Автор Тема: Volvo V60 Recharge Inscription  (Прочитано 13814 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #165 на: 23 Мај 2024, 23:00:08 pm »


 :-*
« Последно менување: 24 Мај 2024, 09:07:11 am velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #166 на: 27 Јуни 2024, 14:58:47 pm »
Количето е топ, бидејќи и сам терам волво кога имам време тарашкам по форуми. Налетав на една тема која можеби ти е потенцијален проблем и верувам дека вреди да ја погледнеш(знам дека е за друго модел, ама немав време да истражувам дали и на твојов е мана):

https://www.swedespeed.com/threads/moisture-in-headlights-take-a-look-here.646316/

изгледа познат проблем, на крајот од темата имаш официјален документ за ‘превенција‘. Глупо би било ако е познат проблем да не напраиш превентива.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #167 на: 30 Јули 2024, 13:45:12 pm »
Истеран одмор до источно море у северна Германија + два дена во Хамбург :)

3 возрасни во кола + 2 деца, товарени, со Туле на кров.

Не е обраќано внимание на потрошувачка, се возеше во комбинирани услови, на автопат до 150, чат - пат застои, ама без преголеми задржувања, на регионални до +10 од знаци, низ град, градски.

Поминати 994 км, потрошени 65.95 литри бензин, 68.30 кВч струја, регенерирани 40.20 кВч струја. Просеци: 6.63 л/100 км бензин, 6.87 кВч/100 км потрошена струја, 4.04 кВч /100 регенерирана струја, или еве ако ги пребиеме, 2.83 кВч / 100 км.

--

Непосредно пред одморот, еден од амортизерите на задната врата (багажник) почна да прави звуци и да ме нервира.
За време на одморот договарав со салонот од кај што ја купивме колата и со друг овластен хендлер на Волво, па после малце пинг-понг, прошла недела беа заменети двата амортизера под гаранција.


« Последно менување: 30 Јули 2024, 13:51:13 pm velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #168 на: 21 Октомври 2024, 22:12:37 pm »
Прошла недела истеравме краток есенски одмор во Холандија.

Времето така-така, есенско, ама океј беше, успеавме да одмориме, да пливаме у базен, децата возеа колички, напраивме излети со точкови и така, сѐ на сѐ, убаво.

4ца во кола, 4 точаци (2 горе, 2 на носач на кука), багажникот убаво товарен.

Поминати 584 километри, без премногу пазење, ама и без занесување, пошо ипак колата си носеше кабаст товар, па ми беше малце шубе :)
Потрошени 31.61 литри бензин, 44.5 кВч струја, регенерирани 28.4 кВч струја. Ако ја „пребиеме“ струјата, потрошувачката на гориво ќе му дојде 5.41 л/100 км бензин и околу 2.76 кВч / 100 км.







The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #169 на: 28 Октомври 2024, 11:04:59 am »
Во саботата сменив летен сет со зимски.



Поминати 9778 км со летниот сет, кој сега е ставен на сталак у гаража да си одмара.

Интересен феномен ми е моментот што со летниот сет (19ки со Michelin Primacy 4) вожњата е поудобна отколку со зимскиот сет (18ки со Continental WinterContact), особено пошо зимските би требало да се помеки, ем бандажите се едно бројче помали.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #170 на: 28 Октомври 2024, 12:18:41 pm »
Да не ти се зимските повеќе возени, те потрошени? Мада може и да е до самите гуми и самиот сетап на колата.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #171 на: 28 Октомври 2024, 12:37:36 pm »
Може и да е тоа случај.

Мишелинките се потазе, мада сите се 21во годиште.

Работата е што не можам да знам претходно колку биле возени, пошто ми ги дадоа со 18ките бандажи.
Ќе видам, здравје за наредна зима може ќе ги сменам зимските, или барем две од нив, пошто две се ТЅ850Р, две се ТЅ870Р.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #172 на: 28 Октомври 2024, 23:06:55 pm »
Да не се некоја XL верзија? Или runflat?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #173 на: 29 Октомври 2024, 00:39:25 am »
XL се, и напред, и назад (870 и 850).

Појачани ѕидови, поголема носивост а у? Нешто тоа е фазонот?

На Мишелинките стои "Extra Load", претпоставувам дека е истото, со таа разлика што, Мишелинките се сепак поудобни за возење.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #174 на: 11 Декември 2024, 18:07:02 pm »
Еве за евиденција, на 06.12 направен редовен сервис во салонот од каде што ја купивме колата, на 36012 км, односно после поминати 14426 км.

Инспекција, прегледи, чуда, врагои, промена на масло и филтри - 360 евра. Да бидам искрен, очекував повеќе дека ќе биде.




Газој ли се газој :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #175 на: 11 Декември 2024, 22:26:26 pm »
Ефтин сервисот нема што.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #176 на: 12 Декември 2024, 23:10:24 pm »
Собира full size кофчег позади? Мислам, ако затреба нешто ќеш хонорарно као

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #177 на: 13 Декември 2024, 01:05:49 am »
Собира full size кофчег позади? Мислам, ако затреба нешто ќеш хонорарно као

Миле, ова доаѓа со дефибрилатор. Ќе го воскреснеш.