Автор Тема: Bridgestone вози со гума без воздух  (Прочитано 2153 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Bridgestone вози со гума без воздух
« на: 13 Декември 2011, 09:47:21 am »
Bridgestone прикажа нов концепт на автомобилски гуми кои не се полнат со воздух, а според производителот ќе нудат исти карактеристики како и обичните гуми кога развојот ќе биде завршен.


Концептот не е нов. Michelin уште во 2006 година излезе со една ваква идеја која го носеше името Tweel како кованица од Tire – гума и Wheel – тркало, но нивниот проект не доби зелено светло за понатамошен развој.

За разлика од Французите, Јапонците сериозно влегуваат во проектот и имаат амбиции да стигнат до сериско производство. Во суштина проектот на Bridgestone не е претставува класична гума.

Станува збор за тркало кое се состои од носечки дел, бандаж, и полно еластични спици кои го исполнуваат просторот меѓу бандажот и гумата и ја носат тежината на автомобилот и ги прифаќаат надолжните и напречните напрегања.

Конструкцијата на Bridgestone потполно ја елиминира потребата од воздух и опасноста од дупнување кое може да ја наруши стабилноста на автомобилот и предизвика несреќа.

Материјалот од кој е направена концептуалната гума-тркало без воздух е комплетно развиен и изработен во лабораториите на Bridgestone и станува збор за еден вид термопластична смола.

Нејзината обработка е строго чувана тајна, но инженерите велат дека по обработката таа ги има потребните својства не еластичност и цврстина кои обезбедуваат многу покомфорно возење од обичната гума.

Развојниот тим за сега не дава информации за тоа колква е трајноста на една ваква гума, колкави се напрегањата што може да ги издржи и со колкава максимална брзина може да вози без оштетувања.

Според инженерите овие информации сеуште се утврдуваат по експериментален пат и кога ќе се констатираат вредностите ќе бидат обелоденети.


http://www.vozi.com.mk/technika/bridgestone-vozi-so-guma-bez-vozduch.html


Odamna cekame vakva inovacija.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Bridgestone вози со гума без воздух
« Одговори #1 на: 13 Декември 2011, 12:49:52 pm »
Ova go ima uste od poodamna....  eve go na Michelin
« Последно менување: 14 Декември 2011, 11:59:18 am cuoresportivo166 »
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Bridgestone вози со гума без воздух
« Одговори #2 на: 14 Декември 2011, 03:40:04 am »
Ова само на 80ка висина на гума, баш ме интересира ова на 35 висина. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Bridgestone вози со гума без воздух
« Одговори #3 на: 14 Декември 2011, 10:14:27 am »
Интересно звучи. Потребна е ваква иновација..... исто какол и технологија и материјали за изработка на барем 50% полесни каросерии.