Автор Тема: Honda фаќа чекор со времето  (Прочитано 2826 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Honda фаќа чекор со времето
« на: 13 Декември 2011, 10:05:03 am »
По претставувањето на новата генерација на бензински мотори од фамилијата „Earth Dreams Technology”, Honda ја претставува и новата генерација на дизел коj ќе биде сериозен конкурент во Европа.



Дизелот од новата генерација е директен предизвик за европските производители најавува главниот инженер за развој на мотори на Honda, Џунџи Јамано, а пред се новиот дизел на нишан ги држи моторот 1.6 TDI на групацијата Volkswagen.

Моторот на Honda има зафатнина од 1.6 литри, директно вшприцување и трубо натполнење. Остварува моќност од 120 КС и максимален вртежен момент од 300 Nm, додека емисијата на јаглероден диоксид е пониска од 100 g/km.

Предноста што го краси моторот покрај современите технологии и начин на градба е ниската тежина од едвај 160 килограми кои го претвораат во најлесен мотор во категоријата дизели од 1.6 литри.

Создавањето на бисер од мотор е нормално за Honda. Инженерите сеуште не ги откриваат деталите за него, сепак Јамано е полн со оптимизам и верува дека неговиот тим создал нешто единствено.

„Ќе биде прекрасно чувство доколку успееме на нашите европски конкуренти да им приредиме неколку ноќи без сон. Јас верувам дека ќе биде така бидејќи направивме мотор кој по ништо не остапува од современите правци на градба на мотори и ги имплементира сите современи технологии,” изјавува Јамано.

Новиот мотор светската премиера ќе ја доживее следната година на есен на салонот во Париз, заедно со новиот Civic, a ќе се произведува во фабриката на Honda во Свиндон, Велика Британија.


http://www.vozi.com.mk/vesti/honda-so-nov-dizel.html

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #1 на: 13 Декември 2011, 10:11:13 am »
Daj boze! Toa im falese! ;)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #2 на: 13 Декември 2011, 10:14:11 am »
DTEC just kicked in YO!  ;D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #3 на: 13 Декември 2011, 10:26:42 am »
Mислам дека полека но сигурно ќе спремаат конкурент на најавените дизел-хибриди, а ако го воспостават тоа решение може да сметаат на уште еден муштерија! Особена за цената за која се продава Инсајт, како хибрид! :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #4 на: 13 Декември 2011, 10:39:42 am »
Штета што Хонда игра кампањски на пазарот во поглед на понуда. Не се константни. Имаат знаење, можност, квалитет, а се некако инертни се. Ако добро паметам првиот дизел го извадија пред некоја година, тој 2.2 ditd или како и да беше и одма лапнаа награда за најдобар мотор, нај „зелен“ и слично. МОжат, само треба да посакаат.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #5 на: 13 Декември 2011, 10:49:16 am »
Штета што Хонда игра кампањски на пазарот во поглед на понуда. Не се константни. Имаат знаење, можност, квалитет, а се некако инертни се. Ако добро паметам првиот дизел го извадија пред некоја година, тој 2.2 ditd или како и да беше и одма лапнаа награда за најдобар мотор, нај „зелен“ и слично. МОжат, само треба да посакаат.

Treba da mu se ukluci vtecot za da napravat nesto, inaku tromi se :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #6 на: 13 Декември 2011, 11:28:13 am »
i-CDTI беше дизелот на Хонда, па после го преименуваа во i-DTEC (колку што ми текнува).

Иначе да, редно беше малце да се раздвижат... Сеа уште у паралела да избацат модерна варијанта на 1.8 VTEC, и ќе бидам пуно среќен ::)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #7 на: 13 Декември 2011, 12:55:29 pm »
Све е ова ок, ама зашто не развијат нивен мотор...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #8 на: 13 Декември 2011, 12:57:03 pm »
Ај прочитај од почеток.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8870
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #9 на: 13 Декември 2011, 13:16:12 pm »
а цената на Хонда со новиов дизел ке биде еднаква со цена на возило од повисока класа дизел

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #10 на: 13 Декември 2011, 23:50:27 pm »
super......

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Honda фаќа чекор со времето
« Одговори #11 на: 19 Декември 2011, 10:59:50 am »
Not a valid youtube URL