Kaj imat taka ? Kolku se tie so 60kkm?
Еве Симо доле даде одговор
Фала богу дека се поскапи мн колите со малце км, ама уште во старт кој купува треба да си реши тоа.
Секако дека не носат, затоа што наш народ нема да купи кола со реални 100.000 за 15.000, кога има со нереални 170.000 за 7.600
Значи тешко нешто со 100 000 реални од увоз.
Ги има со лопата да ги ринеш. Најчесто преку програмите за користени возила на прозиводителите се. Наместо го само searchot на мобиле така и ги дава само тие.
зошто би продал кола со 100.000 реални?
Купуваш на 50-60ккм, ја возиш до 100ккм, ја продаваш приближно колку што си ја купил и ја менуваш за понова со 50-60ккм со минимална или без доплата. Реално многу по исплатливо одколку да ја возиш до 300ккм и да и го гледаш гревот и да даваш големи пари за одржување кој што идат со километражата.
Тоа да купиш со 50000и да извадиш приближно иста цена на 100000 само во случај за една година да се направи километражата.
Да не ги мешаме задњиве инфлаторни години.
Па ако ја увезеш сам колата тоа е математиката искрено, ќе ја продадеш по иста или по нешто пониска сума од тоа што си ја увезол додека тука трговците секако ставаат солидни маржи на увезените возила и ќе му дое исто на крајната сума. Него му се ќар парите, тебе ќе ти е тоа да возиш понова кола.
Сепак како што кажа и тој процес треба да е 2-3 год макс и тоа колата да е релативно понова година, и секако да ти се замара со тоа. Има луѓе што воопшто не им е колата апсолутно никаков фактор у животот и сигурно не би се замарале со тоа.
Трговциве ставаат тука по 10-15% маржа на поскапите коли и над 20/30% на поефтините коли и тое повеќето од колите им се купени која испаднала со највеќе км на огласи и по најефтина цена, таа се купила.