Автор Тема: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C  (Прочитано 1162 пати)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Поздрав,
Се работи за Opel Kadett C 1.2 од 1976 година, имам проблем со алтернаторот, од одредена причина час го полни, час не го полни акумулаторот. Повеќето мајстори не се нафаќаат да работат на толку стара кола, па ми треба некој што работи и со олдтајмери.
Би сакал да е во околина на Аеродром затоа што акумулаторот е доста ослабнат и не ми се ризикува да го возам на подолга релација бидејќи еднаш целосно ми изгуби струја во вожња.
« Последно менување: 14 Јануари 2024, 10:16:40 am Shuriken »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Препорачајте авто-електричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #1 на: 13 Јануари 2024, 21:59:15 pm »
Како губи струја? Ти се губат сите 2 сијалички на шалтабла? Да не ти е масата зарѓана, или губи контакт?

На тема : Сервис Искра, локација, југодрво (пред олимписки базен), до новата насада зграда се. (имам гледано стари коли, додуша фичовци, кај нив)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Препорачајте авто-електричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #2 на: 13 Јануари 2024, 22:11:32 pm »
Да, понекогаш се губат. Можно е, така рече и мајсторот што ја виде колата, само му се собра многу работа и никако мојава да дојде на ред.

Да не се вика Драги мајсторот? Не знам како се вика сервисот точно, ама одма е тука на булеварот. Битно ми е да ја видат колата и конечно да ја средат, да не чекам со денови.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Препорачајте авто-електричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #3 на: 13 Јануари 2024, 22:58:25 pm »
Драги се вика мајсторот, поточно газдата :D
Но знае да засука ракави ако затреба :)

Кога бевме возачи почетници тој возеше кадет д, би требало да се сеќава нешто од опели ;)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Препорачајте авто-електричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #4 на: 13 Јануари 2024, 23:03:24 pm »
Дали работи во недела? Искрен да бидам, ме исплашија 2-3 другари за тој сервис, ми рекоа дека бил доста скап па ме пратија кај друг, ама од одредени причини не завршив работа.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Препорачајте авто-електричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #5 на: 13 Јануари 2024, 23:55:05 pm »
Пред да го носиш по сервиси, пиши му на @МулевР . Он и татко му средија од корен, кадет ц. Нека ти даде совет, или да ти каже каде е уземљен кабелот, па стегни го салам. Ако не е тоа, идеме на друг проблем. Јас типувам на некаков кабел, бидејќи те има контакт, те нема.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Препорачајте авто-електричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #6 на: 14 Јануари 2024, 00:00:00 am »
Не работи во недела.
А тоа дека бил скап?
Како да ти кажам, скапотојата е релативна работа, тоа што мене не ми е скапо, некому е скапо.
Или си го цени трудот и знаењето, или па работи со поквалитетни делови, што знам...
Ете, се мачиш, не можеш да завршиш работа, тие што се поевтини не им се исплатело да ти завршат работа...

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Препорачајте авто-електричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #7 на: 14 Јануари 2024, 09:17:41 am »
Алтернаторот на кадетот се вади за 10 минути максимум. Извади го и однеси го на сервис за алтернатори ако си сигурен дека е до него. Кадетот има индикатор за алтернатор ако не полни на таблата.
Но моментот со губењето на струја мене ми укажува на проблем различен од алтернатор. Со алтернатор ќе ти се испразни акумулаторот постепено и нема да запали следен пат. Но да снема целосно струја во возење затоа што алтернаторот не полни нема логика. Попрво види некаде да немаш проблем со инсталација.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #8 на: 14 Јануари 2024, 10:09:59 am »
@bear
Да, сега ќе му пишам, одлично го средил Кадетот. И јас мислам дека е нешто до каблите, ама не сум стручен.

@Mikius
Да, во право си. Не ми е во план да заштедам, па да не се заврши работата, само што првата реакција на другариве што ги прашав да ми препорачаат автоелектричар беше дека бил многу скап. Јас искрено не сум бил кај него, ама можам да отидам да разговарам, па ќе видиме.

