Автор Тема: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание  (Прочитано 16815 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1638
Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #30 на: 03 Октомври 2023, 19:15:28 pm »
.
« Последно менување: 03 Октомври 2023, 19:47:50 pm Bravo »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6765
  • French diamond
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #31 на: 03 Октомври 2023, 19:52:38 pm »
А што треба да има на тјунинг кар шоу ? Голф 5 и 6 на раткапни или Бмв 320д стандард? Нормално дека треба да има коли што турираат, па и да има место за урлање на страна и некоја трка, тоа се подразбира под шоу, за да гледате коли паркирани одете на било кој паркинг.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2121
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #32 на: 03 Октомври 2023, 20:03:12 pm »
Безбедност за посетителите и за изложените коли пред се. Сум одел на вакви собири и буквално на секој еден исто сценарио. Тркање по пат, палење гуми над масло прегорено и шо уште не.

Да паркирани коли сакам да видам ко на саем изложени со листа на модификации.

Сакам и драг трка да гледам а то да не е на пато за Лагово.

Во главно одат за курчење. Многу ретко да има некоја организација прописна.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5537
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #33 на: 03 Октомври 2023, 20:05:19 pm »
Минатата година имаше исклучување на е30ка.
Друго палење на гуми не видов. Имаше културно сработени калибри, мустанзи, олдтајмери, хонди итн.
Единствено една корса б со карклуб стикер ми одеше на живци. Со скинат ауспух се натпреваруваше со некое бмв во гласност.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5537
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #34 на: 10 Октомври 2023, 09:19:44 am »
Уште 1 ден до настанот.
Ве очекуваме сите.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5537
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #35 на: 11 Октомври 2023, 12:09:15 pm »
На собиров не може да се влезе од коли  ;D
Лош ми е интернетов, подоцна ќе објавам слики, видеа и снимка со дрон(ако успее денес да се обработи).
Ако има некој од Карклуб на собиров може да ми пише.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6765
  • French diamond
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #36 на: 11 Октомври 2023, 14:05:18 pm »
Нив барај ги на друг собир, градинарски некој  ;D Добро не сите, ама 90% од членовите

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5537
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #37 на: 11 Октомври 2023, 15:54:14 pm »
2ч. се чекаше за влез...
Годинава има рекорден број на возила. Сепак си фатив ВИП место  ;D
*Се извинувам за прелошиот handshake во видеото.*
https://youtube.com/shorts/cNY2NilISAY?feature=shared

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5537
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #38 на: 11 Октомври 2023, 18:24:08 pm »
Годинава си заминав разочаран. Во комисија деца помали од мене. Ниеден не помина да ги разгледа колите. До мене имаше јако колиште - F10ка 535D со 420кс и 750нм. Е сега малку лошо му ја сработиле мапата, ама најверојатно е до ламбда сондата (правел декат после ремап и втората ламбда сонда мери грешни вредности, треба lambda off).
Човекот си замина разочаран, а и голем број учесници од цела Македонија. 80% од наградите ги зедоја спонзорите.
Може едно рекламче за Енди, навистина заслужи.
https://instagram.com/carswithendi?igshid=NjIwNzIyMDk2Mg==

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 855
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #39 на: 11 Октомври 2023, 19:00:34 pm »
Стварно огромен број на возила, темно зелениот Мустанг според мене беше ѕвезда на шоуто, ептен беше скоцкан. Само можеби требало да се најде друга локација, тука ептен беше кнап оти и многу возила беа.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #40 на: 11 Октомври 2023, 22:05:26 pm »
Не те видов никаде нестор.. бев и јас денеска и прилично ужасно..
Прво цел настан е TUNING CAR SHOW а колите 70% беа фабрички само бандажи сменето.. Пуштаат внатре све и свашта буквално некомпетенти за никоја класа...

Како второ организацијата катастрофа, 2 сати чекавме да влезиме, одкако влеговме некои дечиња пуштени како редари не знаеа кај тераат, оди ваму оди таму на крај не заглавија за да до 18ч не можиме да излезиме.. (додуша сите беа заглавени зошто кога сигурно има друго место во прилеп кај што можи секој да излези кога ќе посака)..

Трето, другар се имаше пријавено за озвучување, никој не појде ни да му мери ни ништо.. Одпосле разбрав дека озвучувањето го мереле самите луѓе со слух а не со некаков апарат (фонометар или што и да е)..

Четврто категориите се без врска.. уште по без врска се доделувањата на наградите... Најдобра реставрација доделуваат на фичо направено за трки.. Најдобар врап доделуваат на е90 со обична розева фолија..Најдобар ентериер доделуваат на фичо внатре црвена кожа претапацирано.. Топ 15 да не ги коментирам..

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17418
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #41 на: 11 Октомври 2023, 22:16:28 pm »
Друже, на пехарот за најдобра реставрација буквално пишуваше BEST RESTAVRATION...

Јас до денешен ден не ги разбрав луѓето што реставираат, модифицираат, тјунираат или што год и да прават на своето возило - и се пријавуваат на натпревари некој рандом дојден од улица да им го оценува трудот со месеци и години што го вложувале.

Мене не ми е јасно, а на таквите им посакувам само да се свестат и да уживаат во колите. Ако сакате да ги покажете, пријавете ги на изложба без оценки и пехари и курчеви карики.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5537
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #42 на: 11 Октомври 2023, 22:16:49 pm »
Јас не ни чекав за наградите. Инаку бев до BMW-ињата јас паркиран од Кичево и Куманово, до мене имаше Опел Зафира 2.0 турбо црна прилепска веднаш до штандот, зад мене астра г 2.0 турбо сина скопска.
Дечиштата мене најмногу ме изнервираа. Не дојде никој да ги погледне колите, а награди му дадоа на еден од Витаминка(нели се спонзори), другиот беше во комисија, третиот беше на другар од спонзорот Клима Фолија Мартин и така натака. Тие награди кога ги видов го испратив Кумановецот со ремапираната Ф10ка и си заминав. Местото намерно го одбрав за да може без чекање да заминам.
В година гарантирам дека ни половина од учесниците нема да се појават. Човекот идел од Куманово за никој да не му ја погледне колата освен јас. Таму многу поубаво ќе си поминел.
Повеќе на ниеден собир организиран од Мацко и Марјан не се појавувам, а ни околината моја. Убава порака им испративме до главните организатори.
Жалам за парите што ги дадов, а најмногу за тоа што изгубив 7 часа.
А за пехарите и натписите да не правиме муабет, се познава уште по позадината на организаторите. Девојчето не знаеше некои најосновни имиња да ги прочита - ЛиквиД Моли. Толку.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2987
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #43 на: 11 Октомври 2023, 22:30:51 pm »

А зошто ја носиш твојата 100% сток кола на изложба?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5537
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Tuning Car Show Prilep - јубилејно 15 годишно издание
« Одговори #44 на: 11 Октомври 2023, 22:34:33 pm »
За дружба.
А и мислам дека е најдобро реставрирана до штрафче од сите астри кои беа на изложбата. Кога може да има форд ка сток може да има и астра. Таа до мене велешката беше сток.
Со добоши, без електрика на стакла, ретровизори, без шибер, итн.