@bear Да, сега ќе му пишам, одлично го средил Кадетот. И јас мислам дека е нешто до каблите, ама не сум стручен.
@Mikius Да, во право си. Не ми е во план да заштедам, па да не се заврши работата, само што првата реакција на другариве што ги прашав да ми препорачаат автоелектричар беше дека бил многу скап. Јас искрено не сум бил кај него, ама можам да отидам да разговарам, па ќе видиме.
@kimi makedonski На 2-3 места го тестираа и ми рекоа дека не полни. Мајсторот што го ѕирна рече дека веројатно е до тој главниот кабел (кородирал) што влегува во алтернаторот, ама немаше време да го среди. Иначе проблемов се влече подолго време, само еднаш целосно изгуби струја пред месец дена а сум го возел од тогаш и не ми се случило пак.
Истата работа му се има случено на татко ми кога одел на пат, во сред вожња изгубил струја и после некое време установил дека испаднал цел џек од алтернаторот, па го фиксиравме со стега. Стегата уште си стои, така да не е тоа. Не знам, ама по некоја логика ако има потрошувачка на струја а алтернаторот не ја "врти", зашто не би се изгасила колата?
https://imgur.com/a/5BZtDTEПретпоставувам дека индикаторот за алтернаторот е сликичката од акумулатор во втор ред, средина. Доколку свети, алтернаторот не полни?