Автор Тема: Банки, заштеди, сметки  (Прочитано 19574 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18002
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #180 на: 17 Февруари 2026, 18:14:14 pm »
Преку која банка е најдобро да се внесуваат, а потоа да се повлекуваат пари на пример преку т212,, стопанска не дозволува никакви трансакции преку нивните картички за берзи надвор од мк.

Јас на НЛБ сум, до сега и двата типови трансакции без проблем ми поминувале.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #181 на: 17 Февруари 2026, 19:37:17 pm »
Преку која банка е најдобро да се внесуваат, а потоа да се повлекуваат пари на пример преку т212,, стопанска не дозволува никакви трансакции преку нивните картички за берзи надвор од мк.
Преку нлб имам јас префрлено без проблем, за повлекување немам се уште

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 141
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #182 на: 10 Март 2026, 21:14:54 pm »
Дали е попаметно да се земе кола во кеш ако го имаш кешот, или на кредит/лизинг па да се инвестира во ЕТФ?

Дали годишниот % поврат ја победува каматата и инфлацијата?

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1152
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #183 на: 10 Март 2026, 22:21:14 pm »
Дали е попаметно да се земе кола во кеш ако го имаш кешот, или на кредит/лизинг па да се инвестира во ЕТФ?

Дали годишниот % поврат ја победува каматата и инфлацијата?

Никој неможе такво нешто да гарантира, некој просек е 10% годишно, ама може ке се погодат баш следните години во минус или со мал раст. Сега и каматите за потрошувачки се околу 5%, направи си математика дали ти е исплатливо и дали би превземал ризик.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18002
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #184 на: 10 Март 2026, 23:16:09 pm »
Дали е попаметно да се земе кола во кеш ако го имаш кешот, или на кредит/лизинг па да се инвестира во ЕТФ?

Дали годишниот % поврат ја победува каматата и инфлацијата?

Другар имаше слична дилема - кеш кола или кредит кола (без да инвестира кеш) го заебавав дека станал евреин со такви математики :)

Неговата математика (при 4.9% каматна стапка за кредитот) излезе дека повеќе се исплаќа кредит за неговиот пресметковен период.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3621
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #185 на: 11 Март 2026, 06:46:48 am »
Дали е попаметно да се земе кола во кеш ако го имаш кешот, или на кредит/лизинг па да се инвестира во ЕТФ?

Дали годишниот % поврат ја победува каматата и инфлацијата?
Дефинитивно кеш!
Во животот запаметете нема ништо поволно на рати. Ако имаш кеш и сакаш да купиш нешто, било да е кола, телефон или фрижидер, најдобро е да платиш во кеш. Така поминуваш полесно, без камати и на крај излегува поевтино.

Со лесно и паметно трошење! 👍
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6692
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #186 на: 11 Март 2026, 07:03:57 am »
Дали е попаметно да се земе кола во кеш ако го имаш кешот, или на кредит/лизинг па да се инвестира во ЕТФ?

Дали годишниот % поврат ја победува каматата и инфлацијата?
И да го имаш и да го немаш кешот особено ако возилото е ново или скоро ново секогаш е подобро на лизинг. А дали останатото во етф, недвижнини, осигурување, 3 пензисти столб е сосема друго прашање.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 141
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #187 на: 11 Март 2026, 07:57:22 am »
Цитат
Неговата математика (при 4.9% каматна стапка за кредитот) излезе дека повеќе се исплаќа кредит за неговиот пресметковен период.

Малку лаичко прашање, ама како му се исплати повеќе ако не го инвестирал остатокот? Не ли му падна вредноста на колата додека ја отплати?

Цитат
Во животот запаметете нема ништо поволно на рати. Ако имаш кеш и сакаш да купиш нешто, било да е кола, телефон или фрижидер, најдобро е да платиш во кеш. Така поминуваш полесно, без камати и на крај излегува поевтино.

Во ред, и јас така размислував но гледам дека има луѓе кои ги користат овие финансиски инструменти за да не го врзат кешот веднаш дали станува збор за кола или стан. Поготово сега кога сите имаме пристап до онлајн брокери.

Кога инвестираат долгорочно приносот од фондовите теоретски ја покрива каматата од лизингот и инфлацијата па уште остануваат во плус.

Цитат
И да го имаш и да го немаш кешот особено ако возилото е ново или скоро ново секогаш е подобро на лизинг. А дали останатото во етф, недвижнини, осигурување, 3 пензисти столб е сосема друго прашање.

Во тој случај колкаво учество и период на отплата се препорачува за лизингот? До која каматна стапка се исплати, воопшто?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #188 на: 11 Март 2026, 08:35:37 am »
Дали е попаметно да се земе кола во кеш ако го имаш кешот, или на кредит/лизинг па да се инвестира во ЕТФ?

