ПРЕЗАДОВОЛЕН

Со оглед на тоа дека нит ја мазам нит ја пазам нешто многу, зошто намената и е таква и секаков терен гледа сум задоволен ептен. Премногу е практична во смисла на одлагање дрангулии, товарење, итн. (не може со Туранот, ама тука е).
Она што највеќе ми прави мерак е тишината, до 150кмч е штама во кола, дури језа да те фати.
Она што највеќе ми смета е еластичноста на моторот, 1.5 турбо бензин веќе не би купил, мораш ептен да го завртиш за да земе замав, пример на угорница ако се спремам да заобиколам префрлам на рачно и го држам во вртежи. Далеку од тоа дека моторот нема сила и слично, си повлекува, ама мене ми фали.
За споредба рентав пред 1 месец во Германија 2.0ТСИ Голф 8 караван, катапулт наспроти 1.5.
Заклучокот е дека ќе останам верен на групацијата најверојатно ама со 2.0ТСИ или 2.0ТДИ, макар и по цена на тишината.