Полека другари.
Некои од вас ми дадоа супер совети и предлози, фала.
Можеби очекувањата не ми се реални, немам искуство. Затоа барам совет, конструктивен. Мое мислење дека цените се превисоки за тоа што се нуди. Не барам јас Порше за 3000 еур.
Клиото беше топ, отишло одма. Тоа е тоа. Идеме даље.
Ќе ве молам само без препуцавање off topic ко сметки за режиски трошоци пошто не ми е поента да има што повеќе коментари на темава.
Како што кажа Томче не боли срце исто за кола од 3000 и 12000 еур (кои ги немам). Исто така немам ни гаражно место. Веројатноста дека може ќе ја изгребам и сама при паркирање/искачање е доста голема.
Би замолила доколку видите "саглам и солидно" количе да оставите линк до него.
Низ цела МК немам можност да шетам и да барам, затоа се ограничив на територија на Скопје. Толку ми се можностите.
Фала ви уште еднаш на помошта и разбирањето!