Кога е сезона, генерално кај нас почнува турбо околу Велигден, треба да се иде секоја недела се до средина на Јули. Зависи што има во околина за собирање мед. Кај мене конкретно има багрем и чалија, ја сум на 600м и таму е поладно и почнува покасно сезоната 2 недели од да кажеме Скопје каде е многу потопло.
Пред тоа таму од Март/Април кога ке се стопли се почнува малце по малце, на 2-3 недели со прегледи и пратење на состојбата и се спремаат за паша, зависи што имаш кај тебе.
Во Август кога ке се извади медот, се третираат против крлежи и тоа се прави на 3-4 дена, 5-6 пати.
Зимно време нема работа, некој ги рани и третира екстра, ама тоа зависи кој метод се користи.
Али не е само да ги посетуваш, има доста работа и спремање во опрема.
У секој случај не ти се исплати со неколку кошници, за парите и времето што ке го вложиш, подобри купи си една кофа 20кг мед и терај цела година. Ако ти е блиско местото, од хоби/разонода да тепаш време интересно е.