Стигна глината и чекав погоден ден да ја измијам колата и да го тргнам оверспрејот.
Користев разреден шампон за подмачкувач и не одеше така брзо како на јутуб, лизгаше од шампонот многу, ама битно сите бели точки ги тргнавме.


Еве после толку години шо ја имам колата, едноставно можи не се замарав, ама ете оти дели новото делче фарбано. Задниот браник и багажникот се фарбани некогаш, со различна нијанса.
На сонце ептен се гледа разликата, и пошто од стубот погоре се зеде примерок затоа излезе како шо излезе, да имав заприметено порано ќе му речев од багажник да земат, ама то е, небитна кола, небитни детали.

Друго, пред 1 месец, 300 лошка, и јабучица треба на десно рамо да сменам на технички ми кажаа, ама двете ќе ги сменам деновиве.
И на зимски гуми сум сега, со добра шара, неиспукани, да не се плашите повеќе.

