Автор Тема: Problemi na noviot Tucson  (Прочитано 15474 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #180 на: 05 Април 2024, 13:16:08 pm »
На темата:
Гледам дека е пишувано околу регенерација.
Која регенерација е подобра? Кога има циркулација на воздух, колата убаво си работи на автопат, добар проток на воздух или на паркинг или семафор? Колку коли се запалиле од ДПФ? ДПФ достигнува температура од 800 степени, дали би дозволиле тоа да го направи во место? И дали би го направиле тоа со присилна регенерација кај некој "дијагностичар" во гаража без проток на воздух??

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #181 на: 05 Април 2024, 13:25:59 pm »
Зошто го ебавате форумов? (Пардон на францускиот)
А ти со овој пост што всушност правиш, и од тебе прочитав неколку дезинформации на темава.

Затоа потенцирам пардон на францускиот :)

Mikius друже, не планирам да ти го хранам муабетот и да влегувам во некаков измислен конфликт со тебе.

Претеруваш на секој чекор со коментарите и со ставовите.

Ај маливе можеби ќе ги напалиш да скокаат по тебе и да се контрираат, со нас постарите поинаку е.

Не е мое да патролирам на форумов ама како дел од него 13 години, да држеме некое ниво на комуникација а?
Лорд, сосема ти се погрешни претпоставките што го пласираше.

Тоа што имаш стаж на форумов не значи ништо, ниту па барам некое внимание, едноставно пишувам од искуство, а ова погоре е од искуство.
Со ништо не го предизвикав коментарот на Томи.
Тој коментар може само да помали некој кој е во проблем со колата да изреагира емотивно и повторно ништо нема да постигне.
Малку о јас знам да провоцира кога ќе прочитам небулоза и толку.

И конечно никогаш не сум го спуштил нивото на комуникација како одредени членови, ама па и не сум плачел :)

Но факт е дека имаш и ти тресено од ракав на темава.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #182 на: 05 Април 2024, 15:58:17 pm »
Јас ти го кажав ставот. Не навлегувам во понатамошни дебати за тресење од ракав и слични провокации :)

На крај на денот сакам на раат пиво да испиеме кога ќе се видиме :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #183 на: 05 Април 2024, 16:27:17 pm »
Јас ти го кажав ставот. Не навлегувам во понатамошни дебати за тресење од ракав и слични провокации :)

На крај на денот сакам на раат пиво да испиеме кога ќе се видиме :)
Зошто мислиш дека те провоцирам кога ти кажувам дека си кажал неточни работи?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #184 на: 05 Април 2024, 17:27:06 pm »
Nego duri se vregjate kaj e muabetot za dpf?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #185 на: 05 Април 2024, 17:29:09 pm »
На темата:
Гледам дека е пишувано околу регенерација.
Која регенерација е подобра? Кога има циркулација на воздух, колата убаво си работи на автопат, добар проток на воздух или на паркинг или семафор? Колку коли се запалиле од ДПФ? ДПФ достигнува температура од 800 степени, дали би дозволиле тоа да го направи во место? И дали би го направиле тоа со присилна регенерација кај некој "дијагностичар" во гаража без проток на воздух??
Нема тука што да се дискутира која регенерација е подобра.
На нет ќе најдеш дека постојат 3 Вида регенерација, пасивна, активна и присилна.
На мојата кола не приметував воопшто дека се случува активна регенерација и сметав дека се одвива пасивната регенерација бидејки често излегував на автопат.
На времето на сите линкови како во хор описот за пасивна регенерација беше дека при подолга вожња и константна висока брзина (автопат) дпф би се загреат доволно за саѓите да почнат да согоруваат, за таа цел дпф го сместувале веднаш по издувната грана.
Прво ВлаткоКЛП ми укажа дека пасивна не се случува, потоа и самиот неколку пати увидов дека во историја стои успешно завршена активна пред толку км. Кога ќе се пресметаше испаѓаше дека сум бил на автопат и дека не сум ја приметил.
И ден денес не можам по ништо да осетам кога се одвива.
Активна регенерација се разликува од возило до возило и ќе си побараш за конкретно возило.
Присилна регенерација ја покренуваат во сервис откако повеќе пати активната нема успешно да заврши и моторот ќе влезе во лимп.

Доколку дојде момент за присилна регенерација постапката 100% би ја доверил на овластен сервис.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #186 на: 05 Април 2024, 19:18:53 pm »
Зошто го ебавате форумов? (Пардон на францускиот)
А ти со овој пост што всушност правиш, и од тебе прочитав неколку дезинформации на темава.

Затоа потенцирам пардон на францускиот :)

Mikius друже, не планирам да ти го хранам муабетот и да влегувам во некаков измислен конфликт со тебе.

Претеруваш на секој чекор со коментарите и со ставовите.

Ај маливе можеби ќе ги напалиш да скокаат по тебе и да се контрираат, со нас постарите поинаку е.

Не е мое да патролирам на форумов ама како дел од него 13 години, да држеме некое ниво на комуникација а?
Лорд, сосема ти се погрешни претпоставките што го пласираше.

Со ништо не го предизвикав коментарот на Томи.


