Дечки, гледаме спам на форумот последниве денови. Ќе напоменам дека проблемот не е до нас, туку е најверојатно до компромитиран 3rd party сервис од каде leak-нале имејл адреси и пасворди. А бидејќи сме луѓе и користиме ист пасворд за повеќе работи, спамери можат (автоматизирано, секако) да се логираат и да објавуваат постови.
Постовите доаѓаат од разно-разни локации, имаше и преклопување на IP адреси.
Гледам да бришам колку што можам. Во меѓувреме, ако видите спам пост од ваше корисничко име, сменете си го пасвордот на форумов и на други локации каде го користите истиот пасворд. Ќе ги пингнам акаунтите кои се активни од кои доаѓаше спам деновиве -
@stapmkd @tupacan @fcwizard. Има и постари акаунти, ама тие одамна не се активни.
Тенкс!