Автор Тема: Фантастична понуда за таксисти!  (Прочитано 26865 пати)

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #90 на: 09 Април 2012, 00:14:02 am »
Не кажав точна вредност, некоја приближна вредност, се враќа ддв-то исто како и кај товарните, со таа разлика кај такси возилото е основен уред за работење и со тоа има повраток на ддв...

Поврзани се сите овластени сервиси на волксваген групација, сите ја имаат истата база на податоци за возилата, било во германија или во македонија, не е толку едноставно  ;D

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #91 на: 09 Април 2012, 00:16:15 am »
Da taka ide nekako. Ama full casco za 4 godini hm.... Mnogu cash e toa. Kolata izleguva deka e zlatna :)
Vtora opcija e renta so vtor vozac i da imas 24/7 vozenje vo toj slucaj ke izbies nekoi trosoci.
Vo ovoj slucaj imas i prostor za dalavericki.. Ima sistem.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #92 на: 09 Април 2012, 01:02:29 am »
Гојдо немора ти ако зборуваш за кредит и сите ние да зборуваме за кредит...
Јас колку што те сватив и ти зборуваш за кредит...
Гледам не си доволно упатен во начинот на работењето на банките, како може “купено“ возило на кредит да биде твоја лична сопственост кога не си го платил целосно ??? Договорот за кредит има многу членови, а посебно за такси возило,
Ова се твои зборови нели?
Кои се тие специјални членови во договорите за кредит кои се однесуваат за такси возило? Ако може некое цитатче или линкче. 10x

Цитат
За кредит не сум сигурен како е, има врска од банка до банка, но нема да е многу разлика во условите, ти реков
Велиш не сум доволно упатен, а не си сигурен како е? Јас пак сум сигурен дека е како што веќе имам напишано на темава. За кредит треба да оставиш материјална гаранција со минимум 50% поголема вредност од сумата на кредитот, плус треба да имаш покритие на доход минимум два пати поголем од износот на кредитот. Има и банки, како на пример Тутунска, кои се уште по ригорозни во критериумите.

Цитат
и пак ќе ти речам се праваа мучки пред 2-3години, но сега тешко  :)
Не знам за кавки тоа мучки зборуваш. Стварно не ми е јасно што има да мучкаш, а уште помалку пак што е сменето во изминативе 2-3 години.

Цитат
Додека ти е колата на кредит мора да биде каско осигурена  :)
Не мора! Доколку колата ја ставам под хипотека ќе мора да ми биде каско осигурана! Хипотеката може да биде друга движнина, недвижнина, пари и слично и се договара со банката.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #93 на: 09 Април 2012, 01:25:55 am »
Грешка си сватил, јас цело време зборувам и за двете работи.

Мои зборови да, ќе прашам подетално па ќе пишам.

Јас сум секако подобро запознаен во врска со автомобилските кредити, ти реков погоре, брат ми работи со таа проблематика, но не сум сигурен за деталите ;) тие се битни, малите * во договорот. А за лизингот од Порше сум сигуртен. Немора материјална гаранција ако уплатиш на пример 40%-50% учество, и го оставиш возилото како залог, имаш добра плата, и потпишеш административна забрана и меница.
  Не треба да имаш покритие на доход минимум два пати поголем од изнисот на кредитот, треба платата во однос на ратата да биде 2 или 3 пати поголема, во зависност од учество, кокредитобаратели итн...

Мучките и да сакам неможам да ти ги кажам, несмеам :)

Јас никогаш не реков за зимање на кредит и ставање под хипотека стан или дуќан, дури погоре напишав некој ако направи така за мене е прогласен за несаглам ;D цело време зборам за оставање под залаго самото возило...

Се читаме со детали ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #94 на: 09 Април 2012, 01:45:04 am »
Во понудава за Линеа јас никаде не можам да прочитам Лизинг или слично.
Во постот на LP пишува за „можност за купување на кредит со само 10% учество и отплата до 90 рати“. Бидејќи темава е за фантастични понуди за таксисти се потегна и дискусијата за купување на возилото со 10% учество и на неколку години отплата, согласно понудата.

