Да почнеме со непропорционален изглед, али ајде, дизајн е субјективна работа. Ентериерот е никаков, особено кај тие супер-евтините варијанти кои се продаваа кај нас. Памтам на неколку различни коли на гумениот волан се познаваа одливците од штанцањето. Луѓе на нови коли ги стругаа воланите за да не им ги гребат рацете. Да не зборам за тие евтините ракети, пластиките во кабината, седиштата како послужавник и слично. Колку што ми текнува, воланот се подесува само по висина, не и по длабочина. Може и да грешам. Не се сеќавам како вози, ама колку што ми текнува, релативно комотно. Ко за пензионери, топ.
За толкаво возило, нема толку многу простор внатре. Не е ни мало, ама не е ни тоа што би требало да биде.
2-литарскиот турбодизел е недоволен. 2.2-литарскиот турбодизел на хартија делува океј. Реално, Антарата е тешка 2 тона. Колку за споредба, еквивалентен Тигуан тежи 1600 кила.
Во 2024 да се препорачува кола од 2006, која всушност е дизајнирана и развиена пред 2000-ти е малку... Некоректно.