Автор Тема: Совети при купување на половно возило за тотален почетник  (Прочитано 2011 пати)

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Воопшто не се разбирам од коли, ни малку. Какви совети би му дале на тотален почетник при купување на половна кола? На што треба да се внимава?

Освен да викаш мајстор или да ја носиш на сервис за проверка се разбира.

Пример да е мирна при работа во лер, да нема рѓа на колата, ако е бензин/плин при промена да не сецка или друго што?

Какви плацеви или коли да се избегаваат при купување? Пример ренталки коли да се избегаваат, коли возени како такси, нешто друго?

Ја знам темата https://forum.carclub.mk/index.php/topic,316.4965.html но преголема е веќе, а и ми се чини дека не е фокусирана на совети за почетници

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Јас би рекол 108/Ајго/C1/Up/Citigo/fiat500 некаде околу 3-6 години старо, и да има под 60.000 поминати. Тоа би гледал јас рецимо вака од прво. Тие коли со толку добри за во град, да е неописливо. Инаку би рекол дека аутоматик е пожелно, ама тоа е невозможно да се најде кај нас. Така да ќе мора да е мануал.

Колите се препрости механички, имаат огромни браници лесни за фарбање и менување.

Колите НЕ се наменети за употреба надвор од град. Ако возилото треба да излезе од град треба да се назначи појасно и да се гледа кола од типот на Фиеста/Ибица/Фокус/Корола исто од 2-6 години стари со максимум 80.000 поминати.

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Фала за советите - само да напоменам, јас сеуште не барам специфична кола за купување и не сум почетник во возење, возам веќе повеќе од 5 години, но не се разбирам од „мајсторскиот“ дел на колите, од механиката. Повеќе барав совети за како да забележам проблеми при купување на половно возило. Иако веќе претпоставувам кај 2-6 години стари коли не би требало да има проблеми.

Други работи што би можел да спомнам е да не се „затемнети“ некои црева и делови од моторот што би укажало дека тече улје некаде

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Има места кај што тоа го нудат како услуга: https://mkautoekspertiz.mk/

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Добредојде, @Lone

Не сум баш сигурен од само неколкуте одговори овде, па да прашам за да се осигурам прво...

Дали бараш автомобил што е од 2 - 6 години стар или тоа беше само како пример за нешто?

Затоа што ако потрагата е по 2 - 6 години старо возило, одговорите ќе бидат лесни и прецизни :)


Исто така, буџетот е голем фактор во твојата равенка.
Колку помал буџет - толку повеќе работи за посматрање, затоа што самото возило ќе биде постаро...

Впрочем, добро би било да се добие одговор и на двете прашања. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Убаво објаснил Дени. Тоа е тоа.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Јас не сум размислувал за кола од над 10.000€, посебно кога ножеше татко ми да ме финансира. Сега веќе по 2 години е сосема друго искуството, откако почнав да паркирам и во најтесни уличиња и се учев на големо возило.

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Ќе барам кола околу 5-6000еу. За таа цена повеќето коли се минимум 10 години стари. Колата би ми требала претежно за низ град, 70%, а 30% надвор од град. Над 130км/х нема да се вози колата. Убаво ќе биде да не се мачи на Плетвар.

Веќе има такви теми на форумов и ги разгледував па знам од прилика дека треба фиат пунто, форд фокус, цитроен Ц3/Ц4, јарис, сеат леон и нешто слично. Не ми треба сеуште специфично предлози за коли, има веќе такви теми. Само општо совети при купување ми треба

Од тоа до сега што гледав, е да избегавам дизел заради скапо одржување, поготово постари коли. Да се земе бензин/плин, и најверојатно над 1.0 мотор за да не се мачам на Плетвар?

Преферирам помала кола, но не е толку битен тој дел. Не ни ми е битен изглед на ентериер ни боја воопшто.

Значи пак да напоменам, не сум почетник возач и можам да возам секаква кола и рачен мењач, само ме интересираше на некои tips and tricks при купување коли. За тоа воопшто не се разбирам. Сега дури учам какви мотори постојат и читам низ форумов за разни проблеми со купени стари коли.

