Автор Тема: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин  (Прочитано 2949 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #30 на: 28 Март 2024, 20:07:35 pm »
Ни механичарите ни плинарите си знаат работата на овој крај 😆

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен CloneVTEC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #31 на: 28 Март 2024, 23:06:58 pm »
Мене ми личи дека си останал без плин.
Напротив, и резервоарот за бензин и резервоарот за плин ми се секогаш до "даска" полни, секогаш кога имам вишок пари во џеб, одам полнам за секој случај, бидејќи доколку се деси да сум во кризна ситуација, барем ќе имам полн резервоар за да можам да сум подвижен.   :D


@Busav  Од Струмица сум, искрено не знам кај кој да се обратам, секоја помош би ми била добредојдена, бидејќи кај овој плинар кај кој што сум сега, сменив боца за 10,000ден., тоа како се нарекува - распрскувачот или регулаторот за притисок на плин го сменив за 3,000ден. филтри за плин заедно со Bosch сензор 6,000ден., и сега со оваа понудена цена за поправка на компјутерот и електроника, се заедно ми испаѓа 34,000ден. - иста цена за која што многу луѓе ми рекоа дека би можел да направам инсталација на скроз нов плин систем.
Доколку има начин од каде јас сам би можел да си ги купувам деловите за поевтино, и тоа би било супер.
Можеби не се разбирам толку од цени за вакви машински делови, па затоа поправкиве ми изгледаат прескапи за овој тип на кола. Или пак како што вие спомнавте, пробуваат да ме заколат бидејќи приметија неискусен/нов возач.  :D

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #32 на: 28 Март 2024, 23:15:50 pm »
Дојди со колата до скопје ке ја средат.. А додека ти ја средат ке ти ја остаам мојата да ја возиш за да не дремеш да ги чекаш мајсторите:)

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #33 на: 28 Март 2024, 23:17:54 pm »
Те разбирам потполно. Во иста ситуација бев кога однесов кола до Скопје и ме закла Маршер, а моторот остана ист. Мене колата ме кошта 4500 евра, а купена е 1350.
Мој искрен совет е да дојдеш до Прилеп (ако имаш време и може да патуваш) и да ја однесеш кај Горан во Плинови Монт. Човекот по слух дозна дека моторот не чини пред да го сменам, а потоа измери компресија и увидов дека е така. Иако Маршер не знаеше дека моторот не чини додека не го отвори и останати 5-6 механичари во Прилеп. Јас лично гарантирам дека Горан од канта може кола да направи. Не е скапџија и си стои на зборот. Имав проблем со BRC плин, во Аутомакедонија дијагностиката ќе ме кошташе само 1800 денари, а дали ќе се решеше не знам. Колата беше носена секаде и даваше misfire на едниот клип. Горан без дијагностика виде дека една дизна не чини. Тоа е old school мајстор кој ги решава така работите, а потоа проверува и со дијагностика.

Побарај го за совет и поздрави го од Нестор со астрата.
https://www.facebook.com/plinovimont?mibextid=ZbWKwL

Тоа е мојот искрен совет - учи од паталец, не од гаталец.
Ти стојам на располагање доколку се решиш да идеш навака.

Другарски поздрав.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #34 на: 29 Март 2024, 00:14:59 am »
Штом со полна боца затрокирало, нешто го ебе орото и што подалеку од тој што ти наложил да смениш боца.

Крчење при убацување не е симптом на ламела.
Симптом на ламела е кога во четврта ќе дадеш гас и вртежите на моторот одеднаш ќе се зголемат без да се зголеми брзината на возилото.
Крчење може да се јави поради скршена потисна плоча, но тогаш би крчело не само во рикверц, туку во сите брзини.

Тешко е да се даде совет, се поверојатно е дека е како црна дупка и дека само ќе те исцица финансиски.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #35 на: 29 Март 2024, 09:40:38 am »
Мене ми личи дека си останал без плин.
Напротив, и резервоарот за бензин и резервоарот за плин ми се секогаш до "даска" полни, секогаш кога имам вишок пари во џеб, одам полнам за секој случај, бидејќи доколку се деси да сум во кризна ситуација, барем ќе имам полн резервоар за да можам да сум подвижен.   :D


