Автор Тема: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C  (Прочитано 1106 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5468
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #15 на: 14 Јануари 2024, 11:35:16 am »
Тоа што пиша Никола,нема шо да е сложено во ова возило,али ако веќе не би се замарал, доволно е некој најазостанат сервис да бараш, по можност гаража по дома со некое чиче внатре, ќе ти ја оправи за 15 мин, не ти треба ни електричар засебно за ова. Секој шо работел со коли дури возевме сите со карбуратори ќе знае да ти ја оправи.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #16 на: 14 Јануари 2024, 11:54:44 am »
@nikola_bb
Можно да е маса. Инаку контакт бравата не работи, направена е да се пали на копче, така да може да прави некој проблем. Држи вода тоа што го збориш, ќе му кажам на автоелектричарот и тоа да го испита.
Верувам дека е едноставно, ама се помалку и помалку луѓе се нафаќаат да работат на колава, веројатно од причината што ја наведе @bear малку погоре. Единствено јас да поднаучам нешто па сам да средувам што можам. Како може да се испита контакт бравата? Ако имаш видео или некој артикл, слободно прати ми.


Ако не можеш да го направиш, монтирај од застава 101. Само горниот држач треба малку модификација да го направиш подолг и тоа е тоа, останатото е капаче на лонче.

Нашиот кадет го возевме со алтернатор од стокец, немаше проблеми, постоечкиот никако не можеа тогашни електричари да го оправат, цело време жареше сијаличката за акумулатор.
Со тој од стокец немаше мака.

Исто имај во предвид дека одоздола немаш заштитен капак и на секој поголем вир кога ќе поминуваш низ него, водата што прска може да прсне на каишницата и на секунда две да ти запали сијаличка за акумулатор бидејки пролизгува каишот од водата, ама не е страшно.
Може и таква варијанта, ама со татко ми сакавме да си стои се оригинално на него. Ако не може да се среди, тогаш ќе размислувам и за таа опција, ама мислам дека ќе го направат.


Тоа што пиша Никола,нема шо да е сложено во ова возило,али ако веќе не би се замарал, доволно е некој најазостанат сервис да бараш, по можност гаража по дома со некое чиче внатре, ќе ти ја оправи за 15 мин, не ти треба ни електричар засебно за ова. Секој шо работел со коли дури возевме сите со карбуратори ќе знае да ти ја оправи.
Имам и еден таков, можеби треба да појдам кај него пак. Последен пат коа бев кај него во моментот полнеше алтернаторот.
« Последно менување: 14 Јануари 2024, 12:04:13 pm Shuriken »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #17 на: 14 Јануари 2024, 12:44:59 pm »
На копче палиш?
Претпоставувам контакт преку тастер даваш?

Најверојатно тастерот те дупи, слично му се деси и на татко ми со симката (и нејзе се заеба бравата па скапчијата Драги стави тастер и копче пред едно 20 години).

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
    • MVP Ring
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #18 на: 14 Јануари 2024, 13:56:19 pm »
Ако имаш унимер, многу лесно ќе го најдеш проблемот. КрисФикс има одлично видео како да го тестираш алтернаторот и каблите.

На кадетот ти е се на тацна, имаш простор се да провериш детално.

https://youtu.be/LGB6ZEjGm7Q?si=viNXnCnikenfmYa_

Sent from my LM-V450 using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #19 на: 15 Јануари 2024, 13:13:54 pm »
Види дали ќе ти се нафати Ванчо електричарот, што има работилница Хелас до Енерго систем (екс Ино спектар), од Мотоцентар (Усје) према Припор, раскопаната уличка (каде има неколку работилници и автолакер Тони мислам), само оди после 11 часот
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #20 на: 26 Јануари 2024, 08:36:28 am »
Фала ви на сите, проблемот е среден. Испадната беше жицата што води до индикаторот за алтернаторот на шалт таблата. Сега полни одлично.