Што најчесто кријат и шминкаат плацевите, кои проблеми можат лесно да се приметат уште у старт при тест возење, и нешто слично за да не ме излаже некој :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
За на Плетвар би ти предложил нешто барем над 1.3 дизел или 1.4/1.5 бензин со соодветна снага спрема тежината на истото возило.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Ќе барам кола околу 5-6000еу. За таа цена повеќето коли се минимум 10 години стари. Колата би ми требала претежно за низ град, 70%, а 30% надвор од град. Над 130км/х нема да се вози колата. Убаво ќе биде да не се мачи на Плетвар.

Веќе има такви теми на форумов и ги разгледував па знам од прилика дека треба фиат пунто, форд фокус, цитроен Ц3/Ц4, јарис, сеат леон и нешто слично. Не ми треба сеуште специфично предлози за коли, има веќе такви теми. Само општо совети при купување ми треба

Од тоа до сега што гледав, е да избегавам дизел заради скапо одржување, поготово постари коли. Да се земе бензин/плин, и најверојатно над 1.0 мотор за да не се мачам на Плетвар?

Преферирам помала кола, но не е толку битен тој дел. Не ни ми е битен изглед на ентериер ни боја воопшто.

Значи пак да напоменам, не сум почетник возач и можам да возам секаква кола и рачен мењач, само ме интересираше на некои tips and tricks при купување коли. За тоа воопшто не се разбирам. Сега дури учам какви мотори постојат и читам низ форумов за разни проблеми со купени стари коли.

Што најчесто кријат и шминкаат плацевите, кои проблеми можат лесно да се приметат уште у старт при тест возење, и нешто слично за да не ме излаже некој :)
Отвори реклама 5 и напиши мида и mida. После напиши порше или porsche. И ќе излезат возила купени тука.

Не гледам поента од одење по "плац".

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
фала ви на сите за одговорите.

Има ли добри половни коли до 5-6000еур со автоматски менувач? Се што најдов по огласи се

Smart ForTwo - не сакам таква
Стари модели на Мерцедес, Ауди, БМВ, Опел од 1995-2003 година - тоа мислам дека е многу старо, не сакам да купам толку стара кола
Џипови и големи коли со 7 седишта - не сакам џип или караван


Има ли некоја 2008+ година на кола со автоматски менувач, нешто што не е од ова погоре? Не ми вреди толку автоматскиот менувач ако можам многу понова и подобра кола да земам со мануелен.
Не мора директни примери од огласи, доволно би ми било да ми посочите кои модели на коли се добри па ќе ги барам јас понатаму

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Ќе најдеш, ама ќе биде сигурно со некој слаб мотор...
Со оглед промените на цени последнава година, лани ќе најдеше нешто многу подобро во споредба со сега, но таа е реалноста.

Отвори Реклама5 и кога ќе зборуваш со продавачите, вклучи сензорот за лажачи на 10-ка, отприлика тоа е тоа...
Важно е и да ти се допадне автомобилот, џабе што ќе ти кажуваме кој производител. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17464
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Ја би одвоил време барем да го видам овој Меган во живо:

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4857681

Иначе како што побарав набрзина, француски возила ти исполнуваат критериуми, е сеа ти треба да си одлучиш дали сакаш француско возило.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Кај го ископа, море, чичин! :D

Баш гледав преска, не налетав на волку ново.

@Lone
Јави му се на овој, носете ја во https://mkautoekspertiz.mk/ :)
_Освен_ ако не ти се допаѓа, де...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5493
Овај мислам тукашен е од поодамна, чудна опрема има, се имам пред 5/6 години паркирано до него во Ск.  Не е 2013та сигурно не е ни 2012, на толку опрема чим нем екран е 2009-11, исто и тие автоматиците имат некој скапи зајеби шо коштаат колку пол кола,треба да се испита внимателно.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html