Трагично жално без коментар во врска со староста и годините на возниот парк.
И нормално е и засужуваш да возиш ново возило од салон, и не само ти туку секој шофер заслужува зошто до сега или во иднина не возиш тоа само ти знаеш ако чекаш жирант се надевам дека желбата во тој правец ке ти се оствари наскоро.
Опасност секогаш е присутна дали од патната инфраструктора но поголемиот дел е од баш од стариот возен парк за жал во сообраќајот дали со возило 2 години некој возач ке се понаша како со возило со 22 е голема разлика.
Не е проблем староста на возниот парк, туку како е одржуван. Ако купиш половни гуми што се доволно стари да гласаат под изговор „имаат баце шара“ тогаш на каква кола и да ги ставиш џабе е.
Проблем е староста на возниот парк и тоа многу.
За пример првите 5 години минимум од гаранцијата за некои модели дури и 7 си вржан за овластениот каде во гарантниот рок ти стои барем еднаш годишно да го однесеш возилото/ сакал нејкел пак нешто ке проверат санираат ако се појави било каков проблем и нормално оној редовен во интервал од 12 месеци.
Не верувам никој дека на по-ново возило ке купи половни гуми било какви да се па и ласа да се.Но на возило од 90% кое е 20 годишно старо тука настанува менталниот склоп и размислување на разно-разни варијанти за "стегање" на возилото и на крајот на краишта доаѓаме до она тетка си е тетка .
Не знам колку си активен на фб групиве, ама со оглед на фактот дека често гледам некои 18ки или 19ки половни што ги бараат, прилично сум сигурен дека не се гуми што ќе идат на корола.
Кога сме на темава, кога последен пат имаш испуштено глицерин?
Стара кола е стара кола, нема збор околу тоа, колку постара толку повеќе компонетит кои можат да откажат. Но, најбитниот момент, ако си тип на човек што ја одржува редовно, колата ќе си остане безбедна како што била некада давно. Единствено нешто за кое можам да се согласам од гледна точка на безбедноста е абс и систем против пролизгување.
Никогаш немам испуштено глицерин во животот(носа(т)м во сервис на 11 месеци иако годишно не правам многу км преферирам сервисот да е од 10до12илјади км иако во документ е на 15).Почитувам локалци мајстори кои се посветени кон својата работа и се баш за некои коли доктори чест на некои такви исклучоци на прсти да се набројат .
Се додека менталниот склоп кон автомобилот се гледа кроз призма на препродажба, претумбавања и слично нема да има здрав однос кон гледање на автомбилот за дадена употреба.Се додека човек не свати дека управување на автомобил е голема одговорност како за себе така и за сите други во сообраќајот и дека е од клучна важност и исправност,јас каде што сум бил до сега некаде како општеството така и луѓето се стремеле кон што по-нови автомобили да имаат со тоа добиват мир сигурност и безбедно средство како за себе така и за другите во сообраќај.
Не се разбираме изгледа

Понова кола ќе биде секогаш побрзбедна од еквивалентна постара, тоа е факт и не го спорам. Разликата во безбедноста се зголемува во моментот кога глицеринот ти е 10 години стар, зглобот ти тропа од пред короната, лагерот ти звучи како нутрибулет или гумите ти изгледаат како рејсинг сликс од времето кога возеше шумахер. Сите овие работи ќе ја направат било која кола небезбедна, особено постара. На крај на ден куповната моќ ни е таа, но поголемиот проблем го правиме ние сопствениците.
Вториот проблем е гаранцијата и менталитетот. Додека трае гаранцијата ќе одам во овластен, да не ми изгори, после трајче комшијата ќе ми ја средува. Колава ми е сигурно повеќе од една децанија вон гаранција, на секој редовен серивс ја оставам за проверка, ако има нешто нека кажат, ќе се смени/сервисира. Слична навика имал и претходниот газда.
Не можам да кажам дека сум најшетаниот на формумов, ама можам да кажам дека имам прошетано на пар места низ светов. Дека имаме стар возен парк, имаме, но дека по другиве земји се возат коли „помлади“ од 10 години не се возат. Меѓутоа, низ европа друг менталитет владее и се обрнува внимание на битните работи при одржување.