Taка, тоа што ме нарече дебил, муабети како тресеш зелени, состојба на ум, мутав човек се комплименти. Една работа можеби не знаеш за мене, на форумов сум мноогу одамна, и има членови што фала богу ме познаваат и сме и приватно пријатели. Ми пишаа со каква тетка си имам работа зашто те читаат подолго време, еве, пак јавно ти кажуваат да престанеш со навреди и провокации, па затоа и престанав да ти давам на значење. Требаше првиот сигнал да ми биде бисерот дека "само успешни бизнисмени носат Ајфон". Од вакви како тебе стринки, еден куп луѓе си отидоа од форумот.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #187 на: 05 Април 2024, 19:23:49 pm »
Не се мешам во ситуацијата.
Само знам дека нови членови не ни има на форумов, многу го напуштија, луѓе кои стварно имаат добар занает и може да придонесат барем со совет, жално, нарушен е скроз изгледот на КК.

Отсутен Astra 08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 179
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #188 на: 05 Април 2024, 21:11:16 pm »
Zal mi e sto prasav, a bas me interesirase sto napravi dekicot so Mi-Da ne tolku so regeneracijata.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #189 на: 05 Април 2024, 21:56:42 pm »
Zal mi e sto prasav, a bas me interesirase sto napravi dekicot so Mi-Da ne tolku so regeneracijata.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk
Не направил ништо, и реално не ни можел, си чека нов софтвер.
Тоа со софтверот не измислуваат од сервисот, сигурно се имаат консултирано и си следат процедура и насоки дадени од "штабот" на Хјундаи.
Освен ако не е нечиј син, но во тој случај немаше да отвара тема тука.

Отсутен dekicot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #190 на: 12 Април 2024, 12:35:03 pm »
Здраво дечки, малку бев одсутен, но еве ме повторно. После консултации со неколку адвокати, нивниот предлог беше да се чека новиот софтвер и да се види дали ќе има резултат од истиот, доколку и после нема резултат тогаш ДРУГА ПЕСНА.

Денес треба да го земам возилото, направена е надградба на софтвер и ќе видам како би се однесувало.

Во меѓувреме налетав на сопственик на исто возило кој што веќе има направено надградба на софтвер и на почеток се е Ок, а после некое време повторно му се појавува проблемот. МиДа го убедува дека овај пат кај него е стварно  физички проблем со ДПФ (со тоа што претходните пати го немаат менувано кај него, туку само го чистеле), така да мислам дека има логика.

По се останува, да го земам, ќе пробам и секако ќе ве известам дали е решен проблемот или не. Реално, изгледа на светско ниво е проблемот и во нивен интерес е брзо да го решат.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #191 на: 12 Април 2024, 12:52:16 pm »
Почни лото да играш другар каква срека имаш да те заломи тебе на светско ниво овој проблем и да влеташ у тој микро % , шта речи , издржи

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #192 на: 13 Април 2024, 00:41:01 am »
Зошто каква среќа има,така се погодило и тоа е тоа.
Еве јав возам  W204 од 2010г купен на старо,па 3г со ред ми праќаат писмо од овластен сервис да го носам на проверка за воздушните перничиња.
Јас од немање време не им одговарам и последно писмо е дека судски ќе ме гонат.
Им пишав меил,да дојдат од пред зграда да го земат,да средат тоа што треба,да ми дадат документ и да ми го вратат пред зграда.
Чекам да видам што ќе испадни... :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #193 на: 13 Април 2024, 07:54:15 am »
Здраво дечки, малку бев одсутен, но еве ме повторно. После консултации со неколку адвокати, нивниот предлог беше да се чека новиот софтвер и да се види дали ќе има резултат од истиот, доколку и после нема резултат тогаш ДРУГА ПЕСНА.

Денес треба да го земам возилото, направена е надградба на софтвер и ќе видам како би се однесувало.

Во меѓувреме налетав на сопственик на исто возило кој што веќе има направено надградба на софтвер и на почеток се е Ок, а после некое време повторно му се појавува проблемот. МиДа го убедува дека овај пат кај него е стварно  физички проблем со ДПФ (со тоа што претходните пати го немаат менувано кај него, туку само го чистеле), така да мислам дека има логика.

По се останува, да го земам, ќе пробам и секако ќе ве известам дали е решен проблемот или не. Реално, изгледа на светско ниво е проблемот и во нивен интерес е брзо да го решат.
Што брборев јас уназад.

Ќе додадам дека и да се појави повторно проблемот сеуште ќе биде дискутабилно моментот за добивање нова кола (не дека невозможно) :)
Сепак не е тостер па ај нов тостер откако 4пати се расипал :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Problemi na noviot Tucson
« Одговори #194 на: 13 Април 2024, 08:46:46 am »
Извинете за оф топик

Ако може да се верува дека нема некоја финта во позадина со целиот случај, поврзана со лош маркетинг итн итн.



на дечкиве им рикна мењач на нов Санта Фе после 50тина км и го однесоа на сервис:

https://youtu.be/dEKVNSh1NdU?si=LCYzrc_6za4nhipu


Во сервис им смениле комплет мењач:

https://youtu.be/u4fnF-d5g5o?si=4nnkud2VxO1G7akG


Sent from my iPhone using Tapatalk