Автор Тема: Што да се купи?  (Прочитано 2175 пати)

Отсутен GixxerMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 144
Одг: Што да се купи?
« Одговори #15 на: 12 Март 2024, 16:09:09 pm »
жена ми седи меѓу нив кога сме на подолг пат и не да не е комотно него е малтретирање.

Овде јас го гледам проблемот реално. Знам дека е тешко, ама треба да се инсистира возрасните да седат напред во кола. Во секоја прилика и секогаш (освен ако не се 3 возрасни, па еден возрасен мора назад). Децата позади.
А што се однесува до просторот во гепек, на кров или меѓу нозе на сувозач и позади на полица - релативно е. И најголемата кола да ја имаш, ќе ја накрцаш од трт со багаж. Ама па тоа е 3-4 пати у годината. После тоа ќе треба 80% од времето да влечкаш стамбена зграда низ град, да се трткаш за паркинзи, да се осеќаш ко достављач у комбе итн.

Како и да е, не сакам да се мешам во изборот, сакам само да поттикнам пошироко размислување околу изборот на тип на возило. Еве, исто како и Дени што спомна погоре, има варијанти, не е дека нема... 

Јасно е тоа, ама мали се децата и на пат од Виена до Скопје ако не седи мајката позади треба да застанувам на 15 минути за нај различни „итни“ потреби. Патуваме најмалку по два пати годишно до Скопје и до Малмо, плус одмори викенди итн, и сме пробале и ќерка ми да седи позади (она има 13) ама не фукнционираме, јбг.

Не се мешаш во изборот, напротив, супер муабет, баш ова ми треба, совети за да сконтам што ќе биде најдобро решение.

Фала ти.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3718
Одг: Што да се купи?
« Одговори #16 на: 12 Март 2024, 16:13:19 pm »
Мислам треба да бараш СУВ или МПВ со три независни седишта позади. Ц5 аиркросс го има тоа, од премиум маркиве не знам дали некоја воопшто нуди такво нешто.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: Што да се купи?
« Одговори #17 на: 12 Март 2024, 17:14:18 pm »
Џиксер како да ти кажам, со три деца,  не ој  спортското баш колку и да не се даваш, печен си за ова. Најголемата ако е 13, ќе повозиш 5 години комерцијалист со ова, после ќе кидне на факс, за со четворица, продаваш комбето земаш караванче некое 300 коња и пак си млад :D
Или па може да се заљубиш во комбето, па да го теркаш цело време, или ако имаш опција, две возила, нешто поспортско и едно транспортерче.






Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Што да се купи?
« Одговори #18 на: 12 Март 2024, 17:20:58 pm »
Во Германиите мислам дека со сигурност можеш да најдеш A6 Allroad Sline 3.0 TDi или ако ептен тргнала работата и 4.0 V8.

Нема утка, само sline и решен проблем.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1882
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1658
Одг: Што да се купи?
« Одговори #20 на: 12 Март 2024, 18:23:16 pm »
Жуто југо кабрио или црвен варбург.

Ќе сфати Гиксер :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 193
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: Што да се купи?
« Одговори #21 на: 12 Март 2024, 18:37:24 pm »
  2006 год бевме на одмор во Хрватска со Рено 5, татко ми ,мајка ми јас и трите сестри  со багаж и не се сеќавам дека беше тесно.
  Сега коливе џабе пет метри ги прават .
SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Што да се купи?
« Одговори #22 на: 12 Март 2024, 18:50:31 pm »
  2006 год бевме на одмор во Хрватска со Рено 5, татко ми ,мајка ми јас и трите сестри  со багаж и не се сеќавам дека беше тесно.
  Сега коливе џабе пет метри ги прават .
Затоа сте имале Рено 5, а не Рено 4 ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
Одг: Што да се купи?
« Одговори #23 на: 12 Март 2024, 19:04:39 pm »
Audi Q7 иако од надвор изгледа големо, внатре мене ми се виде не така големо, како што личи од надвор.
Транспортер е супер опција многу одморно и комотно за на пат, плус ако најдеш со 2+2+2 седишта, во овој дел и Мерцедес V-Class би требало да е подобро.

