Автор Тема: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8  (Прочитано 3278 пати)

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1480
Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« на: 31 Октомври 2023, 12:43:15 pm »
Пазаров е малку чуден во моментов, сите нови коли се се поскапи и поскапи, а старите се очекува да се се поевтини и поевтини.
Па ме интересира ваше мислење која би била пазарна вредност на следново возило:

Шевролет спарк 0.8
2005та година
200к км
3ти газди, неувезено ;D
возилото е генерално во добра состојба, со ситни каросериски забелешки
регистрирано до јануари 2024
поседува атестиран плински уред со боца на местото на резервно тркало
Од опрема има :
клима
електрика на предни стакла
серво
и тоа ;D
дополнително има 4 летни и 4 зимски гуми (и 2та сета мислам се дот 2019та) и доста солидна шара, тигар се 2 та сета ако не се лажам.
за жал цркна акумулаторт и тоа под гаранција - кој како референца ќе кажам е платен 2400 ден
фали радио, имаше кинеско ама цркна и остана така од тогаш без радио.

огласите се разгледани, и цените се движат од ~1200 до околу 2200 а има и некои по 3000 евра  ;D

Бујрум.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен bobi2006

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #1 на: 31 Октомври 2023, 13:13:56 pm »
Детално си го опишал ама стави и некоја слика од внатрешност, надворешност...можеби тука на форумов ќе го продадеш.

Sent from my M2101K6G using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #2 на: 31 Октомври 2023, 13:19:09 pm »
Tи ако не знаеш да си ја процениш вредноста на своето возило, од текст напишан ние уште помалку.  ;D

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #3 на: 31 Октомври 2023, 13:23:38 pm »
Кога прашував цена за делови, за спарк. Цепки беше. Џабрлак.
Така да, ефтино количе за експлоатација и пренос од една до друга точка.

Пробај со 2к евра за старт.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #4 на: 31 Октомври 2023, 13:26:41 pm »
Јас би играл на картата видливите ситници да ги замаскираш колку што е можно повеќе. Ако нема акумулатор стави некој стар колку да има. Ако нема радио стави некое ефтино колку да има. Ако има некои ситни каросериски забелешки најди некој ефтин лимар нека ги замаскира. Многу полесно ќе го продадеш.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #5 на: 31 Октомври 2023, 13:27:49 pm »
Spark не се исплаќа да се маскира. Каков е таков е. Цена реална од тапка 1000 евра до 1500 за зачуван примерок.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1480
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #6 на: 31 Октомври 2023, 13:35:10 pm »
Tи ако не знаеш да си ја процениш вредноста на своето возило, од текст напишан ние уште помалку.  ;D

Знам јас да го проценам, ама нели на купец му е многу, на продавач му е малку ;D
па сакав да чујам повеќе мислења затоа и ја отворив темава
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #7 на: 31 Октомври 2023, 14:03:34 pm »
Ги има најбитните работи од опрема што треба да ги има еден Спарк.

Огласи го меѓу најскапите, очекувај ценкање и прифаќање нијанса пониска цена.

Радио ќе најдеш на оглас за 500 денари, акумулаторот ќе си го смениш под гаранција, тоа секако.

Обавезно добри фотографии кои:

- не се сликани на директно сонце
- колата е испрана и избришана, не влажна ко таксист што продава кола

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #8 на: 31 Октомври 2023, 14:38:07 pm »
Јас би играл на картата видливите ситници да ги замаскираш колку што е можно повеќе. Ако нема акумулатор стави некој стар колку да има. Ако нема радио стави некое ефтино колку да има. Ако има некои ситни каросериски забелешки најди некој ефтин лимар нека ги замаскира. Многу полесно ќе го продадеш.

Ептен добар совет, затоа никогаш нема да купам кола од МК. Замачкај и продај, заеби го купувачот.

Или напрај ја саглам и барај си соодветно на тоа или не ја чепкај и истакни ги видливо сите недостатоци, не замаскирај и лажи.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #9 на: 31 Октомври 2023, 14:40:20 pm »
Среди ја, ама не претерувај, па да бидиш уште толку во минус.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #10 на: 31 Октомври 2023, 18:52:59 pm »
Спарковите генерално се добри и издржливи и кај нас километражите им се движат од 50.000-150.000км за некое средно годиште од 2006-2008мо годиште.
Со оглед на тоа дека е солидно возило и оригиналните делови му се ефтини, некој што сака возило за низ град па и пошироко што малце троши, ефтино се сервисира и ефтино се регистрира, си држи цена.

Твоето би рекол максимум 1500 евра, пошто има понови, помалку извозени и веројатно позачувани за околу 2000 евра.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #11 на: 31 Октомври 2023, 19:05:17 pm »
Пушти некоја слика.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #12 на: 01 Ноември 2023, 10:35:29 am »
Јас би играл на картата видливите ситници да ги замаскираш колку што е можно повеќе. Ако нема акумулатор стави некој стар колку да има. Ако нема радио стави некое ефтино колку да има. Ако има некои ситни каросериски забелешки најди некој ефтин лимар нека ги замаскира. Многу полесно ќе го продадеш.

Ептен добар совет, затоа никогаш нема да купам кола од МК. Замачкај и продај, заеби го купувачот.

Или напрај ја саглам и барај си соодветно на тоа или не ја чепкај и истакни ги видливо сите недостатоци, не замаскирај и лажи.

А каде во свет колите за продажба минуваат низ фул сервис па се продаваат?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #13 на: 01 Ноември 2023, 10:38:48 am »
Кај мене и моите родители.
Мерцедес А класа фул сервисиран без маана 1500€, а дадени се 3к+.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Проценка на возило - Шевролет спарк 0.8
« Одговори #14 на: 01 Ноември 2023, 10:42:13 am »
Успат и нови гуми од премиум бренд да не им давате гратис летни и зимни и пакет од вози премум европа за цела година и парфјумите од Bri4ka?