Автор Тема: BMW X1 20d xDrive  (Прочитано 3252 пати)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
BMW X1 20d xDrive
« на: 03 Мај 2024, 16:04:56 pm »
BMW X1 20d xDrive 2014 Facelift, ZF 8HP automatic, 184hp.

Еден куп коли гледав, ама никако да се најде зачувана кола со убава опрема, цена и километража. Оваа ми испадна случајно тазе увоз од Швицарска, ја видов во живо, ја однесов до АутоЕкспертиза и ја пазаривме. Колата покажа некои забелешки, ништо сериозно, се ефтино и лесно за корекција, мотор и мењач перфектни со реална километража 141к км. Внатре колата е многу зачувана, eдно хемиско ако се стигне до некој термин и баш она ФАБРИКА CH CH CH.

Ке се вози привремено додека да се најде тоа што барам без притисок. :)

Опрема:
Лед дневни со ксенон фарови
Двозонска ауто клима
Паркинг сензори со камера
Темпомат
Сензори за светло и дожд
Кожни седишта со греење и подесување во сите насоки
Навигација
Старт/Стоп
18ки бандажи

Пројдов 200км и задоволен од возење, тивка и убаво лега на патот. Моторот и мењачот убаво работат и убаво потегнува кога треба, а доста економична, 5.5 покажува на борд.

Амортизерите се спорт модел и се премногу тврди, може би ги заменил со нешто помеко. Има обично серво и воланот е многу тежок за низ град и паркирање, незнам зошто не ставиле електрично серво, ама тоа е.

Следно да се смени зглоб преден, има минимален луфт и да се направат сервиси, ако имате некоја препорака за добри сервисери пишете, со BMW не сум имал искуство, ке прашам и во M-Car колку би ме заклале. Треба и летни гуми да се стават, ако стигнам деновиве ако не после празници. Треба да однесам и кај некој да упдејтира мапи и веројатно може да се отклучат уште некои опции.









Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 915
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #1 на: 03 Мај 2024, 16:50:59 pm »
Со здравје да се вози!

М Кар би ги избегнувал надвор од гарантен рок :) Ауто Ин Џеповски кај АМСМ во Центар е убедливо најдобар избор ама не е ич ефтино. Убави муабети имам слушнато и за Биммер.

Од ZF има препорака на тој мењач да се сменат уље и филтер на 80-100к км, иако БМВ вика lifetime. Ти немаш некоја којзнае колкава сила што оди низ него ама јас да сум би го размислил и тоа во блиска иднина ако не е направено. Иначе е фантастичен менувач.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6667
  • Бенве сие бенве
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #2 на: 03 Мај 2024, 17:17:48 pm »
Честито, порано не се мењаше зглоб, цела полуосовина требаше да се смени. Мој совет ти е обавезно уље по БМВ спецификација во диференцијалите и задолжително во трансфер боксот (на секој 30000км) и ќе тера без проблем.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #3 на: 03 Мај 2024, 18:35:10 pm »
Со здравје да се вози!

М Кар би ги избегнувал надвор од гарантен рок :) Ауто Ин Џеповски кај АМСМ во Центар е убедливо најдобар избор ама не е ич ефтино. Убави муабети имам слушнато и за Биммер.

Ке прашам деновиве па ке пишам што и како кошта. Колку може да кошта мал сервис, овие Порше се рекордери.

Отсутен jokka

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #4 на: 03 Мај 2024, 19:04:17 pm »
Супер избор со здравје да се вози. Како ги проверивте километрите дали се 100% точни? дали е добар ланецот на моторот слушам скап бил за мењавање

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 217
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #5 на: 03 Мај 2024, 19:10:24 pm »
Честитки, со здравје да се вози. За поновиот X1 F48, прашував за мене и не се менува зглоб туку цела полуосовина и кошта околу 1.000 евра. Треба да се консултираш со мајстор за ланчето дека на овој модел знае да се скине. Некој што разбира да ти каже.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 217
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #6 на: 03 Мај 2024, 19:12:18 pm »
Со здравје да се вози!

М Кар би ги избегнувал надвор од гарантен рок :) Ауто Ин Џеповски кај АМСМ во Центар е убедливо најдобар избор ама не е ич ефтино. Убави муабети имам слушнато и за Биммер.

Ке прашам деновиве па ке пишам што и како кошта. Колку може да кошта мал сервис, овие Порше се рекордери.

Ако идеш со БМВ масло и Хенгс филтри по мк цени, околу 300 евра. Подобро, филтри и масло од надвор и тука само промена

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8870
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #7 на: 03 Мај 2024, 19:21:48 pm »
Ja mislev si nashol to pred da go dadesh passatceto.

So zdravje da se vozi

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #8 на: 03 Мај 2024, 22:26:32 pm »
Како ги проверивте километрите дали се 100% точни? дали е добар ланецот на моторот слушам скап бил за мењавање

Неможе да се знае со сигурност, генерално колата е многу зачувана и делува дека има малце км, коли со помалце км се далеку полоши од оваа. Има сервисна книшка со сервиси во Швајцарија, во АутоЕкспертиза и они проверуваа и испаднаа таа. 100% нема сигурност. По тоа што читав првите модели имале проблем, на овој фејслифт би требало да е среден до некаде проблемот со ланче, може треба да ја однесам кај некој специјализиран за BMW да ја провери подетално.

Честитки, со здравје да се вози. За поновиот X1 F48, прашував за мене и не се менува зглоб туку цела полуосовина и кошта околу 1.000 евра. Треба да се консултираш со мајстор за ланчето дека на овој модел знае да се скине. Некој што разбира да ти каже.

Во Србија имам роднина сервисер и кај него е 200е да се смени цела полуосовина. Моментално нема проблем, ама треба да се смени додека не почнало да лупа, ке средам за некој период.

