Не знам зошто си гледал СУВ, а бараш кола со погоелм гепек. Од овие само Q7 колку толку спаѓа во таа категорија. А како ќе ги качиш стварите во гепек на сув тоа си е башка муабет. Затоа што се нелогично високи и со неискористен простор.
Само пази, немој да леташ по бројки. Тие „бројки“ кај СУВ се обично излажани на некој начин. На пример 5008 има напишано некаде 952 литри, ама тоа е со седиштата избуткани нанапред, со некои дупчиња и кај тркалото, и не знам што и уствари гепекот е едвај 650 литри. Кога има колата задени седишта што се мрдаат нанапред (функција која не се користи) е намерно ставена само за да се напумпа просторот за гепек. Е сега постои вариајанта да ги отштрафиш некако седиштата 6 и 7 и да се ослободи просторот. Кодиак со истите финти се служи.
Не за друго, туку дека може да прочиташ и да се полажеш по вакви маркетинг фори, и да видиш дека Superb има 660 литри, и ако не знаеш ќе си речеш ууу овој многу помал од Сувовиве, а всушност е каде-каде поголем, затоа што тоа е реалниот простор што се користи. Октавија Седан 600 литра, кои се 600 реални литри.
Ако си решен дека сакаш да имаш и нешто офроуд можност па затоа бираш СУВ тогаш задржи се на
A6 Allroad
V60 Cross country
A4 Allroad
V90 Cross country
Subaru Outback
Insignia Country Tourer
Mercedes E-Class All-Terrain