@Co9099 до каде е работата? Имаш тазе слики.
Да, возилото е моментално на пристаниште и чека следен брод за Грција. Не сум имал време да припремам се. Еве слики и детален опис од возилото на крајот на постот.
Ова иде одма во ѓубре:
и ова панасоников
Позитивни работи:
1. Само предното лево крило е фарбано, другото е фабрички, никаде не двои - барем вака на слики (што е реално скоро невозможно на сива металик боја, но јапонциве добро го исфарбале), многу мали останати каросериски оштетувања што не се ни забележуваат.
2. Одржувано е исклучително во Порше, им пратив маил и ми потврдија целата историја, ми кажаа дека имало сервисни стикери кои се наоѓаат под хаубата (датумите се на Јапонски формат, немам појма како се читаат):
3. Најважната фабричка грешка (recalls) за овој модел е поправена во Порше уште во 2013. Оваа грешка е: лоши штрафови на брегаста кои се кршат и криват вентили (буквално го уништуваат моторот).
4. Гумите се од 2022, Pirelli по фабрички спецификации (run flat) така да не ја штедел.
5. Воздушната суспензија работи без проблем.
Негативни работи:
1. Има афтермаркет радио и навигација (Панасоник), така да ќе треба да дадам некои 500+ евра за оригинално радио.
2. Скршено дугме за прозор.
3. Проблем со кочници: Возилото кочи, но човеков што го зема ми кажа дека кочи чудно, педалата е премногу мека.
4. Електричната рачна работи но јавува грешка. Гуглав и најдов дека таа се појавува поради низок глицерин, така да може да има и тоа врска.