Автор Тема: Opel Insignia 2.0 CDTI  (Прочитано 9543 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1724
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #90 на: 11 Јули 2025, 17:11:16 pm »
Браво за тоа што гледаат да имаат средени патишта и туризмот да не им трпи.

Патот Евзони-Солун:


Отсутен Boyan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #91 на: 11 Јули 2025, 17:26:39 pm »
Браво за тоа што гледаат да имаат средени патишта и туризмот да не им трпи.

Патот Евзони-Солун:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мислам дека Makedons мислеше на патот којго возел сега.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1724
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #92 на: 11 Јули 2025, 17:39:57 pm »
Браво за тоа што гледаат да имаат средени патишта и туризмот да не им трпи.

Патот Евзони-Солун:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мислам дека Makedons мислеше на патот којго возел сега.

Сѐ океј, мене муабетот ми беше дека вика дека Грците гледале да имаат средени патишта ради туризам, а во меѓувреме патот најпосетуван од туристи е како од војна излезен со години уназад. :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #93 на: 11 Јули 2025, 22:32:13 pm »
Кај грците освен од кожани до игуменица другите патишта им се бетер од нашиве. Дури и тој автопат немаше да биде направен ако не беше олимпијадата незнам која година.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #94 на: 11 Јули 2025, 23:39:12 pm »
Браво за тоа што гледаат да имаат средени патишта и туризмот да не им трпи.

Патот Евзони-Солун:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Се согласувам, во право си за патот Евзони-Солун, морам да признаам дека додека го пишував претходното, го занемарив тој дел па и другото. :-X

Сепак, рутата по која се возев беше навистина добра и имаше многу делови што се реновираа, а слободната лента веќе беше обновена.

Како што кажа и Жиле погоре...

Фала ти за информациите, и јас лани одев преку Битола, највеќе поради гужвата преку Гевгелија, ама ми се допадна тој пат, малку е подинамичен од граница до Гревена. И оваа година од таму планирам, некако преку Солун тоа правото Солун-Игуменица е мноооогу досадно, само право 300км. Таг ке земам на наплатна, касно ми е да го порачувам, не верувам дека ќе стигне за 10 дена.
Инаку, лани бев со Fiesta-та, 1.25i, натоварени фул, горе кровен куфер 400 литри, возење 120км/ч евентуално 130км/ч на удолница, среќа децата спиеја по пат и пд Скопје до Врахос само со една пауза во Мецово.

Инаку во однос на ова што го пиша ако сакаш поинтересна вожња со повеќе кривини, искачувања, спуштања и безброј тунели, оваа рута е дефинитивно повозбудлива од возењето само право.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #95 на: 12 Јули 2025, 01:32:21 am »
Проблемот со патот Богородица-Солун е што и нетампониран земјен пат да е, пак цела Европа ќе оди на море во Грција.

Тие го знаат тоа и затоа не ги боли уво.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #96 на: 06 Август 2025, 15:52:26 pm »
Бев присутен на форумот ама ме мрзеше да пишам...

Си поминавме супер за време на одморот што си поминавме, бидејќи на дијагностика ни во Аутомакедонија ни кај други мајстори што бев пред одморот не покажа никакви проблеми со ДПФ, за прв пат си реков, чисто превентивно да ставам адитив во колата (прв пат да не е ДПФ адитив) за чистење на наслаги на дизните, како што имаше посочено @MartinAlfista во темата кај balanar. Бидејќи беше добра прилика од 600 километри во еден правец ставив по 1 шишенце (0.5л) Liqui Moly Pro-Line Diesel System Cleaner [Diesel System Reiniger] кога одев натаму и кога се враќав назад уште едно во полн резервоар (2x 0.5л вкупно ).
Се размислував доста дали би било такво нешто океј потег или не бидејќи сум малку скептичен околу адитиви генерално, иако во некои од првите мои пораки се распрашував и доста читав околу овие работи, никогаш не се решив да употребам адитив претходно.
Овој пат си реков џабе фрлени пари или не, ќе ставам да видам дали ќе има некаква промена, чисто заради превентива од таложење на карбонски депозити, сепак Liqui Moly се доверлив бренд.

