Вака да скратиме
Девојче, најсигурно е да избегнуваш коли кои гледаш дека се сомнителни.
Check Engine светело, немало гајле, до плинот било зато светело дрн дупки.
Најди си количе пред сè што е зачувано и гледаш дека го продаваат асални луѓе, а не шалабајзери.
Гледај да е со пет врати и клима. Тоа ти треба.
После тоа ги имаш дечките од МК Ауто Експерт, ќе ти ја прегледаат детално и ќе ти кажат што треба да се поправи дотолку можат.
Проблем со грешките е што некогаш многу се општи и самата дијагностика може толку да каже, мора да се отвори да се види.
Ако има check engine и е сериозен ќе покаже на повеќе места одстапувања не само на еден компонент.
Гледај бензин возило, со дизел можеш многу да се зезнеш.
Сепак на крај на денот се гледа што е зачувано нека и дизел.