Инаку како насока за размислување Ford S Max 2.5 Turbo, моноволумен со турбо мотор.

Колега со едно големо дете и близнаци како втори беше на иста мака како тебе, зема Пежо Партнер и додаде 6 седиште и куфер, децата му пораснаа ама па сега 6 седиште е за бабата кога оди со нив :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: Што да се купи?
« Одговори #24 на: 12 Март 2024, 19:05:57 pm »
Ехее, јас во такво роден сум, 20 години го имавме. Ама јас сам чоек бев назад, кога одевме по одмори,  од шо беше товарено со јадење и шо не , колењата до носот ми беа до Певкохори цел пат :D Или ќе ми го израмнеше цело убаво татко ми, две три вреќи за спиење отворени долу и мини кревет назад, лежев 500км, некогаш ќе продолжевме одмор некаде уште два три дена, тројцата сме спиеле во него без број пати.
Претходно моите Рено 4ка имаа со душек внатре во 70ти, сеа јас наследив со меганот :D


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2698
  • Слобода или смрт
Одг: Што да се купи?
« Одговори #25 на: 12 Март 2024, 19:45:52 pm »
Наместо премиум половно зошто не погледнеш нов киа соренто или нисан xtrail? Знам дека изгледа привлечно за истите пари да возиш премиум ама познаник скоро имаше многу лошо искуство со ауди а7 од 2021 година. Ќе кажеш малтене нова кола на 3 години и само 100к километри.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Што да се купи?
« Одговори #26 на: 12 Март 2024, 19:57:55 pm »
  2006 год бевме на одмор во Хрватска со Рено 5, татко ми ,мајка ми јас и трите сестри  со багаж и не се сеќавам дека беше тесно.
  Сега коливе џабе пет метри ги прават .

Доживљај било. Ќе се собереме сосе брачеди, 4 деца позади, и терај за охрид. Нит клима, нит даблдин радио. Внатре лудница.  ;D
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 193
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: Што да се купи?
« Одговори #27 на: 12 Март 2024, 20:16:13 pm »
  2006 год бевме на одмор во Хрватска со Рено 5, татко ми ,мајка ми јас и трите сестри  со багаж и не се сеќавам дека беше тесно.
  Сега коливе џабе пет метри ги прават .
Затоа сте имале Рено 5, а не Рено 4 ;D
Реното беше втора кола, имавме  и Фичо за низ град (:    Инаку денеска да кажеш втора кола со 60 кс , три ипол метри долга и багажник за една гајба ќе те распнат
SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Што да се купи?
« Одговори #28 на: 12 Март 2024, 20:28:53 pm »
Audi Q7 иако од надвор изгледа големо, внатре мене ми се виде не така големо, како што личи од надвор.
Истото мислење го имам за сите СУВ возила, внатре се многу мали, а за багажник па да не спомнувам. Баш тоа што зборуваш.

Инаку како насока за размислување Ford S Max 2.5 Turbo, моноволумен со турбо мотор.
Мислам дека најдобро искуство на свет дава таа кола. Тоа е нешто ненормално. Кога се возев до Маврово, не ми се веруваше колку е тивко, колку е „кола“, колку простор има, колку е убаво. Едноставно врвно нешто. Тогаш на ново беше многу скапо, ама верувам дека 3 години користено ќе е веќе многу по пристапно. Многу добра идеја ти текна, страшно уживање има во таква кола.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Што да се купи?
« Одговори #29 на: 12 Март 2024, 20:45:54 pm »
  2006 год бевме на одмор во Хрватска со Рено 5, татко ми ,мајка ми јас и трите сестри  со багаж и не се сеќавам дека беше тесно.
  Сега коливе џабе пет метри ги прават .
Затоа сте имале Рено 5, а не Рено 4 ;D
Реното беше втора кола, имавме  и Фичо за низ град (:    Инаку денеска да кажеш втора кола со 60 кс , три ипол метри долга и багажник за една гајба ќе те распнат
Зошто така? Јас ептен би сакал фичуле 500-че за низ град, ете и Mini може. И едното и другото два ранци у гепек собираат. Околу коњите може да се дискутира, ама и 60 електрични би биле ок :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.