Автор Тема: Оштетена каросерија  (Прочитано 3309 пати)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #15 на: 23 Јуни 2024, 22:16:41 pm »
Каменот голем ли беше?
или каменот од блиску доаѓа
На страна заебанција друже, не ми е до смеа баш... По земјен пат возев, некои си стотина метри пат, навидум ептен рамен ама ете појма неам од кај излезе каменот, не го видов, коа удрив мислев гумата е само пукната ама ете...
Mалку да се разведриш со хумор не е едноставно и мн заебано е плус , мислев да не те мавнал некој со камен швалерка слично томе  :D фактап е ситуација важно да си жив и здрав се друго се прави следен пат внимателно , како во случајот каменот од блиску доаѓа , отвори едно ладно смут лименче запали цигара излези на балкон дождот да прочисти се и се ке биде во ред.Stay safe and positve .

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #16 на: 23 Јуни 2024, 22:19:07 pm »
Убаво да си поминеш на одмор, но оваа кола е опасна по живот, ако е кровот менуван, а овде варот е пукнат и не е направена како што треба не е безбедна за возење.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #17 на: 23 Јуни 2024, 22:31:09 pm »
Би се согласил со братот [mention]MAPJAH [/mention]јас лично не би тргнал на пат со ова возило, и да го средиш на првата поозбилна дупка ќе се тресеш да не се случи исто.

Ако можеш да замолиш некој да те услужи со возило(родител/брат/сестра/кум/старосват…) да поминеш одмор или пак да отидеш со автобус, бидејќи ова треба темелно да се испита, да се симне цел кит, да се види што е оштетено, па да се ургира ама каде и да ја носиш колава нема да биде тоа решено одма макар платил ти и двојно повеќе, ем е сезона на одмори, ем мајсториве се капарисани со месеци

Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #18 на: 23 Јуни 2024, 22:32:48 pm »
Јас не би ја поправал. Продади ја на некој што растура, да ја продаде за делови. Толку од таа кола, отпеала свое.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #19 на: 23 Јуни 2024, 23:22:23 pm »
Ова вреди да се плати некое евро или ако има некој овде некаков си гратис од carvertical  да го пише бројот на шасија сопственикот да се провери, за мирна совест. Не можам ни да замислам какви слики и историја би излегла од колава на кар вертикал.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #20 на: 24 Јуни 2024, 00:13:24 am »
Во оваа кола јас не би се возел.
Незнам каков камен си удрил,ама за вака да распука колата рачунај колку структурата и е оштетена.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #21 на: 24 Јуни 2024, 01:09:53 am »
Многу веројатно е дека каменот не ни стигнал до распуканиот дел, не личи на удар на камен. Најверојатно при удар на тркалото дошло до усукување на каросеријата и пукнала таму каде што шти е најслаба, односно на делот кој е претходно саниран.

Отсутен Andrei87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #22 на: 24 Јуни 2024, 01:23:45 am »
Многу веројатно е дека каменот не ни стигнал до распуканиот дел, не личи на удар на камен. Најверојатно при удар на тркалото дошло до усукување на каросеријата и пукнала таму каде што шти е најслаба, односно на делот кој е претходно саниран.
Не е таму удрена со камен, во каменот е удрено со гумата, каменот воопшто не летна, туку од ударот се скрши. Првично не ни видов дека е скршена, на гумата се сконцентрирав, јас сменив и се тоа, таман да влезам гледам друг проблем.
Каменот нека беше голем колку една рака, не беше карпа...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #23 на: 24 Јуни 2024, 01:30:35 am »
Си имал среќа што си дознал што возиш на ваков начин. Многу ќе било полошо да видиш дека возиш канта при сообраќајка или при извртување и губење на контрола над возилото во непредвидена ситуација.

Ова не е за санација, шасијата структурно е неисправна, и недостасува цврстина и флексибилност. Жал ми е што коментирам за туѓи пари ама ова не е ни за продавање, некој друг да погине.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #24 на: 24 Јуни 2024, 01:35:21 am »
Си имал среќа што си дознал што возиш на ваков начин. Многу ќе било полошо да видиш дека возиш канта при сообраќајка или при извртување и губење на контрола над возилото во непредвидена ситуација.

Ова не е за санација, шасијата структурно е неисправна, и недостасува цврстина и флексибилност. Жал ми е што коментирам за туѓи пари ама ова не е ни за продавање, некој друг да погине.

Е ова го чекав, конечно еден разумен одговор. Ако ја продадеш без да кажеш што проблем и има исто си направил како тој што тебе ти ја продал, а тој што ти ја продал и веројатно знаел дека е сериозно оштетена колата треба да се гони за загрозување живот. За жал ова е МК, држава на превари.

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #25 на: 24 Јуни 2024, 01:46:45 am »
Дека ќе се санира ефтино, нема, дека ќе биде како што треба да биде, нема. Како што ти пишал Дени погоре, шофершајбната ти е одделена од каросеријата, значи се е извиткано, тоа малце што се гледа е најмалиот проблем!

Не знам дали ти е јасно дека при удар во камен ти се распукала структурата на возилото која треба да те штити во случај на сообраќајна несреќа и служи за ти и твоите сопатници да преживеете. Замисли што би се случило да те мавнал некој што движел во спротивет правец. Ова ти е сега како да се возиш у кола од картон наместо од челик, па ти избери дали треба да ја правиш или не.

Мој совет е провери си и дали воопшто имаш и ти се функционални воздушните перничиња.

Пак ќе кажам, возилото е најверојатно сечено, лепено и монтирано, барем така изгледа.

Отсутен Andrei87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #26 на: 24 Јуни 2024, 01:53:29 am »

Да да, јасно, ќе се исконсултирам со автолимар/лакер за секој случај, ама не очекувам многу, тоа е. Подобро да почнам да барам нова кола.

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #27 на: 24 Јуни 2024, 01:59:36 am »
Извини што бевме вака нападни и директни, ама нам ни личи дека ти продале возило без знаеш дека е опасно за употреба.

Само без нервози и внимателно пред купување на следното. Имаш неколку проверени плацеви, ако веќе немаш да купиш од некој твој и обавезно проверка на историјата на возилото онлајн.

Пиши и тука за совет има луѓе што разбираат. И избегавај ги советите на овие што ги фалат Алфите. :)

Отсутен Andrei87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #28 на: 24 Јуни 2024, 02:12:05 am »
Извини што бевме вака нападни и директни, ама нам ни личи дека ти продале возило без знаеш дека е опасно за употреба.

Само без нервози и внимателно пред купување на следното. Имаш неколку проверени плацеви, ако веќе немаш да купиш од некој твој и обавезно проверка на историјата на возилото онлајн.

Пиши и тука за совет има луѓе што разбираат. И избегавај ги советите на овие што ги фалат Алфите. :)
Нема за што да биде извинето, тоа е - што е, фала ви многу на сите за мислењата, дефинитивно за се следно тука ќе се консултирам. Вакво нешто дека може да се деси до сега не ми паѓаше на памет. Среќа ете ме послужи, да не се случи нешто на мене и семејството, доста пат извозевме со неа во и надвор од државата.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Оштетена каросерија
« Одговори #29 на: 24 Јуни 2024, 04:58:53 am »
Искрено, сте имале огромна среќа. Ова со каменот ти е класична среќа во несреќа, се случило при мала брзина, и без поголеми последици.