Автор Тема: Увоз на олдтајмер  (Прочитано 1003 пати)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
Увоз на олдтајмер
« на: 13 Ноември 2023, 11:43:49 am »
Дали некој има искуство со увоз на возило постаро од 35 години, дали знае која е точно процедурата и трошоците за добивање олдтајмер таблици?

Пробав да добијам некои информации, но не дојдов до ништо конкретно, па ме интересира искуство од некој што реално увезол олдтајмер, ако може да се најде таков :D
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Увоз на олдтајмер
« Одговори #1 на: 13 Ноември 2023, 12:00:30 pm »
Лина има увезувано неколку пати

https://www.facebook.com/lina.jovanovska

Ќе ти објасни се. Ако не се лажам и Струмичанка е, така шо ќе ти објасни уз кафе :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Увоз на олдтајмер
« Одговори #2 на: 13 Ноември 2023, 16:23:05 pm »
Не е лошо ако ги дознаете информациите за увоз на олдтајмер да ги пишете тука, и мене ме интересира темата. Веќе некои возила кои не може да се увезат пошто не исполнуваат „Еуро 4“ ќе може да се увезат како олдтајмери.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1384
Одг: Увоз на олдтајмер
« Одговори #3 на: 13 Ноември 2023, 19:20:06 pm »
190Е 2.5-16 е мојата желба. И јас сум некако заинтересиран за прашањево...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17464
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Увоз на олдтајмер
« Одговори #4 на: 13 Ноември 2023, 19:46:46 pm »
Еве, повелете:

Како е законпт за увоз на олдтајмери во Мк,царина,давачки и сл.?

Повели порака од една фејсбук група кај што пишал човеков кој веројатно го има јадено половиот орган за да помине низ овие препреки:

Цитат
Постапката за увоз е следна:

кога ќе дојде возилото на граничен премин за влез во Македонија, се испраќа до внатрешен терминал зависн од местото на живеење на купувачот и се остава во терминалот додека да се средат документите (тоа кај нас трае 1-2 месеци, јас завршив за 6 недели).

Доаѓа лице од технички преглед и подготвува документација која ја испраќа до Бирото за Метрологија, кои пак издаваат документ дека возилото е со историска вредност (тоаа потврда е со важност од 2 години и мора по две години повторно да се извади за да може да се регистрира).

Со таа потврда се носат документите во Царинската управа во Скопје, кои пак издаваат документ за ослободување од данок за моторни возила (еколошка такса), со тој документ и сите останати што ги имате одите во терминалот каде што ви е возилото, си плаќате ДДВ и го вадите возилото од терминал.

Потоа одие на технички го регистрирате, добивате таблица со зеленкасти бројки и со здравје да си го возите.

Така ќе го регистрирате и следната година без ништо дополнително да ви бараат, но за третата година, од техничкиот преглед повтроно ќе пратат документи до Бирото за метрологија кои ќе издадат документ дека возилото е со историска вредност и пак си го регистрирате.

Ограничување кога смее да се вози нема, и машински факултет нема никаква врска со увоз на олдтајмери.

Мене ми завршија работа од МГ Ауто Инспект доо Тетово.



Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
Одг: Увоз на олдтајмер
« Одговори #5 на: 13 Ноември 2023, 20:10:13 pm »
Одлична информација од Мартин, не ми беше јасен делот со данокот на моторни возила, затоа што во случај на увоз на олдтајмер тој е прилично значајна ставка (мислам дека сметаат 400г/км ЦО2 по највисоката цена за грам).

Најдов правилник за ослободување од ДМВ за олдтајмери, но на царина ми кажаа донеси ја колата, ке си платиш се шо следува, а ова ослободување било само за некои возила кои веќе имаат странски сертификат за олдтајмер.

Да ми стои 2 месеца колата на терминал во Струмица секако не ми е проблем, давајте понуди за Alfa 1750 GT Veloce од странство 😀
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3432
Одг: Увоз на олдтајмер
« Одговори #6 на: 13 Ноември 2023, 21:01:52 pm »
Ама зошто ја смени колата сега 🤣
Јас би те советувал да се јавиш во МГ Ауто инспект, во Скопје имаат канцеларија во поранешно Здружение на возачи во К.Вода.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
Одг: Увоз на олдтајмер
« Одговори #8 на: 13 Ноември 2023, 21:45:15 pm »
Ама зошто ја смени колата сега 🤣
Јас би те советувал да се јавиш во МГ Ауто инспект, во Скопје имаат канцеларија во поранешно Здружение на возачи во К.Вода.
Ако е бал нека е маскенбал 😀

Иначе најдов во Грција Fiat 128 Sport, чекам да решат да го продаваат 😀 Хрватскиот е дефинитивно проблематичен затоа шо нема фабрички мотор.

давајте понуди за Alfa 1750 GT Veloce од странство 😀

Е, оваа ме бендиса:
https://www.autoscout24.com/offers/alfa-romeo-gt-1750-gt-veloce-gasoline-grey-b94920a7-677d-4837-87d0-70c055ae0cab?sort=price&desc=1&lastSeenGuidPresent=true&cldtidx=116&position=116&search_id=f099jt31xo&source_otp=t10&source=listpage_search-results&order_bucket=unknown 

Па и да ми стават данок за ЦО2 нема да ми е голема ставка на оваа. Среќа у несреќа.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Увоз на олдтајмер
« Одговори #9 на: 14 Ноември 2023, 01:08:48 am »
Види во повеќето земји автоматски се добива статус на историско возило во однос на годините.

Се ослободуваат од доста давачки и ограничувања.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5492
Увоз на олдтајмер
« Одговори #10 на: 14 Ноември 2023, 09:43:26 am »
Офтопик, да не има контакт од Џеј Лено некој? Гледам има хенд мејд возила во колекцијата, имам да му понудам едно шо го нема.
Аран нема сигурно, шо документи требаат за извоз на Аран, или спаѓа во алат ? :D


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6144
Одг: Увоз на олдтајмер
« Одговори #11 на: 14 Ноември 2023, 10:21:51 am »
Офтопик, да не има контакт од Џеј Лено некој? Гледам има хенд мејд возила во колекцијата, имам да му понудам едно шо го нема.
Аран нема сигурно, шо документи требаат за извоз на Аран, или спаѓа во алат ? :D


Sent from my iPhone using Tapatalk

Имаш ПП.