@kimi makedonski
На 2-3 места го тестираа и ми рекоа дека не полни. Мајсторот што го ѕирна рече дека веројатно е до тој главниот кабел (кородирал) што влегува во алтернаторот, ама немаше време да го среди. Иначе проблемов се влече подолго време, само еднаш целосно изгуби струја пред месец дена а сум го возел од тогаш и не ми се случило пак.
Истата работа му се има случено на татко ми кога одел на пат, во сред вожња изгубил струја и после некое време установил дека испаднал цел џек од алтернаторот, па го фиксиравме со стега. Стегата уште си стои, така да не е тоа. Не знам, ама по некоја логика ако има потрошувачка на струја а алтернаторот не ја "врти", зашто не би се изгасила колата?

https://imgur.com/a/5BZtDTE
Претпоставувам дека индикаторот за алтернаторот е сликичката од акумулатор во втор ред, средина. Доколку свети, алтернаторот не полни?
« Последно менување: 14 Јануари 2024, 10:17:00 am Shuriken »

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #9 на: 14 Јануари 2024, 10:42:49 am »

Ke vozi so strujata od akumulatorot ako alternatorot ne polni. Gledam deka nemas znaenje na temava, no verojatno imas interes da naucis. Eve nesto za pocetok nekoja osnova:
https://studentlesson.com/charging-system-definition-functions-parts-working/

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #10 на: 14 Јануари 2024, 10:56:32 am »
Колава ви е дејли кар?

Инаку, не се нафаќаат да работат, прво затоа што е 50години стара, и едно отштрафи, друго се расипало или оштетило од старост, второ, затоа што се научени сега занаетчиите да дерат со цени, и веројатно се срамат во твој случај.  ;D
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #11 на: 14 Јануари 2024, 11:14:55 am »

Види колку е едноставно за работа. Дури и да треба цела инсталација да ја смениш 10 кабли се вкупно.

На кадетот полесно е да извадиш мотор отколку да сменам сијалица на хондата.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #12 на: 14 Јануари 2024, 11:19:10 am »
@nikola_bb
Не сум експерт, ама не сум ни до толку лаик. Јасно ми дека акумулаторот е батерија како и секоја друга и дека алтернаторот механичката енергија ја претвора во електрична. Само што ако алтернаторот не функционирал подолго време и таа батерија се потрошила? Зошто тогаш не би изгасила колата? Акумулаторот исто така е најмалку 2-3 години стар и не е во перфектна кондиција.

Колава ви е дејли кар?

Инаку, не се нафаќаат да работат, прво затоа што е 50години стара, и едно отштрафи, друго се расипало или оштетило од старост, второ, затоа што се научени сега занаетчиите да дерат со цени, и веројатно се срамат во твој случај.  ;D
Па може да се каже да. Имам и друга кола, ама моментално имаме потреба од две коли, па јас ја возам оваа додека не решам што ќе правам со неа. Жал ми е некако да ја продадам затоа што сакам олдтајмери, ама дефинитивно има доста работа во неа.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Види колку е едноставно за работа. Дури и да треба цела инсталација да ја смениш 10 кабли се вкупно.

На кадетот полесно е да извадиш мотор отколку да сменам сијалица на хондата.
Баш од оваа причина немам срце да го продадам. Некогаш ќе ми дојде преку глава се, затоа што моментално не сум решен да ја средам темелно, па вака парцијално решавам некои проблеми што превенираат да ја возам.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #13 на: 14 Јануари 2024, 11:24:54 am »

Nemoze tolku da se isprazni. Taa kola nema elektronika i akumulatorot i da se isprazni do 8v pak ke tinjaat sijalickite, nema da ja izgubis cela struja.
Vo tvojov slucaj ili masa ili kontakt brava, moja pretpostavka.
Tolku prosta e kolava da ti e merak da rabotis na nea. Se resava so eden prost unimer staven na merenje otpornost i par merenja veruvam ne povekje od 15-20min.

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Препорачајте автоелектричар од Скопје за Opel Kadett C
« Одговори #14 на: 14 Јануари 2024, 11:32:26 am »
Ако не можеш да го направиш, монтирај од застава 101. Само горниот држач треба малку модификација да го направиш подолг и тоа е тоа, останатото е капаче на лонче.

Нашиот кадет го возевме со алтернатор од стокец, немаше проблеми, постоечкиот никако не можеа тогашни електричари да го оправат, цело време жареше сијаличката за акумулатор.
Со тој од стокец немаше мака.

Исто имај во предвид дека одоздола немаш заштитен капак и на секој поголем вир кога ќе поминуваш низ него, водата што прска може да прсне на каишницата и на секунда две да ти запали сијаличка за акумулатор бидејки пролизгува каишот од водата, ама не е страшно.