@Busav  Од Струмица сум, искрено не знам кај кој да се обратам, секоја помош би ми била добредојдена, бидејќи кај овој плинар кај кој што сум сега, сменив боца за 10,000ден., тоа како се нарекува - распрскувачот или регулаторот за притисок на плин го сменив за 3,000ден. филтри за плин заедно со Bosch сензор 6,000ден., и сега со оваа понудена цена за поправка на компјутерот и електроника, се заедно ми испаѓа 34,000ден. - иста цена за која што многу луѓе ми рекоа дека би можел да направам инсталација на скроз нов плин систем.
Доколку има начин од каде јас сам би можел да си ги купувам деловите за поевтино, и тоа би било супер.
Можеби не се разбирам толку од цени за вакви машински делови, па затоа поправкиве ми изгледаат прескапи за овој тип на кола. Или пак како што вие спомнавте, пробуваат да ме заколат бидејќи приметија неискусен/нов возач.  :D
Како не ги е срам вака, со тие пари нов систем целосно ќе си ставел. Ти дадоа препорака колегите од форумот кај кој мајстор да одиш (за Даеву, Шевролет), можеби ќе треба малку време и нерви ама почни од некаде. Прашање е дали прво да ја провериш колата механички (дали е ламела, запчаник на менувач) и да ја средиш на бензин да биде топ, па после да средуваш плинот или да тркнеш прво до Прилеп што ти препорача Нестор. Зависи од тоа дали може да се вози колата и колку може да се вози (трокирање, гасење, кои ме асоцираат на нешто со плин, а тоа со ламела е друга работа).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен CloneVTEC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #36 на: 29 Март 2024, 22:45:25 pm »
Ви благодарам од се срце на сите што ми одговорија на постот и ми дадоа објаснувања каде да се обратам. Ако не беше форумов и не бевте вие, се уште ќе лутав како мува без глава и немаше да знам како да постапам и кај кој да одам. Знам дека сум почетник, но веќе почнав да истражувам и да гледам видеа и да дознавам како понапредните автомеханичари прават дијагностика на возила - компресија на мотор преку ставање масло во клиповите и мерејќи со специјална направа, слушајќи дали во моторот некаде има вакуумско истекување, начини на тестирање на животен век на алтернатор, акумулатор итн...
Но овде приметив како што ја оставаш колата, автомеханичарот ја запалува, притиска на гаста еднаш-двапати (не се ни замара да ти прави некаква дополнителна дијагностика) и веднаш ти кажува што ти е за менење. (зборувам за прилично здрав број на автомеханичари во Струмица и нејзината околина, немам искуство со автомеханичари од други предели).
Да немав друга опција, и да имав малце повеќе финансиски средства, би си отворил своја работилница и сам би си ја поправал колата.  ;D

Кога сме кај финансиски средства, ќе почекам малце да се стабилизирам бидејќи во моментот сум сув како барут. Штом дојдам при пари, веднаш одам според вашите препораки, Скопје, Прилеп, каде и да треба,!!! А до тогаш, колата не ја чепкам.
Знам дека вредноста веќе на колата и е драстично падната, и што малце се избрзав поради "пријател" на татко ми, со оглед на тоа што ја земав 2800 евра, и во поправки веќе имам дадено над 700 евра, така да не знам дали ќе се исплати да ја продадам. Неколку пријатели ми посочија дека би бил среќен ако и 2000 евра земам за неа, така да за 3 ипол месеци сопственост да сум во загуба 1500+/- евра за мене би било прилично ужасно.

Единствено нешто што ми останува (барем според мое мислење) е да вложам уште малце во неа и да се надевам дека луѓето од вашите препораки ќе ме спасат и ќе ја направат колата за 100 мерака.  :D

И секако, ќе известувам за секоја дополнителна новост!

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2082
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #37 на: 13 Април 2024, 20:44:02 pm »
Те разбирам потполно. Во иста ситуација бев кога однесов кола до Скопје и ме закла Маршер, а моторот остана ист. Мене колата ме кошта 4500 евра, а купена е 1350.
Мој искрен совет е да дојдеш до Прилеп (ако имаш време и може да патуваш) и да ја однесеш кај Горан во Плинови Монт. Човекот по слух дозна дека моторот не чини пред да го сменам, а потоа измери компресија и увидов дека е така. Иако Маршер не знаеше дека моторот не чини додека не го отвори и останати 5-6 механичари во Прилеп. Јас лично гарантирам дека Горан од канта може кола да направи. Не е скапџија и си стои на зборот. Имав проблем со BRC плин, во Аутомакедонија дијагностиката ќе ме кошташе само 1800 денари, а дали ќе се решеше не знам. Колата беше носена секаде и даваше misfire на едниот клип. Горан без дијагностика виде дека една дизна не чини. Тоа е old school мајстор кој ги решава така работите, а потоа проверува и со дијагностика.

Побарај го за совет и поздрави го од Нестор со астрата.
https://www.facebook.com/plinovimont?mibextid=ZbWKwL

Тоа е мојот искрен совет - учи од паталец, не од гаталец.
Ти стојам на располагање доколку се решиш да идеш навака.

Другарски поздрав.
Фактички трето доаѓање во скопје ти ке бидеш во класичен нокаут несторче :D, батко Маце читаш ли

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #38 на: 13 Април 2024, 21:08:11 pm »
Читам Џимс, се е под контрола, не го задевај несторчето тешка рака има!


Sent from my iPhone using Tapatalk