Во сите мои постови јас зборувам за купување со кредит, согласно понудата, и неколку пати во различни постови нагласував дека зборувам САМО за купување со кредит...

Што се однесува до лизинг, знам добро како функционира, нема нужда да разглабаме за тоа, ем е ОТ. Темава е за добри понуди за такси возила, каква што е оваа понуда за Линеа.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #95 на: 09 Април 2012, 15:00:49 pm »
Гојдо насловот на темата не е “линеа за такси возило“ што значи може да се збори и општо за повеќе возила...
Цело време во постовите погоре тврдиш дека може да се купи за такси со 10% учество на 90рати, епа јас проверив во аутомобиле, и во неколку банки, и ми беше кажано да може да се земе со 10% учество само на физичко лице, и во никој случај нема да добиеш дозвола за вадење на лиценца за такси од страна на банката, а доколку оставиш недвижнина под хипотека во зависност од вредноста на хипотеката спрема возилото, може возилото да биде целосно кредитирано и да добиеш такси лиценца, доколку возилото е гаранција т.е. го оставиш под залог, мораш да уплатиш 30-40% учество и имаш пократок рок за исплаќање на самото возило.
Пример ти оставаш под хипотека недвижнина која е проценета на 3000 евра, а учеството за возило кое ќе биде користено за такси превоз е 4000 евра, си доплаќаш уште 1000че, или си го купуваш како физичко лице, и не добиваш согласност од банката за вадење на лиценца ;) заклучокот е дека и да оставиш хипотека мора да биде 30-40% од вредноста на возилото, што значи исти к**ац различни димензии  ;D незнам што не ти е јасно, банките не пијат нафта :)
Кажи ми преку која банка даваат така со 10% учество на 90 рати, да одам да си купам една линеа и да ја рентам за такси  ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #96 на: 09 Април 2012, 22:39:28 pm »
@VTR Driver
Навистина не разбирам која е поентата на кажување лаги и глупости...

1) Лиценца за вршење на дејност авто-такси превоз на патници издава градот.
Во прилог: барање за лиценца за вршење дејност авто-такси превоз во градот Скопје

2) Лиценца може да добие физичко и правно лице кое ги исполнува условите од Член 8 од Закон за Превоз во Патниот Сообраќај:
Цитат
1) да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;
2) да е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај, при што за меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници да е сопственик или да има договор за лизинг за најмалку две возила со капацитет од најмалку 22+1 седиште по возило, за општински линиски превоз на патници да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, а за слободен превоз и посебен линиски превоз на патници да е сопственик или да има договор за лизинг за најмалку две возила со капацитет со најмалку 8+1 седиште по возило, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз;
3) да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило (автобуси, товарни возила) што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
4) да има вработено авто-такси возачи;
5) во возилото со кое се врши авто-такси превоз на патници да има вградено фискален апарат;
6) управителот или овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност;
7) да има солидна финансиска состојба (да има најмалку 2000 евра во денарска противвредност по возило);
8) да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело;
9) да има во сопственост капацитет за паркирање и одржување на возилата
10) во возилата за вршење превоз на патници да има вградено фискален апарат
11) да има вработено возачи кои имаат сертификат за учество во меѓународниот превоз на патници и стоки.

3) Условите за купување на Fiat Linea LPG по цена од 8790 евра од AutomobileSK со кредит се следниве:
A) За физички лица: минимум 10% учество и до 90 рати отплата.
B) За правни лица: минимум 15% учество и до 72 рати отплата.

