Освен видео надзорот, кој и не е баш мерка за да спречи провала, кои други мерки може да се изведат без да се ангажираат професионални лица, а да се добие колку толку добра заштита од провала? За куќа збориме.
Ако идам оф-топик и не е замислата на темава да покрие и вакви прашања, ќе отворам друга, не е проблем 
1. Добри комшии на спид дајл.
2. Употреба на неколку сензори за презенс наместо да се обидуваш со голем број сензори за движење или отварање прозори и врати кои ќе ти прават шум. (куќа не е лесно да се затне добро на периметар)
3. Аларм и нотификации да добиваш на тел.
4. Сирена(и)
Или пак средновековни методи кои можат да помогнат исто, и знам неколку случаи каде успеало, нервозно куче. Додуше овие што го имаат искористено некое од чуварските кучиња што ги имале во фирма, и го однеле на градежен објект каде често им краделе материјали и ја решило работата.
@AllMightyMe за безбедна имплементација има овде добар напис кој ќе ти даде добар преглед како се изведува осигурување на домашна автоматизација
https://community.home-assistant.io/t/securing-segregating-your-home-networks/577464