Се одлучив во МК да го сервисирам па го возев 2200 км од Делфт > Скопје. Иако ништо му немав сменето со никаков проблем стигнав до МК, не фали ниту уље ниту вода, температура си е океј, не тече од нигде, потрошувачка 9.1л/100км.
Али од како почнав во Скопје да возам:
1. Дознав дека стабилизаторите/виљушките или нешто слично во предницата се за мењеање.
2. Нема апсолутно никаква разлика во горивото помеѓу Shell V-Power 98 од Холандија и Макпетрол ULTRA 100 Race Pro у МК.
3. Во Делфт низ град троши 12л/100км, али во Скопје троши 18л/100км, на автопат си троши скроз исто така не е до горивото, туку Скопје е ултимејт тест за градска потрошња.