Падна одлука да се земе окер златното Пунто, без разлика што нема клима и сити серво, имаше стварно добра цена, сегашниот сопственик сака и да ја регистрира најрано што може - 30 дена пред истек на важноста на регистрацијата, односно му доаѓа за 10 дена (има 50% попуст) и регистрирана да ја предаде на татко ми.

Откако ќе се преземе колата, во план е:
- Голем сервис (каиши, затегачи, семеринзи, водна пумпа, антифриз, масло и сите филтри), плус некои ситници, манжетни и сл;
- Сет 4 целосезонски гуми во димензија 155/80/13, најверојатно Матадор, по цена од 2500 денари од гума;
- Знае да подзаглави кумплунгот, треба да се сменат гумички, да се види сајла или да се подмачка;
- Да се исполираат фаровите, има некои остатоци од фолија или лак/керамика;
- Еден праг е оштетен малку, на место каде се мести дигалка, има малку корозија, ќе се види понатаму дали само ќе се заштити или да се смени цел праг;
- Едно убаво чистење, мини хемиско.
Фала на сите за дадените предлози и мислења