Нема врска со локалните дилери. Ни локалните дилери на европските/јапонските/корејските брендови не чуваат огромна залиха на делови на лагер, бидејќи е непотребно затварање на пари во делови.
Ама затоа самите брендови имаат огромни регионални логистички центри преку кои релативно брзо се добиваат делови. Со тоа што, самиот дилер одредува на колку време сака да носи делови. На пример, Порше Македонија едно време имаше достава од регионалниот центар во (мислам) Унгарија секој ден или секој втор ден - па ако нешто нема веднаш, ќе го има за неколку дена.
Кога ми го скршија стаклото од задната врата од возачка страна на Голфот го немаа стаклото на залиха - ама имав среќа и го донесоа стаклото за помалку од 24 часа.
Е сега, кинеските брендови во моментов немаат такви центри во Европа - а им требаат. Реално им требаат. Нема локалниот дилер на BMW на лагер задна десна врата за BMW F30, да речеме - ама во некаков логистички центар (дали во Германија, дали во друга земја) има. И ќе си ја повлече врата. Кинезите сега за сега немаат таква опција и деловите се носат од Кина - за што очигледно е потребно повеќе време.
Меѓутоа, не оставаат работите да останат така и во моментов работат на поставување на логистички центри. Многу од кинеските брендови отвараат европски канцеларии во Холандија (дали ради транспорт и логистика со брод, дали ради поволни бизнис услови, не знам, не навлегувам во тоа) и работат на поставување логистичка мрежа за поддршка и резервни делови. Мораат да го прават тоа, бидејќи тоа е начинот за опслужување. Глупо е сите дилери на Haval да држат на залиха задна десна врата за H6. Ама не е никаков проблем Great Wall да си отвори логистички центар за делови во Унгарија, Романија, било каде - и да има на залиха 5 задни врати за Haval H6 и кога има потреба, да ja прати некаде. Па кога ќе види дека се при крај вратите, да нарача уште од Кина.
Со тоа се елиминира (во голем дел) непотребното заглавување на пари во делови кои можеби ќе стојат и со години, а се овозможува (релативно) брз пристап до сите потребни делови.