Дали годишниот % поврат ја победува каматата и инфлацијата?
Дефинитивно кеш!
Во животот запаметете нема ништо поволно на рати. Ако имаш кеш и сакаш да купиш нешто, било да е кола, телефон или фрижидер, најдобро е да платиш во кеш. Така поминуваш полесно, без камати и на крај излегува поевтино.

Со лесно и паметно трошење! 👍
Едно да се запамети, куќата е секогаш во добивка.

Универзално правило:
Ако имаш кеш, никако рати.
Рати, ако немаш доволно кеш.

Воглавно муабетите за кеш инвестиции се од квазибизнисменчиња кои немаат појма од економија.
Скоро имаше во медиуми дека 90% не знаат што значи продуктивност, знаеле само како папагали да повторуваат како изговор за ниските плати.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6692
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #189 на: 11 Март 2026, 08:43:58 am »
Цитат
Неговата математика (при 4.9% каматна стапка за кредитот) излезе дека повеќе се исплаќа кредит за неговиот пресметковен период.

Малку лаичко прашање, ама како му се исплати повеќе ако не го инвестирал остатокот? Не ли му падна вредноста на колата додека ја отплати?

Цитат
Во животот запаметете нема ништо поволно на рати. Ако имаш кеш и сакаш да купиш нешто, било да е кола, телефон или фрижидер, најдобро е да платиш во кеш. Така поминуваш полесно, без камати и на крај излегува поевтино.

Во ред, и јас така размислував но гледам дека има луѓе кои ги користат овие финансиски инструменти за да не го врзат кешот веднаш дали станува збор за кола или стан. Поготово сега кога сите имаме пристап до онлајн брокери.

Кога инвестираат долгорочно приносот од фондовите теоретски ја покрива каматата од лизингот и инфлацијата па уште остануваат во плус.

Цитат
И да го имаш и да го немаш кешот особено ако возилото е ново или скоро ново секогаш е подобро на лизинг. А дали останатото во етф, недвижнини, осигурување, 3 пензисти столб е сосема друго прашање.

Во тој случај колкаво учество и период на отплата се препорачува за лизингот? До која каматна стапка се исплати, воопшто?
Најмногу зависи од висината на лизингот и период на отплата. Дали било каматата 3% или 5% на период од 3-5 години не прави голема разлика ако купуваш возило докај 20-30к еур. А сосема друга работа е ако зимаш лизинг возило во вредност од 70к со период на отплата од 5 години и тука каматата прави значителна разлика.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18002
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #190 на: 11 Март 2026, 08:57:05 am »
Цитат
Неговата математика (при 4.9% каматна стапка за кредитот) излезе дека повеќе се исплаќа кредит за неговиот пресметковен период.

Малку лаичко прашање, ама како му се исплати повеќе ако не го инвестирал остатокот? Не ли му падна вредноста на колата додека ја отплати?

Неговата математика беше поврзана со вкупната камата, т.е. дека каматата што ти ја одредуваат сега (да речеме 5000 евра) нема да ја има истата вредност за 5-7 години од сега поради инфлацијата.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #191 на: 11 Март 2026, 09:02:37 am »
Дали е попаметно да се земе кола во кеш ако го имаш кешот, или на кредит/лизинг па да се инвестира во ЕТФ?

Дали годишниот % поврат ја победува каматата и инфлацијата?
Како што кажаа краток период ќе биде за ЕТФ може да има 1-2 полоши години дури и во негатива да биде и целиот просек ќе ти падне ако ги споредуваш глава со глава, меѓутоа ако ја оставиш инвестицијата на 15+ години тогаш шансите се огромни да бидеш во добивка од парите инвестирани наместо дадени за колата.

Според мене сува пара не се троши, нормално избалансирај го лизингот/кредитот да биде со поволна рата да не ти биде притисок, тргни дел на страна за црни денови за да можеш да платиш 3-4 рати ако нешто неочекувано се случи и остатокот ЕТФ.

Во краен случај кеш кредит види низ банкиве, ќе платиш камата од 2% негде, што и да се случи покриен си не му ја мислиш и ако го вратиш цел кредит ти ги враќаат парите - ова ти е некој вид на присилно штедење со казна , вака најчесто правам кога не ми се троши кеш а знам дека за неколку 6-12 месеци ќе го вратам кредитот и ќе ги добијам парите назад

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44937
  • Il Moderatore
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #192 на: 11 Март 2026, 14:29:46 pm »
Шо би рекол Jay-Z:


Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 141
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #193 на: 11 Март 2026, 15:47:00 pm »
 Ја би рекол 10 пати минимум ;D

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7621
  • French diamond
Одг: Банки, заштеди, сметки
« Одговори #194 на: 11 Март 2026, 16:16:01 pm »
If I can buy it twice, i would buy something better  ;D