Резултатот е позитивен морам да признаам. Моторот конкретно работи посмирено, ама тоа можеби е резултат на новото масло па да го оставиме на страна, но сепак сега во мирување добивам бројки од 0.7л/0.9л во мирување, додека пред тоа си беше 1.0л/1.2л на борд. Ова претпоставувам е резултат на подобрен spray pattern од дизните и подзачистени наслаги во самиот систем.



На 22-ри јули бев во ПСС на улица Скупи за регистрација која ми истекуваше на 29-ти истиот месец, па завршив работа релативно брзо.
За разлика од претходната година каде ме имаа фатено гужви и речиси 2 саата изгубив. Добив едно гратис перење на колата. Лани исто, ама дека не го искористив во текот на неделата ми истекла важноста и требаше да си платам.
Не се сеќавам колку ме фати точно бидејќи не платив со картичка, но со оглед на тоа што лани 18.000 и нешто ме фати ќе речам пак толку.



P.S. Egremni beach е overrated и не вреди трудот според мене. Порто Катсики е сто пати подобар избор ако се прашам јас. Па уште ми се погодија преголеми бранови и не се влегуваше во водата воопшто, немаше ни како соодветно да се награди трудот за одењето до таму. За водата општо немам коментар, нереално убави нијанси на сина боја, во хоризонтот морето и небото се спојуваат.

Отсутен Boyan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #97 на: 06 Август 2025, 18:02:13 pm »
На здравје одморот. Значи годинава ги частевме Инсигниите со одмор на Јонско Море.  8) Сакав да се спуштам до Лефкада (во Врахос бев) ама ништо од планот.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #98 на: 07 Август 2025, 09:56:04 am »
Да, да си заслужија. И лани бев Јонско Море на Крф и посакував да имам кола во мене, па годинава си реков нема шанси без кола да отидам тука. Башка што Лефкада не е тоа тоа ако стварно немаш сопствен превоз.

Сакав да се спуштам до Лефкада (во Врахос бев) ама ништо од планот.

Па си требал, не си бил воопшто далеку, да им приредиш мини изненадување на твоите  ::) :P Нека остане изговор за друг пат да ја запалиш инсигниата и се прошетате натаму  ::)

Отсутен Boyan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #99 на: 07 Август 2025, 12:21:57 pm »
Да, да си заслужија. И лани бев Јонско Море на Крф и посакував да имам кола во мене, па годинава си реков нема шанси без кола да отидам тука. Башка што Лефкада не е тоа тоа ако стварно немаш сопствен превоз.

Сакав да се спуштам до Лефкада (во Врахос бев) ама ништо од планот.

Па си требал, не си бил воопшто далеку, да им приредиш мини изненадување на твоите  ::) :P Нека остане изговор за друг пат да ја запалиш инсигниата и се прошетате натаму  ::)
Ја знаеш народната поговорка "Со деца не се иде на ракија, ќе ти ја изедат салатата" :) Они ја обожаваат локалната плажа во Врахос (2 година идеме тука) и секое мрдање од таму е комплицирано...

Отсутен Boyan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #100 на: 07 Август 2025, 12:24:43 pm »
Туку, кажи ми ти гумени патосници од кај да земам, а да се типски за колата, не сакам универзални. Тие САМАД ми ги пофалија, а и со цена се ок, околу 1.800-2.000 денари.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #101 на: 07 Август 2025, 12:54:13 pm »
Самад имам земено за неколку коли и сум презадоволен, нема да погрешиш
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTI
« Одговори #102 на: 07 Август 2025, 12:58:17 pm »
Моите што ги користам конкретно се Petex производител - https://patosnici.mk/manufacturer/petex?Search=&CarBrand=opel&CarModel=321-insignia&CarYear=

Ама и со САМАД нема да згрешиш, а како што гледам поефтини се од Петекс. Ако одиш со САМАД варијанта земи си Gledring производител да бидат. Јас имам типска Gledring патосница во гепекот земена од САМАД и супер си е.