Се одлучив наредната (половна) кола што ќе ја купувам да е Голф. Изборот за мојот буџет е Голф 5 или Голф 6. (6-9000к)
Критериумот е - мора да е автоматик со темпомат, значи DSG. Годината на производство не ми е толку битна ако е одржувана колата прописно. И колата мора да дозволат да се однесе на мајстор и МК Ауто Експертиз. Не барам специфични предлози од коли од огласи, повеќе барам совети за кои мотори и менувачи да ги избегавам.
Зашто за овие коли во тој буџет влегуваат повеќе варијанти, вклучувајќи 1.9 ТДИ, 2.0 ТДИ, 1,6 ТДИ, 1.8 ТСИ. DSG6 и DSG7, dry clutch и wet clutch...
Колку јас што разбрав, ако е Голф 5, моторот треба да е 1.9 ТДИ. Ако е Голф 6, моторот да е 2.0 ТДИ.
Како се покажани 1.6 ТДИ моторите на Голф 6? Дали се тромави или со повеќе проблеми во споредба со 2.0 ТДИ?
Чести проблеми би требало да се водна пумпа, каиши, бош пумпа, и трошење улје.
Па кои се ваши совети, каков Голф 5 или 6 автоматик да барам?