Скијатос ми е во план одамна, меѓутоа заедно со Скопелос и Алонисос т.е пример 5-6 ноќевања на Скијатос, по 2 на другите острови.
Само не сум сигурен дека сакам таму да одам годинава, а и некако е прескап траектов, отсекогаш. Кога веќе возам до Волос - ќе се спуштам и до Атина, па на источен Крит пошо траектот и не е многу поскап од тој од Волос до Скијатос.
Девојкава ме запиња за Италија некаде, никогаш не била, а и јас не сум бил на островите. Затоа отпаѓаат Португалија, Мајорка.
Исто така и Кипар е одлична опција за во октомври.
Ќе седнам после нова година да видам како се конекциите со летовите, во кој регион да гледам сместувања, цена на истите, рент...
Во краен случај доколку е скапо за Италија и Кипар - ќе одам 5 дена Лефкада и 5 дена Кефалонија. Јас сум бил, меѓутоа девојкава не е (а бевме Крф, Закинтос), па да ги заокружи Јонските.
A и мене би ми било наједноставно за организирање пошто јас сум планерот, госпожата се пакува само и трга.