти прави разлика, штом прашуваш на форум. Барем нив да им се допаѓа изборот.

И двете ги имам возено, и двете се ок, со одредени компромиси.

Гледај да избереш автоматик.
Se e kazano. Ama ova se mislenja na hartija sepak ti ke si kazes koja poveke ti pravi keif, a toa e najbitno. Jas licno bi biral Tucson ama pak toa e moe mislenje nema ja da ja vozam kolata.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk

Отсутен Novice

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #7 на: 23 Јули 2024, 13:19:16 pm »

Секако, работата е што за некои ствари карокот ми е по привлечен, за други тусонов. Најмногу накај кароков ме влече тоа што веројатно е по економичен со гориво (на хартија барем), кај тусонот пак дека е стварно подобар дизајн со повеќе опрема.. Тешки маки :D

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #8 на: 23 Јули 2024, 13:26:51 pm »
На кратко, мораше да биде SUV заради тоа што ми треба поголемо и повисоко возило.

Обично СУВ-от изгледа поголемо, повисоко... а реално седани имаат повеќе/исти простор внатре, а со исти мотор се добива поекономично возење, поефикасно...

Една споредба со октавиата и карокот - 2 т.е. 5 цм само висина/простор kaj седењето поголема кај карокот, а 35цм подолг и 80л плус багаж кај октавиата...

Возам 1.5 TSI, имам само пофалби за моторот... ама кога јас би бирал помеѓу Карокот и Туксонот, најверојатно мој избор би бил Туксонот - по личен ми е мене...

« Последно менување: 23 Јули 2024, 13:37:38 pm R2D2 »
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #9 на: 23 Јули 2024, 14:03:02 pm »
Октавија FL 1.5тси ДСГ, повќе простор има a и помалку ќе троши.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #10 на: 23 Јули 2024, 14:15:22 pm »

Најголема грижа тука ми е да одберам "марка" која ќе ме служи добро, сеедно што имаат гаранција - нејќам да се тегнам по сервиси...

Најголема грижа за нова кола е да ти прави мерак, не да мислиш дека ке се влечкаш по сервиси. Не би требало со нова кола воопшто да се секираш за кварови и сервиси, се ти е покриено со гаранција.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
  • Macedonia
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #11 на: 23 Јули 2024, 14:23:14 pm »
Туксонот и според мене ти е подобра и поверодостојна опција отколку Шкодата. Не дека нема да ја бива и едната и другата извадена од салон.
Сакаш сигурност и самиот како што кажуваш, а со Туксонот имаш и поголема гаранција.
Економичноста што ја гледаш на хартија е во посебно контролирани услови и не се залажувај така. Како што веќе ти кажаа погоре сигурно нема да си под 10л. Исто е и кај мене со моето возило, на папир 7-8 а 10 ми троши чисти.
Нека ти биде пресудно кое повеќе ќе те бендиса како возило и во кое повеќе ќе можеш да уживаш додека си внатре и возило со што е можно повеќе опрема.
Нема апсолутен точен одговор на прашањето одбери го ова и ова за да немаш проблеми во животот..

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #12 на: 23 Јули 2024, 14:51:00 pm »
@BraneMKD Индивидуална работа е тоа со сервисите и марката, повеќе е како ќе му се погоди среќата, праксата овде на форумот покажува инаку, особено последните месеци.
 Еден глава не крена со трошење масла, затнати депеефи и шо ти не на секое, мислам за Тусон стануваше збор или нешто од таа групација. Си офрчил 30000 за ново возило, седиш на јајца и те ребрат од сервис дека се е океј,ти менуваат дел само, не ти решаваат проблем, успат тр колат за сервиси а ти не си рает оти го чекаш моментот кога ќе те остави на пат. Пари враќање назад или замена за возило не ти одобруваат, кога ќе илези од гаранција , мисли му ја уште толку.
Друг со сузуки ќе да беше свифт, штракаше корнеше, го убедуваа дека така требало, трет му цица литар масло на 1000км, нормално било.
Некој со шкода ќе да беше исто пред сега скоро, маки со мењачот и него го убедуваа дека така требало да биди,па ќе се правдаат.. ебате кола и ќеф и се.
Да му се погоди среќата само, брендот помалце битен, така испаѓа.
 На темата, би одел и јас со Тусонот ,мн поличен повеќе опрема, некако поудобен ми е, се возам и во двете низ друштва, шкодата ми има некоја крутост во се.
Ако не ти игра улога потрошувачката, реално ќе лапа 8 - 10 на отворено и едната и другата. Ако сакаш економија, тогаш дизел, е за дизел дефинитивно Не на хјундаи,тогаш би одел со нешто на Шкода.

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #13 на: 23 Јули 2024, 14:54:19 pm »
КСОН - ТУСОН

Отсутен Astra 08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 179
Одг: KAROQ 1.5 tsi 150HP или TUCSON 1.6 t-gdi 160HP
« Одговори #14 на: 27 Јули 2024, 23:02:18 pm »
Потрошувачката и кај двете возила нема да биде под 10 литри. Не очекувај пониско од тоа.
Новиот Туксон има подобра кабина и добар кокпит со дисплеи и слично. Интерфејсот е доста „глуп„ и за некои работи мораш да бодеш по менијата. Потивок е од Карокот.
Карокот е поконзервативан, поголем е Гепекот и подобро подвозје има. Мултимедијата и целиот систем на Карокот е тешко срање, како и кај сите ВАГ возила во последните 4-5 години.

Земи ги жената и децата, повози ги двете возила во ист ден како тест, и тоа што ќе им се бендиса на нив купи го. Тебе секако не ти прави разлика, штом прашуваш на форум. Барем нив да им се допаѓа изборот.

И двете ги имам возено, и двете се ок, со одредени компромиси.

Гледај да избереш автоматик.
Se e kazano. Ama ova se mislenja na hartija sepak ti ke si kazes koja poveke ti pravi keif, a toa e najbitno. Jas licno bi biral Tucson ama pak toa e moe mislenje nema ja da ja vozam kolata.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk

Секако, работата е што за некои ствари карокот ми е по привлечен, за други тусонов. Најмногу накај кароков ме влече тоа што веројатно е по економичен со гориво (на хартија барем), кај тусонот пак дека е стварно подобар дизајн со повеќе опрема.. Тешки маки :D
Tucson-ot ke izgleda kako moderna kola I posle 5, 7, 10 godini Karoq ne bas. 7 godini garancija se 7 I najbitno ne treba da odis na servis vo porsche. Ubedlivo najskapi servisi vo garanten rok a najlos odnos. A ako ti e problem potrosuvacka na Tucson se stava plince vo Marmil mont bez da izgubis garancija za 1700 evra ako ne se lazam I potrosuvackata na benzin ke bide 50 l na 50.000km ako dobro se sekavam na muabetot so gazdata na Marmil. Ama pak seto ova e moe subjektivno mislenje koe I te kako vlece na Tucson ako ne se primeti

Sent from my SM-S911B using Tapatalk