Ja mislev si nashol to pred da go dadesh passatceto.

So zdravje da se vozi

Од двор ми го земаа, искинав патики цел месец барам кола и не најдов, па земав ова да се вози додека не налети нешто или не соберам пари и храброст да си отидам директ у Имачка и да дотерам. :D


Најдов за утре сервис термин да направам мал сервис, само јас да си земам материјали. Гледам ова 5w 30 LL 04 се препорачува. Кај нас што има квалитетно уље и филтри ?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #9 на: 04 Мај 2024, 15:36:52 pm »
Цицка !

Со здравје да се вози.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #10 на: 04 Мај 2024, 15:38:07 pm »
Направив денеска мал сервис со Castrol Edge 5w30 LL 04 и Filtron филтри за уље, нафта, воздух и кабина. Го проверив и зглобот и нема проблем со него, проблем е со стабилизаторот. Не стигнав да купам, ке сменев и тоа, 800мкд е.

Ставени и летни гуми Sava INTENSA UHP 2.

Следно хемиско да се направи после празници.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #11 на: 13 Мај 2024, 09:16:18 am »
Ја среди @dame како нова. CH CH CH :)








Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #12 на: 04 Јуни 2024, 17:44:27 pm »
Пројдени 2000км со колава, сега за сега презадоволен. Потрошувачка се врти околу 8 комбинирана али колава иде доста добро, посебно за подинамично возење по кривини и над знаци. BMW си бара ендеци обавезно. :D

Го носев денеска кај Џеповски, многу коректен мајстор и услужен, препорака за него. Има некое ситно тропање на вртење волан и претходно ми кажаа демек стабилизатори и ги сменив ама не е до тоа. Има некој луфт во летва, Џеповски кажа нема никаков проблем и да се вози, да не фрлам пари за замена, па ке терам сега за сега така.

Сменети задни плочки  и глицерин за нив.
Сменето уље во редуктор.

Останува да се смени уље во мењач некој ден, 600е е сервис за него или по BMW lifetime :D. Го провери во официјален BMW и таа е километражата по сервисна книшка.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 915
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #13 на: 04 Јуни 2024, 19:19:46 pm »
Пројдени 2000км со колава, сега за сега презадоволен. Потрошувачка се врти околу 8 комбинирана али колава иде доста добро, посебно за подинамично возење по кривини и над знаци. BMW си бара ендеци обавезно. :D

Го носев денеска кај Џеповски, многу коректен мајстор и услужен, препорака за него. Има некое ситно тропање на вртење волан и претходно ми кажаа демек стабилизатори и ги сменив ама не е до тоа. Има некој луфт во летва, Џеповски кажа нема никаков проблем и да се вози, да не фрлам пари за замена, па ке терам сега за сега така.

Сменети задни плочки  и глицерин за нив.
Сменето уље во редуктор.

Останува да се смени уље во мењач некој ден, 600е е сервис за него или по BMW lifetime :D. Го провери во официјален BMW и таа е километражата по сервисна книшка.

Јас го сменив уљето во мењач на 103к, не ми се ризикува тоа доживотното од БМВ. Скап е сервисот пошто има ептен прецизна процедура за менување, и ако ја сјебе некој може да те кошта 5000 евра или нов мењач. Кај Тони менував и јас, си знае како треба.

Отсутен changetheoil savethecar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1035
  • Best Motors Worldwide
Одг: BMW X1 20d xDrive
« Одговори #14 на: 02 Август 2024, 00:08:49 am »
@BraneMKD
za xdrivot samo ulje original od bmw.
za diferencijalite mozes i ravenol i castrol.
za ulje u menjac: normlano najdobro e lifeguard ali ako te cepnat mnogu imas mnogu alternativi, originalot na ZF e od Shell.
inace u germanija i avstrija za ulje u menjac teraat i so motul, LM i Ravenol.
ako sakas da znaes vo koja sostojba ti se kuplunzite u menjacot moze da ti izmerat  "transmission adaptations values" , ako se van normala tek togas menjaj ulje ili ako osekjas na menjac nesto.
kontaktirajgo @M3V8 on pravesa zamena ulje u menjac na 3ka.

xdrivot reagira dosta na dimenziite na gumi i kako se napumpani. pridrzuvaj se do dadenite preporaki na vratata od vozackata strana se zalepeni

kaj sekoe bmw pa i kaj tvoeto ke ti strada:
remenicata originalnata e dosta skapa u oem samo corteco. ova e prokelta bmw mana koja ne moze da se iskorene dzabe koj model vozis cim stignes do 150k odma proveri.
dihtunzite na kutijata za filterot na maslo kade sto se spojuva so hladnjakot za maslo tamu ima dve gumicki
dihtungot na karterot
proveri interkulerot
zategaci spaneri na remenskiot pogon
za lanecot ne se sekiraj samo menjaj ulje redovno ednas godisno BMW LL-04 i ne koristi filtron filteri samo
mann, mahle, hengst, ili bosch obicno originalnite se od mahle.
maslo sekoe sto ispolnuva bmw LL04 ako imas sreka da dojdes do ravenol zimaj.
ako treba da menjas diskovi i plocki osven ATE ne bi ti preporacl drugo pogotovo za napred.
ako imas srekja ke pomines so ATE ako ne samo originalni.
prednicata kaj bmw e mnogu osetliva pa dokolku treba da se centrira nesto za zal osven bmw ne ma da moze drug da ja centrira.
vistinskite pravi vrednosti gi ima samo bmw i ne gi seruvaat pravite vrednosti nego davaat nekoj range.
plus bmw ima specijalni masini za centriranje bar u avstrija/germanija e taka.

poz i so srekja :)








---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)