Автор Тема: Проблем со Мазда 6 2.0 дизел после промена на дихтунг за глава  (Прочитано 775 пати)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Се работи за Мазда 6 2.0 дизел со 136 коњски сили од 2004 година. После промената на дихтунгот за глава колата е трома, слабо прима гас и испушта црн дим а често знае да заглави на 3000 вртежи и да не оди повеќе.
Однесена е неколку пати на дијагностика, покажа МАФ сензор, ЕГР вентил и вакуумски контролер за клапна. Пробав со нов МАФ сензор, исчистен ЕГР вентил и пак е исто. Во меѓувреме приметив дека беше скинато гуменето црево пред МАФ сензорот што влегува во филтерот за воздух, па го сменив и него. Пак се е по старо, дури и полошо последниве 2 дена затоа што никако не оди над 3000 вртежи и доста дими над 2000 вртежи.

Да напоменам дека пред да се смени дихтунгот колата влечеше како луда и не димеше значително.

Некој да не имал слично искуство и што би предложиле да направам следно? Веќе месец дена сум по мајстори и никако да го решам проблемов.

« Последно менување: 28 Февруари 2024, 23:06:31 pm Shuriken »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5717
  • Шо да пишам тука?🤔
Пиши ми пп да те посочам кај колегата на дијагностика.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Да си проверите дали ребрастиот или ланчето се вратени кај што треба, а не заб/два напред/назад.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1384
Да јас имав ваква и го имав овој проблем, се испостави на крај едни цревца за вакуум на турбото беа наопачки ставени. Вториот пат со истата мака беше цревцето поткинато.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Да си проверите дали ребрастиот или ланчето се вратени кај што треба, а не заб/два напред/назад.
Помислив и јас на тоа, ама на дијагностика не покажува никаква грешка а мајсторот тврди дека не е утнат каишот.

Да јас имав ваква и го имав овој проблем, се испостави на крај едни цревца за вакуум на турбото беа наопачки ставени. Вториот пат со истата мака беше цревцето поткинато.
И јас некако на тоа сумњнам највеќе. Или некое цревце е скинато или лошо поврзал мајсторот. Пола алат го заборави под хауба, па ништо чудно и ова да го зезнал.
Има некој шема како што треба да се поврзе?

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Мислам дека проблемот е отстранет, погрешно беа поврзани вакуум цревцата.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5717
  • Шо да пишам тука?🤔
Како што и колегата претпостави  ;D