Од мене толку во врска со ова, ќе се воздржам од коментирање на понатамошни лаги и глупости.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #97 на: 10 Април 2012, 00:05:55 am »
@gOJDO Внимавај малку на јазикот, ти не си никој фактор плус на форумот да пресудуваш кој и што збори, дали е глупо или паметно, лага или вистина!
   1- не реков дека банката ќе ти ја издаде лиценцата за такци, туку доколку возилото ти е оставено како залог во банката, банката нема да ти дозволи да добиеш дозвола за вадење лиценца за такси возило, незнам што не ти е јасно :o
   2- врати се повторно и прочити го првиот член односно: да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај, самиот себе се негираш ;D
   3- да правно лице е и мало маалско дуќанче, а продавачот во него е физичко лице, но нема да бидат впишани во централниот регистар на Република Македонија и да имаат регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај, така да твоите услови одпаѓаат, бидејки на дуќанчето приоритетна дејност му е да продава леб и млеко, не да превезува патници и стока ;) условите за кредит не ги кажува аутомобиле ск, туку банката од која ќе биде подигнат кредитот, јави се и прашај, сабајле на мене така ми одговорија на прашањето дали може да ја купам линеата со 10% учество на 90 рати и да ја возам такси, одговорот на продавачот беше: нема да биде со тие услови бидејки условите во зависност од банката за такси возило се други ;) доколку не си знаел аутомобиле ск не е банка ;D
  
   Излезе дека твојот муабет за купување на такси возило со 10% или 15% учество е неточен, бидејки има разлика во дејноста која ја вршат правните/физичките лица, односно која е нивната примарна дејност ;) т.е. маалското дуќанче може да си зема една линеа со 15% учество :) бидејки не врши транспорт на патници и стока ;)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #98 на: 10 Април 2012, 02:36:13 am »
Се согласувам со ВТР Драјвер
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #99 на: 10 Април 2012, 08:32:18 am »
@gOJDO Внимавај малку на јазикот, ти не си никој фактор плус на форумот да пресудуваш кој и што збори, дали е глупо или паметно, лага или вистина!
Е добро де, ако не сум фактор што тогаш толку се вознемируваш? Јас не успеав да најдам поблаги зборови уште од сам почеток кога почна да ги пишуваш, но веднаш не ги нареков така за да оставам простор да ги корегираш.

Цитат
1- не реков дека банката ќе ти ја издаде лиценцата за такци, туку доколку возилото ти е оставено како залог во банката, банката нема да ти дозволи да добиеш дозвола за вадење лиценца за такси возило, незнам што не ти е јасно :o
А кого мислиш дека лажеш?  ::)
јас проверив во аутомобиле, и во неколку банки, и ми беше кажано да може да се земе со 10% учество само на физичко лице, и во никој случај нема да добиеш дозвола за вадење на лиценца за такси од страна на банката
Провери во неколку банки и ти рекоа дека нема да ти дадат дозвола за вадење на лиценца за такси од страна на банката? А?  ::)


Се согласувам со ВТР Драјвер
Се согласувам со Мечето.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #100 на: 10 Април 2012, 10:04:25 am »
Абе саатипол веќе нема нов пост овде, дајте малку поживо, почнав да ве гледам ко турска серија :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #101 на: 10 Април 2012, 10:09:28 am »
Гојдо учествува во сите вакви надмудрувања :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #102 на: 10 Април 2012, 10:59:05 am »
Не во сите, ама се трудам да не испуштам некое. :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #103 на: 10 Април 2012, 11:07:49 am »
Лелеее шо неразборит човек ќе беше, јака им душа на тие што се дружат со тебе :o

   Немам полза да лажам некого по форумот, незнам што ти е поентата дека лажам ::)
   Значи ти си појак и од банките, можеби си појак и од Чак Норис, бидејки само тој ќе може да ти издаде лиценца за такси ако купиш возило со 10% учество како правно/физичко лице, и оставено самото возило како гаранција ;)  
   Да проверив најпрво во аутомобиле, тие ми рекоа зависи од банката какви услови има, потоа прашав во комерцијална, ттк, стопанска банка и излезе дека начинот и условите им се слични на сите, кога возилото ти е заложено во банката, банката е таа која ти дава дозвола (документ со кој банката се согласува заложеното возило да се вози како такси) а градот во кој ти е регистрирана фирмата ти издава лиценца за такси, незнам што не ти е јасно :o јас ти реков: кажи ми која банка ќе даде со 10% да одам јас да си купам една линеа и да ја рентам за такси ???

Поздрав од мене ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фантастична понуда за таксисти!
« Одговори #104 на: 10 Април 2012, 11:32:03 am »
Неразбран сум, само Чак Норис може да ме разбере. Се залагам за мир во светот, но не се залагам за такси возила.
Ум шо идит отпосле не јет ум!