Се надевам нема да му смета на колегата ако пишам. Не продавам, сега само што зедов млад рој, имам и неколку кошници/стапици со стари рамки, стари сандуци поставено на рандом места, може ќе се улови нешто. Мачкам со маточина на неколку дена,засега ништо, чекам есенцијално масло од Тему па ќе пробам со него.
Ме интересира ако има некој да сподели линк од литература или Јутуб што му се нашол корисен во пчеларство како за почетник.
Знам дека има илјадници, ама сите си тераат по свое, пре би да читам/ гледам нешто по препорака, да не залауфам со грешна/непотребна литература.

