Во врска со регенерација на дпф пред неколку години со
@vlatko.klp имавме мала полемика при што испадна дека е апсолутно во право, и се што има пишано во темава е апсолутно точно.
Баталете и нтернет што пишува, прилично лажат.
Во врска со гаранција се изначитав прилично глупости.
Следниве работи мора да се знаат:
Пред некое време за некоја Шкода во врска со кочници еден член имаше пишано дека налогот бил отворен и покрај тоа што возилото било вратено без да се поправи.
Тоа е една манипулација, налог се затвара со чинот на преземање на возилото од страна на сопственикот без разлика дали е нешто поправено или не.
Тие налози потоа служат како доказ при евентуален спор за време на гарантен рок.
Доколку се остава возилото на подолг рок на сервисирање под гарантен рок, мора да биде обезбедено заменско возило доколку тоа биде побарано.
Ова сега не сум сигурен, а не мрзи да копам да најдам колку точно денови беа во прашање.
Возилото не може да биде задржано на сервис подолго од 45? денови, во спротивно на сопственикот му следува ново возило.
Значи не може да ти го држат со месеци возилото на сервис и да те мавтаат.
Никако старо за ново и слични предлози да се прифаќаат, доколку се исполнат гарантните услови исклучиво нова кола, а доколку истата не е повеќе достапна може да се побара враќање на финансиски средства доколу не се договорат странките поинаку.
Во врска со општите услови 3 пати да се сервисира па да следува нов производ, мислам дека имаше некоја цака па не можеше да се примени во целост кај возила, ама тоа со адвокат најдобро, ако веќе се оди на нож.
Ако после 2 пати сервисирање ист дефект повторно се јави истиот па да следува нов производ не е новина, пред околу 10 години со телевизор се повикав на таа одредба, ама не успеав бидејки не бев покриен со налози па дпи не можеше ништо, среќа рикна 4ти пат и си добив нов тв. Не би знаел дали истава одредба може да се примени за возило, во конкретниов случај можеби попрво да се стави нов мотор, отколку цело ново возило, сепак со адвокат најдобро.
Значи, секако водете сметка со налозите.
За крај, ако од сервисот кажале дека чекаат нов софтвер, нема друго освен да се послуша и да се чека, и никако надвор од овластен сервис ниту за ѕивана.
Во меѓувреме може да се побараат повластици, ама тоа ако ако
@dekicot има харизма😄
Нешто као кога некому во салон му даваат јак попуст, а некому ташак😁