Апдејт 1...
Колава е феноменална. Сите сме презадоволни од изборот што го направивме, и уште повеќе, што ете успеавме со невестата да си исполниме уште една огромна желба.
Вожњата е удобна, иако понекогаш на некои локални патчиња малце премногу се осеќаат и слушаат нерамнините. Кога е на струја, тишината е дури малце застрашувачка, ама комфорна.
Тегне ко лудо малтене на најнежно „цапнување“, и безосетно забрзува до кај 170. При возење на отворено, активирањето на бензинецот е комплетно безосетно, додека на пониски брзини се слуша и се осеќа кога се активира.
Колата си препознава со кој клуч е отворена, и си ги подесува преференците соодветно - седишта, ретровизори, клима, радио итн. Тоа на моја голема радост, пошо не морам да се замарам со подесување на седишта
Тоа што порано мислев дека е „гимик“ сега ми е веќе секојдневие - отварање / затварање на багажникот со „мафтање“ на ногата под браник. Убавина што никад не сум очекувал дека ќе ми се најде
Она што не знам, е дали може да се стопира багажната врата на сред отварање, ако ете не сакам целата до крај да се отвори. На пример, во гаража со низок таван и слично.
За потрошувачка е малце тешко да се пресмета, поради начинот на кој што се троши горивото. „Регуларна“ математика ќе биде тешка да се изигра, поради полнењата со струја, и возењето на бензин, кога батеријата ќе се истроши. Како релевантни информации ќе ги земам податоците од апликацијата на телефон, пошто иначе стварно е тешко да се држи чекор. Апликацијата си има дневник, каде што се заведени сите податоци за возењето - времетраење, дистанца, потрошувачка / регенерација на струја, севкупна потрошувачка на гориво итн. Секако е подобро осмислена и направена, од било кој Ексел што ќе се измалтретирам да го дотерувам, или од постоечките апликации кои ги користев до сега: Fuelly и Spritmonitor.
Бензин наточив 30 литри кога ја купивме, покажа малце над пола резервоар. До сега имаме поминато 458 километри, индикаторот вчера се спушти на пола резервоар. Според апликацијата, просечна потрошувачка до сега е 4,2 л / 100 км.
Некој имаше спомнато да споредам со Инсигнијата. Не се споредува. Во никој аспект.