По претставувањето на новата генерација на бензински мотори од фамилијата „Earth Dreams Technology”, Honda ја претставува и новата генерација на дизел коj ќе биде сериозен конкурент во Европа.
Дизелот од новата генерација е директен предизвик за европските производители најавува главниот инженер за развој на мотори на Honda, Џунџи Јамано, а пред се новиот дизел на нишан ги држи моторот 1.6 TDI на групацијата Volkswagen.
Моторот на Honda има зафатнина од 1.6 литри, директно вшприцување и трубо натполнење. Остварува моќност од 120 КС и максимален вртежен момент од 300 Nm, додека емисијата на јаглероден диоксид е пониска од 100 g/km.
Предноста што го краси моторот покрај современите технологии и начин на градба е ниската тежина од едвај 160 килограми кои го претвораат во најлесен мотор во категоријата дизели од 1.6 литри.
Создавањето на бисер од мотор е нормално за Honda. Инженерите сеуште не ги откриваат деталите за него, сепак Јамано е полн со оптимизам и верува дека неговиот тим создал нешто единствено.
„Ќе биде прекрасно чувство доколку успееме на нашите европски конкуренти да им приредиме неколку ноќи без сон. Јас верувам дека ќе биде така бидејќи направивме мотор кој по ништо не остапува од современите правци на градба на мотори и ги имплементира сите современи технологии,” изјавува Јамано.
Новиот мотор светската премиера ќе ја доживее следната година на есен на салонот во Париз, заедно со новиот Civic, a ќе се произведува во фабриката на Honda во Свиндон, Велика Британија.
http://www.vozi.com.mk/vesti/honda-so-nov-dizel.html